Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.105
    Пол:
    Женски
    И да сакаш не можеш да успориш, можеш да оспориш само:!:
    Јас не пишував за професија доктор конкретно зборував за хипотетичка ситуација со полицаецот, по форуми кој што е по професија и како ја обавува многу не си земам при срце, таа нека си мисли кои и се последиците од несовесно вршење на должност. Еве ако ти сметаш дека згрешила што пишала на темава и се огрешила според професијата што ја работи побарај судски налог нека и откријат идентитет и пријавија во лекарска комора:D Некогаш многу лично си земате се од форумов, еве може се огрешила што пишала во темава, подобро следен пат @Среќа да напишеш во таа без цитирање и сите раат.
    Толку од мене, дека вака до утре сабајле може да се успорува работава во темава со пишување оф топици;)
     
    На buba4e89 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  2. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    1.641
    Мислам дека нема врска со професијата, ова што и реплицираа. И обичен чистач да напишеше нешто дека помогнал, ќе му контрираа со истиот жар. Форумите најчесто се места каде што во одредени теми, одредени личности си го билдаат егото. Мислејќи дека со омаловажување на некој друг и со паметување, ќе бидат забележани од останатите членови. И тоа не е случај само на овој форум, на сите форуми од кои сум бил дел била истата приказна. И секогаш одбираат личности на кои можат да им направат да се чувствуваат непријатно. И во право си на темава може да се дискутира од секаков можен аспект и во неограничен временски период.
     
    На Waverly Raven, MeowMeow, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    А забрането ли е да го мисли тоа за себе?
    Забрането ли е да види дали тоа го исполнува или не?

    Претерувате…
     
    На Waverly Raven, MeowMeow, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто толку злоба кон мене. Воопшто не ми беше целта да се фалам туку со тоа да потсетам некои луѓе и тие да направат нешто слично секој колку може. На сите животот ни е помалку или повеќе тежок и кога ти е најтешко да не заборавиш да бидеш добар. На некој и еден збор и една прегратка може да му го спаси животот.
    На форумов сепак има добри луѓе кои ми помогнале и мене со самото тоа што ме ислушале. И ние повозрасните тука треба да бидеме пример за помладите.
    И на крај, животот е доволно тежок и не мора да се шири негативна енергија и тука на форумов туку ова да ни биде место од каде ќе научиме нешто повеќе, ќе се консултираме, ќе си се исплачеме, ќе си кажеме што ни тежи на душата...
     
    На Brinetka, Waverly Raven, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.173
    Пол:
    Женски
    Na krajot na denot, milo mi e shto te znam....dobra nok milo moe
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.190
    Допаѓања:
    132.292
    Пол:
    Женски
    @kolovoz
    Јас не гледам проблем во мислењево.Вели „се надевам“,не вели „очекувам“.
    Да пишеше „спасив пациентка,па играв лото и очекувам да ми се падне 7-ца“ :D,ќе ти ја разберев реакцијата.
     
    На Brinetka, Waverly Raven, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    5.834
    Пол:
    Женски
    Бев на роденден на блиски луѓе, нивното девојче наполни 13г. Си прославила претходно со нејзините другарки, се е тоа во ред, но едно нешто не ми се допаѓа. Обула штикли, да, ниски, но сепак штикли и имаше направено нокти со гел(не долги). Јас на мое дете тоа не би му го дозволила, се знае уредни, чисти, нокти и балеринки или патики на нозе. Зошто родителите ги туркаат предвреме да пораснат и им угодуваат вака на децата, не знам. Да ги оставиме да бидат деца, зашто секако ќе бидат возрасни понатаму.
     
    На Brinetka, Ivka~, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.231
    Допаѓања:
    17.684
    Пол:
    Женски
    Претеризам, знам дека 21 век ама што гледаат децава тоа прават, а родителите тоа го дозволуваат. Пример им се пинковите ѕвездички Мартија и Антонија и тие на 13, 14 години истото го презентираа на инстаграм.
     
