Не ни сакам да знаат затоа не ни кажав. Кажав на тие што ме бараат, тие што ти се блиски, што ги засегаш ќе те побараат, ќе се заинтересираат кај си, шо си, нема да вртат само за кафе и тоа кога немаат со кој друг само. Не е муабетот за тенот ич ама океј нормално дека ќе се зафатите за најнебитното од постот .. duhh
Абе кај сум јас за надвор, седи бе дома и не се брукај. Значи на прав пат, во сред преполн ресторан, се испружив колку што сум долга и широка. И тоа го фатив за рака мажот на золва ми, арно и он не се струполи ама џабе...пак паднав.... После подвиткај опашка и оди до маса додека сите те гледаат Среќа бебево маж ми го носеше, инаку...
Во 12 и 16 минути ми текна на мирисот на ранецот полн книги и спикана неизедена ужинка. Ах... времиња. Ко ќе ми текне па моите што пари давале за тие ужинки неизедени. Баба ми ќе ме пречека од школо и одма вири во ранецот и врти на работа кај мајка ми - пак не јадела ништо во школо. А сега ми вика, еее што си се здебелила бабе волку... ами живот.
Сакам барем на еден саат да престанам да мислам. Мозкот ми работи 24/7. Дури и кога спијам, нема ноќ да не сонувам и да не се сеќавам на сонот. I'm exhausted.
Значи стварно има машки што не знаат да се понашат два реда муабет не знаат да сврзат УЖАСНО Мислат дека се јаки фаци ако потценуваат други за да се истакнат самите , не дечко мизерен си , најмизерен,премизерен...срам ми е што сум почнала да правам муабет со тебе
Имено, жената е пензионерка, соседка и вчера ни раскажува:-На долниот спрат бев, а внучето ( со посебни потреби) се качило во спалната(која е на трети спрат) и седнало на прозорецот на кој биле дигнати ролетните. Срце ми застана, некако без глас го тргнав од таму. И вели: - Ова му го кажувам на внукот-момче на 20 г. и тој ми вели: - Бабо, па тогаш и ти веднаш треба да се фрлиш од прозорецот, по него, не чекај. Колку треба да бидеш суров да и го кажеш тоа на сопствената баба, онаа која те чувала како мал и се жртвувала за тебе?! Зар не сфаќа дека тоа ја повредило, навредило, зар не ја разбира тежината на зборовите? Жената не може да ја заборави случкава, иако мајка им ја кренала ролетната, па ниту таа ниту бабата немаат вина. Едноставно, момент на невнимание е тоа, кој не одгледувал и чувал мали деца не знае. Не треба вака да им се товари вина, грижа на совест на најмилите, никој не посакува лошо на своите деца и внуци.
Сакам да дојде некоја постара верзија од мене и да ми каже да не се секирам и дека се ќе биде во ред.
Јас и тој во просторијата сами. Силна меѓусебна хемија, мигови на огромна привлечност, копнеж во погледот твој... Нема ниту игра на зборови повеќе, ниту површен флерт и шеретски насмевки... Се е кристално јасно, останува да лебди само мојата неодлучност која како снегулка се топи од допирот твој, исчезнува како лист однесен од виорот на страста. Да, страст која пламти и гори заканувајќи му се на разумот мој, победувајќи го моето расудување. Да, сакаш да ме бакнеш, да бидам твоја, сега, веднаш, а и јас истото го посакувам, дури и повеќе. Нашите срца се поврзани во нескротлива љубовна жед, додека мојот ум ја избира дистанцата од тебе. Сега стоиме одвоено, ти поразен и разочаран, јас ликувам. Се радувам што не си го погазив своето јас, својот морал и чест. Се прашувам пак:згрешив ли?! Згрешив ли што не ти се препуштив, што не си го дозволив ова уживање и задоволство?