Ne te baknuvam jas tebe duso, se baknuvam i tesam sebe si, oti se vidov sebe vo tebe. Onaa shto me napusti, vesela i bezgrizna, so lesnotija vo dusata. Zatoa ne baknuvam nikoj drug, duso moja. Ne si moj, a ne si svesen kolku me lepis, kolku parce po parce lepis, mozebi ne sakas, ama me lepis. Na krajot od moeto crnilo te ima tebe, i mozam da izdrzam. Na krajot od solzi te, pak te ima tebe. Na krajot od nedelata iskinata, pak te ima. Tamu se krpam, so tvoite baknezi i pregratki. Koj ke me krpi koga ke te nemam? Samo spomenite
Од ништо не ми паѓа толку мака како кога гледам паметни, убави, амбициозни и културни девојки во врска со тешки сељачишта. Жими се прегрдо ми е коа ќе ги видам како заради нивни фрагилни ега, невоспитаност и несигурност во себеси ги третираат. И никогаш нема да сфатам како ги сакаат, како не им зоврива секоја клетка од телото кога се така третирани. Жално.
Замолувам некој паметен и доста упатен нека напише еден долг пост со сите факти и митови за тоа како се слабее, јаде правилно и вежба и да биде пинувано најгоре во темите за фитнес и диети со големи задебелени букви, once and for all. Више ми се вари мозоков до максимум одново и одново кога гледам дека куп луѓе тука и сегде истите грешки ги прават и се апла неедуцирани иако пред нос ќе им ставиш што и како треба.
Една работа што ми се допаѓа, иако касни кај нас и е сеуште присутна тек-тук е ултра тесните панталони/фармерки што беа во мода кај мажите. Не знам зошто уште некои го фураат овој тренд, поготово на жешково. Од каде ти се ј*јцата стиснати како во менгеме, па уште и како во фурна ти се. Ајде следно уште мокасинките да ги искорениме.
Јадам сладолед со бадеми и од аголот на фотелјата го фаќам најубавото зајдисонце што сум го видела од којзнае кога. Комшијата пак е надуван и слуша реге на максимум, а јас кимам со глава во ритамот на музиката. И некако, животот е океј.
Еден добронамерен совет: Ако гледате некој да е среќен и возбуден за нешто, а не афектира никого негативно, не му се серете како тоа не било ништо битно, било глупост или слично. Едно од најнеубавите чувства е кога споделиш нешто со некој што ти значи, а за возврат добиваш исмевање. Уште полошо кога си мислела дека и другата личност ќе се интересира знаејќи ја. Не мора да глумиш дека те интересира, ама не мора ни арогантен да си. Размисли 2 секунди пред да лупниш глупост.
Читајќи коментари низ темана свекрвите и и снааите сфатив колку љубов им фали на мнозинството луѓе. Каков чуден ладнокрвен живот полн со драми живеат, дир џизс лорд. Енивеј, мене многу ме нервира кога некој кажува очигледни работи. Као на пример, не знам... "тоа не може да се стави таму, ќе падне, бидејќи е криво", а ти веќе одамна бараш друго место за ставање зошто сите заедно одамна сте установиле дека таму е криво и не може да се стави тоа таму. Исто ко да сте седеле заедно под стреа додека врнело и после дождот да каже "надвор е мокро затоа што врнеше дожд". Јесте, токму така. А уште повеќе ме нервира кога е специфично упатено кон тебе, пример, земаш чинија да миеш, само што не си ја ставил под плаз, ти велат "измиј го тоа, да не седи во мијалник". Као, да, фала што ми кажа, еве иако тоа го правам, можда ќе се подзамислев дали да го направам секунда пред да ја потопам чинијата под млаз. Ја не знам што особина е тоа, кој нагон е во прашање. Ама па ко ќе размислам подобро, сето тоа е добар тест за мојот стоицизам. Bring it on.
Денот комплетно почна вака: - Будење во 5:20 како искубана мачка - Гледање во огледало 1мин со фаца Wtf? - Спремање храна,комплетно барање ќеса, вадење чевли. - Тоалет Ох…well. - Опа, друштво имам. Се бркаме пола минута и оп моја си, гуд флај ин heaven. - 5:45 I am ready to left my flats. - 5:50 Wait for me buss, барам по џебови и си велам”Чекај бе па ја ставив у џеб,каде е по ѓаволите маската?” - 5:56 Кревам раменици во бус без маска не можам. - 5:57 Трчање до дома мислиш бик ме брка. Таа таму не е, ок зимај друга. - 06:04 Конечно во буссс Боже, па јас пингвин не сум, фрижидер внатре. - 6:50 Дефинитивно на работа. …..нешто подоцна…. Барав цигара и ми дадоа запалка и запалката ја загубив Погледнав во тел и сфатив дека е ПЕТОК 13ти. Ф*к.