    На Brinetka, Ivka~, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    5.834
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да им се правдаш, кој те сфати те сфати, кој не негов проблем. Поз
     
    На buba4e89, cresa-jagoda и steela.honey им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.732
    Допаѓања:
    193.009
    Шознам, некоја христијанска енкодирана парадигма, прави добро за да ти биде вратено добро или не му прави на друг, она што не сакаш да ти го прават, или како веќе беше:smirk:..Само филозофирам, нема врска со остатокот од муабетот за доктори, цајкани и политичари:wasntme:
    Е сега дали она што мислиш дека е добро, стварно е добро е предмет на некое друго сдк...факт ит, и патот до пеколот е поплочен со добри намери:doh:

    СДК филозофија во 2 ноќе на трезно е многу тешка дисциплина :drunk:
     
    На theowndemon и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  11. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.672
    Пол:
    Женски
    Даа :inlove:
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Нека не ве чуди,тука и танги носат на плажа, кратки панталони со пола гз надвор.
     
    На злоба, Ivka~, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.272
    Допаѓања:
    176.729
    Пол:
    Женски
    Па мани две и почни да филозофираш не на трезно. :D Ќе те дружам.

    Муабетот дека ако те плаќат не е доволно "добро" или искрено ми е мех. Нешто добро е добро дури и да избериш да го работиш ко професија и да си платен за то. Луѓе сме и мора да живејме од нешто оти такви општества градиме. :D

    Али то јас шо пишев е од друг аспект. Ако знајме дека има рај и се добро шо прајме е за да одиме таму - дали намерите ни се валкани? Ако прајме добро и надежта не е дека то едино ќе усреќи некој друг туку се надеваме дека ќе ни се врати - дали намерите ни се валкани? Ова шо го пишав првично не е ни поврзано со членката, ами инспирирано од неа и зато не ја ни цитирав. Имав другарка ваква и на неа ми текна. :D
    • "Значи добар чоек сум, зошто мене не ми се случват добри работи"
    • "Ѝ напрајв добро, баш да видам дали ќе врати со добро"
    • "Еве напрајв добро, да ми се врати"
    • "Не е фер, треба јас! Јас прам добро!"
    • "Не е фер та да биди! Не е ни добар чоек ко мене, оти та да биди"
    But honey, it doesn't work like that. Скроз можиш да верваш дека треба или убо би било да се врати дали од Бог или од човек на кој се прај добро but you're setting yourself up for failure пошто можи другата страна да нема такви намери. Девојчево вистина праеше добро ама се јадеше после секој пат, и ме јадеше мене де. И нејзиното добро е добро несомнено, ама колку е искрено дека сакала да помогни, а колку е правено за награда? На крај на ден нема врска, добро е добро. Ама мислењето на членката дефинитивно ме потсети на девојчево, се во флешбек ми врати и ми текна сите пати ко гледав низ неа за муабетиве.

    Не велам ни јас дека сум искрено добра и дека работите шо ги прам се искрени. Јас се шо прам сметам дека е себично и го прам за сопствен мир. И то ми личи на "корумпирани" цели и причини.

    Зато и пишав, мислам гласно. И дефинитивно уште подалеку се оди во темава ама нема смисла. Оти можи да е вака, така и онака ама на крај на ден пак е добро напраено и то е важно.
    Зато и првично сакав да го остам на реченица- две.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.732
    Допаѓања:
    193.009
    Шознам, јас верувам дека можеш да се трудиш да правиш добро џаст фор јорселф, без ,,валкани,, намери. И убедена сум дека е тоа подобрата опција отколку опцијата - да му умре козата на комшијата:?:. Не знам, уште не сум начисто, дали е научено однесување да бидеме добри или како такви се раѓаме, па светот не расипува. Знаеш како децата се раѓаат искрени па научуваат да лажат и да бидат лажно љубезни, јер општествено прифатливо...
    Сеуште филозофија и сеуште на трезно:D... Ај ќе контемплирам на темава, може ќе се вратам со заклучоци :bandit:
     
