Го знаете она чувство кога после напорен ден конечно ке се приберете дома?Ке ги одморите сиротите нозе кои цел ден биле во стоечка положба трчајќи ваму-таму.Ех,јас сум моментално во тој фазон,конечно една добра релаксација после вкусниот ручек на мама и чоколадните наполитанки.Сепак ми е затнат носот и грлото ме боли како отров да имам на него.Ама сепак тоа не ми е единствениот умор.Психата ми ја измалтретираа овие себичњаците-љутките.Абе некоја ситница си направил и они одма ке ти се скараат а, што кога тие ке го сторат тоа?Ништо.Таква им е расата-никаква.Бесцелни луѓе,само можат да наштетуваат на другите.Себичњаци.И љубоморни се.Ајде бе,има ли надеж за човечноста? Mood: Seriosly ?
Што се нема да видам? Човек во маркет влегува со куче... Па ајде! Добро, чувај ти куче и шетај го, но сигурно можеш пред да влезеш во продавница да го заврзаш надвор. Колку ќе ми беше мило кучето да извршеше нужда во продавницата.
Готово, како личност со многу цврст карактер и „со многу трпение“ си дадов рок сама на себе дека нема да му се јавам до 21 февруари. Тоа се 10 дена од сега, и плус уште 5 од претходно= 15 :geek: ...Машала, многу некако. Ама ај што е тоа за мене... Ова трпениево што го имам.....Сум се ојачала играјќи Fluppy bird сигурно, high score ми е 53 Толку сум се нервирала,трпела и чекала..што се за мене 15 дена, глупости. Инаку дечко ми штотуку ме информираше дека ќе го шишале келав, бидејќи изгубил кладба со колега од работа. Многу се откачени значи. Јас му велам немој,за некоја недела со моите ќе треба да се запознаеш, па ќе помислат некој мафијаш сум фатила (се шегувам де ), но џабе зборењето... Кладба си било кладба. А времево денес- ПРЕКРАСНО Денес колку сум пешачела вие да знаетее Не се сеќавам кога последен пат сум поминала толку многу пеш. Ајде доста мелам. Одам да учам логика сега, бидејќи доколку поминам уште малку време пред компјутер, логично дека нема да добијам 5ка на тестот. Шта чеш.. Останете ми поздравени и имајте убав ден!
Поглупи девојки од оние кои копираат твитови и ги ставаат како статуси на фб и при тоа не потенцираат дека не се нивни, не постојат. Не дека е врвно автентично творешство, ама бедно е да се китиш со туѓа духовитост.
Не сум се удавила уште Ама веќе ми е страв дека почнувам да се прилагодувам, кај и да е ќе добијам ципести стапала На озбилна страна, зборот на улица е, на радио де, дека до вечер ќе ставиле внимание да се евакуираме сите и од нашиот пат. Каде бе да се евакуирам кога сегде е исто, ненормален народ? На втори спрат најверојатно мислат Досадно е, како не. Веќе не е ни смешно. Колата си ја искршив биколејки ѓолови цел месец и више, ако нема ѓолови останале дупки дека од водата попуштил асфалтот. Кружи вицов по социјалните мрежи. In England we used to drive on the left side of the road. Now we drive on what is left of the road Нека дојдат час да викат ајде излегувајте, не мрдам. Ако не потопи нас ќе потопи и со мене и без мене тука. Јааа не сум будала сама да одам, вака ако се деси, може ќе ми пратат некоја разбацотина од пожарникар да ме земе на рамо од дома
Моментот кога си искоментирал на некоја статија на Фемина за изгледот на некои ангели на Викторија Сикрет ама онака најобјективно и ете се појавува некоја гуска со она фамозното: "Кога ти ке изгледаш како нив, јави ми се." Мислам, сериозно?! А од каде ти тоа знаеш кој се крие зад напишаното, м? Ке искоментираш објективно на нешто и одма љубоморен им си на "ангеливе". Не секој што коментира негативно на нивните слики, е некој што цел ден лежи в кревет и јади чипс и мрсна храна. Има и такви кои доста време посветуваат на одржување на телото. Јас не велам не, има преубави меѓу нив, пример ке ги земам Кендис и Роузи итн итн..ама ако на некоја и се ковчести нозете, нормално дека ке прокоментирам за тоа. И не, не целам кон тоа да имам соленки наместо нозе, целам кон тоа да имам убаво обликувани нозе со вежбање, а не со изгладнување. Одма со навреди да се почнувало. Али тоа ти е македонски менталитет. Кажал некој нешто било убаво и сите овци по него. мхм yeah sure. Ако така ви е полесно на душичката, why not. И така јас најсериозно и се понудив на типката да и пуштам слика од мене, чисто за да ја спуштам тро на земја.
