Ништо понапорно од втор ден менструација и болки на 40 степени, па колку се тушираш уште повеќе потиш.
Јеааа дожд. Дебатирам со една личност за интервјуа за работа и временски услови. Пример, тука врне и грми. А јас имам интервју 19ч. Е сега особава ми вели дека без разлика на се, интервјуто требало да се одржи, а јас се контрам. А, да да маваат громови јас ќе скокам од вир во вир. Пример, немам кола и? Пример, немам пари за такси и? Или ова ќе е најјачи остају. Ма, немој. Е затоа не идеме у Еу. Што мислите вие?
Обожавам дожд. Како да ми ја мие душава од сите тежини и маки. Интервјуто сигурно нема да се одржува надвор без чадори, а и да се случи на отворено па што. Можеби ќе се случи љубов.
Сепак подобро е што нема да одиш бидејќи секако кога ќе има дожд сека и громови нема ни на работа да одиш.
Освен ако е некое невреме со град, ветер силен, поплави... Во спротивно би отишла, ако нешто стварно сакам дожд нема да ме спречи, освен ако не е огромна бура па да биде опасно по живот, во тој случај би се јавила и би замолила за друг ден дали може. Не сакам да коментирам туѓи џебови воопшто ама би дала и последни пари за такси, па некаде ќе чекам да преврне или не знам.... Еу ми нема врска со ова, можеби газдата и условите ќе бидат топ. Што мислиш за тоа?
Баба ми викаше :"не прашувај некој дали можи, туку само дали сака. Ако сака се можи!". Години поминаа, години ја нема баба ми, а оваа реченица никогаш повистинита од сега, никогаш пореална и поприсутна. Има луѓе што доаѓаат во нашиот живот само за да ни ја потврдат очигледно......
Сдк 1 гледање Спанџ боб ми е хоби по полноќ. Сдк 2 на работа ми е пренапорно, а воопшто и не спијам доволно, кратко спијам, не си го осеќам телото одморено. Сдк 3 деновиве поминувам повеќе време со мајка ми, на одмор е и гледам дека и годи што секој ден по два саати барем шетаме и нешто правиме. Сдк4 мислам дека треба да престанам да седам до разденување.
Ако не знаеш да ја допреш жена до душата, па потоа со рака, ништо не си направил. Жените сакаат и дрско и фино и грубо и нежно. As a woman myself, знам како да ги допрам на секаков начин. Колку и да сум дрска и груба, токсична и никаква, секогаш ми се враќаат и тоа со поголема страст од претходно.
Мислиш во ЕУ кога грми откажуваат интервјуа? Многу погрешно размислувње, временски услови се временски услови, обврски се обврски. Освен ако не е прогласена кризна состојба, лошото време не смее да афектира работни обврски, не се работи за кафе со другарки па ај ќе откажам пошто грми. Ако беше така тогаш кога грми треба се да се затвори и сите дома да седат.
Јас мислам да излезеш од Мкд да прошеташ во Еу. Во Еу идеме на работа и поплавени до колена. И кога трчаш ко балерина по вирчиња. Сосема нормално си тече се.