    На Idedemja и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  15. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    1.641
    Сметам дека опкружувањето има најголемо влијание врз градењето на карактерот. Контрадикторно е дали некој е добар или лош, за некого ќе бидеш лош додека за друг ќе бидеш добар. Се зависи од перцепцијата на човекот. Според мене најдобро е да бидеш задоволен со себе и да си најдобар за себе. Сам да не си наштетуваш со непромислени одлуки. Децата се како пластелин односно глина, која се обликува низ целиот живот.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Која е поентата на бутициве што објавуваат облека а не пишуваат цена или пишале цена во порака, сега јас за секое парче ќе пишувам порака за која е цената, многу глупаво искрено:x
     
    На Brinetka, eliesaab, Hellobeautiful и 9 други им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    63.697
    Пол:
    Женски
    Идам прееска у бус, со едно око уште спијам, Понеделнички тамам. И почнав да си блеам ко гуска, во еден момент се зачитав во плакатот кај што пишуваше забрането без маска во автобус, а тоа ми се прочита забранет абортус. У истата секунда ваљда уз некоја црква пројдовме и гледам луѓе околу мене се крстат.

    Каков мајндфак од 2 секунди ми се задеси, како у блек мирор да сум се осетив.

    Битно ќе станев да се тепам, како тоа смее пропаганда за забранет абортус да се тера по автобуси. Еден ден да не сте ми во мозоков, коа ќе видите што све има страв ќе ве фати.

    Ај да допивам кафе и да си удрам 3/4 шамари, цел ден ко заспана сум.
     
    На smooch, Brinetka, Lella и 17 други им се допаѓа ова.
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    11.868
    Пол:
    Женски
    Има толку луѓе што лошо на друг посакуваат и пак ќе се запните за тој што себеси добро си посакува. :D
     
    На hermosa, cresa-jagoda, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    Воопшто не е забрането. Но мене не ми би било пријатно доколку мојот доктор кога ќе ми даде упат за да испитам крв, на моето фала ми рече со добро да ми се враќа. Наместо да ми рече тоа ми е работа. Па дури и да не ми го рече тоа, само да го помисли, повторно би чувствувала нелагодност. Некако ми доаѓа како на мојата (болест) потреба за лекување нејзе да и се враќа со добро.
    @nextredstyle без разлика дали се работи за надеж или очекување, јас го размислувам истото. Едноставно верувам во добрина која не е платена. Пример ми треба крв, и господинот што се пријавил за дарување ми бара да платам, за мене тоа не е добро, особено ако немам пари да платам.
    @¯\_(ツ)_/¯ Многу ти е тежок никот неможев да те тагнам. Многу брзаш со заклучоците кој каков човек е. Лошо е кога донесуваш заклучоци (психолошки профил) за личноста а си само еден месец на форумот. Моето его е доволно големо и е поткрепено со долгогодишно образование и искуство. Немам потреба од негово билдање по форуми.
    @Idedemja ти благодарам за поправката, навистина направив утка со употребата на погрешен збор.
    @Среќа се извинувам што моето мислење го сметаш за злобно. Ако прочиташ низ моите мислења ќе видиш дека индиректно ти кажав дека јас за тебе ќе сметам дека си успешен доктор а не доктор кој ми направил добро. Едноставно јас не видов добро, видов докторка која го применува своето знаење.
     
    Последна измена: 9 август 2021
    На Traveler91 и mira.mira им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Никој доктор тоа нема да ти каже,членката си кажа за себе. Ти го правиш како да ти го кажала очи во очи. Мислам…

    Друго, паметен човек и за 1 ден на форумов може да стекне мислење за некого по мислењата. Членката не кажа за да те навреди туку ја опиша реалната слика на еден форум.
     
    На Idedemja и Guns N` Roses им се допаѓа ова.