За машко само плаво се купувало, се знаело која е машка боја. Мало мац. Пола и повеќе од работите што си ги избрав да му ги купат на сине како поклон се жолти, црвени и портокалови. Чекам да ме нападнат сите баби, тетки, комшики шо не треба ич уво да ги боли шо ќе носи син ми. Ако сакам целиот во розево ќе го облечам, и шо? Зашо па женските да можат да ги носат сите бои, а машките не?
Ви текнува на Убава... веројатно. Ќе ви раскажам сега за една друга Убава. Оваа до душа ја вика Различна, ама па убава поубаво звучи. Не е долго, ама е едноставно. Додека тој се враќаше од Северот на Европа, пазете романтика - со својот метален коњ, оваа убава ја запросија под сводот на млечниот пат и огномет од ѕвезден дожд, очи во очи со морето. Тој се враќаше за да се обиде да ја врати, зошто по години разделба, би рекла и деценија - не ја преболе. Никогаш. Ама сериозно се врати со намера да ја викне на вечера и да направи обид. Се јави, вика еве пијам пиво, завршена приказна, видов, ја запросил. Како прав детектив, аха, еве ја оваа Убава... складен пар, таа изгледа среќно, вереникот како да доаѓа од некоја нордиска земја, има пријатна надворешност, како беше безобразно секси, а прекрасно грубо. Немав што да кажам... оде и оваа Убава по патот на своите соништа, кој знае што посакуваше таа ноќ. Храброст луѓе...не залажувања. Некогаш е доцна...Луѓето растат, се менуваат и надраснуваат луѓе... Прекрасни сме и кога не сме, само кога сме целосно препуштени на животот. Кога и на 50 години имаме музика низ ушите. Претажно е да сме затворени во стравовите на своите емоции. Треба да е се сега и овде, за било што, освен ако сакаме да исплукаме нешто лошо од себе. Имам уште една ваква реална приказна, но таа за друг пат.
Купив еден парфем од DM, кој воопшто не беше скап. Се напрскав вчера сабајле и сѐ уште мирисам на тој парфем.
Значи, најиритирачки момент ми е кога од вчера ќе се договараме за излегување и ете денес само што ми се јавија да излезам у 9. Прво, цел ден чекав. Второ, си го имам испланирано денот. Трето, маса не се резервира у 5 до 12. Четврто, мене не ми е галје ако некој не сакал да иде во вмровски кафиќи. Петто, вчера ми беше too much peopleing па уште денес со, истите, no thanks.
Мислам дека нема појако чувство од тоа кога цел одмор си го поминал chill , никој не те знае кај си бил (нити се потрудил да те побара), си ставил 0 слики на социјални мрежи од истиот и се појавуваш во друштво и сите се: "wow не знаев дека од тераса се фаќа ваков тен" . Мхм важи. Време е да се направи чистка од овие "пријатели".
Веќе подолг период како немам мотивација да правам ништо. Работа дома и толку само лежење, за други активности енергија јок. Само што слушав еден подкаст па малце ми ги отвори очите. Темата беше мрзеливост и енергија, она што моментално ми недостига. Имено, се зборуваше дека, доколку сме на вистинскиот пат со тоа што го правиме универзумот ќе ни дава постојано енергија за да ги правиме работите што треба, но доколку не сме во alignment ќе немаме енергија за ништо. Имав слична случка со предходната работа, не можев никако да се навикнам највеќе со работната атмосфера што беше токсична, цело време велев ќе напуштам. На крај кога дојде датото за јас да дадам отказ они ми дадоа. После тоа како нов човек да бев. Вежбање, дружење, здрава исхрана, сопствена работа, енергија до плафон. Доаѓа другиот дел кај што повторно почнувам со работа, јас енергија повторно немам никаква. Уште од самиот старт пак сакав да напуштам, ама ете останав само за да добијам искуство од оваа област. Не дека е лошо на работа има и убави моменти што ме исполнуваат, ама само за тој ден. Останатато време мех, како без живот. Што мислите вие има ли некоја врска тоа дека ако ги правиме работите што треба дека константно ќе добиваме енергија за да продолжиме? Исто секое искуство е добродојдено
Станува збор за монотоност по ова што може да го прочитам. Едноставно таа те убива и те изморила до степен да немаш мотивација. Мој совет е да се обидуваш секој ден да вклучуваш нова активност, која сметаш дека ќе те ослободи од таа монотоност. Може да биде и некоја активност која порано си обожавала да ја правиш, но поради недостаток на слободно време си прекинала. Може тоа за почеток да биде некоја банална и едноставна активност за која не е потребно многу слободно време. Сметам дека со правење на едни исти работи секој ден, ние ја губиме енергијата, желбата и мотивацијата. Додека доколку направиме мала промена , во помала мера ќе губиме енергија додека новите активности ќе ни помогнат да ја зголемиме таа енергија. Бидејќи кога правиме нешто што сакаме, се активираат оние хормони на пример како што е хормонот на среќа од кои ја црпиме таа енергија.