И на крајот на краиштата не е битно со кого спиеш, со кого се будиш, со кого излегуваш, со кого разговараш 24 часа, за кого се дотеруваш, со кого се држиш за рака, пред кого глумиш, кого заведуваш...Единствено битно нешто е на кого помислуваш кога ќе видиш празно место..кој требаше да биде тука а не е..Не со кој те гледаат другите туку со кој се гледаш ти....
Денес ми беше добро денче Со другарка ми се шетавме низ град. Си купив пиши бриши. Влегувам во продавница: Имате од оние табличките пиши-бриши? Има. За машко или за девојче? Паа.. за девојче Море мераци. Кога бев мало ми купија такво и ми беше многу интересно. Всушност и за ова има замена на интернет. Sketchtoy И така ви викам сега си црткам се’ и сешто. Разни-безобразни, што би рекла професорката по историја Море се загледав во еден автобус јас така одејќи, и се сопнав, на прав пат. Пези! После се изнасмеав така јако, безвезе, вештачки. Бев и во Диор, само сакав да разгледам, оваа продавачкава кога ми се нафрли ко бизон. - Шо ќе ти треба? - Разгледувам. - Шо разгледуваш? Да дадам нешто? Абре жено, влегов онака, само колку да видам. Лакови. - и’ викам. Ми ги зареди, овој ваков, оној онков, овој ти е убав, јас си го земав вчера, пу, пу прекрасен е. Ќерка ми вика, мамо мори, што убав лак имаш од кај си го зема? Ти добра форма имаш, овој ќе ти стои. Кога се нави, ко музичка кутија. И ај земав еден ефтин, да не излезам некоја смотана. Су јадев и пуканки, па еклер и тулумба и фанта, а на фискалната пишуваше кока кола и тоа 35 ден. Која логика кога на амбмалажата пишува 25. И’ реков на жената, ама вика 35 е тука. И што им можеш? Будали! Не ми е за 10тте денари, ама не можам едноставно да поднесам толкава алчност. Инаку пиши-бришито ми е во форма на жаба, зелено е целото. Поздравче!
Кажете ми кој дел од модерново другарство го пропуштам, зашто озбилно ќе лепам шамари кога ќе слушнам како другарки меѓусебно се ословуваат. Од кога блискоста се искажува со зборови ко ку*во и глупачо? И дали дома по мајките така викате? Ихаа, зинала сестра, чиниш магарето од планина си го довикува да побрза. Луѓе бре, па мене ми е незгодно кога ги слушам како крвнички и потценувачки се дерат, чиниш од Ѓоко Танески сета сила ја собрале. Сељаци од типот на Жаре Бербер, Латас и Боки 13 би се гордееле со вас.
Балкан .Oва не го велам да ти контрам Eлена,туку за да нагласам дека и кучињата и сите животни имаат право на слобода,или убаво е да ги врзуваме зашто сме им господари?После зошто не нé примаат во Еу,е зошто де Kога ќе биде нормално и кај нас да ги третираме милениците како живи нормални суштества,ни Eу нема да ни биде рамна
Колку беше убаво времево надвор,само за шетање е,а веќе почнаа со тестови и испрашувања овие професориве,да се седи дома по цел ден и да се учи.
Сакам да кажам... Дефинитивно бројот на мислења во СП треба да се ограничи, како и бројот на членови кои ги поздравуваш. Не може секој ден по три пати дваесет члена да поздравам... Сите знаеме поради која причина ја посетуваме темата... ЅВЕЗДИЧКИ!!! Нормално, сакаш да му се заблагодариш на член-два-пет, ама НЕ секој ден и НЕ на цела армија!!! Спојлер намерно не пишав во категоријата за форумот, туку овде, за повеќе луѓе да прочитаат
Уште нерасонета станувам сабајле за в училиште.Мојот најголем проблем што многу е тешко да се расонам.Па ни кафе не помага тука.И така јас со моите прантави нозе се симнувам по скалите во зградата и излегувам надвор.Гледајќи со полу суштени капаци тргнав накај школо.Од еднашка од зад мене излета една гулабица.Памет ми извади,за 3 дена ме расони.Ама една така убава,со бели пердуви и понеколку сивки.Штета што го навредуваат животинчево со оваа крекалницата Гулабица.И така кога одлета гулабчето неколку метри пред мене слета.И јас и се доближувам,незнам со која цел,знаев дека никогаш птица неможам да фатам.И таа ме гледа право во очи и ми врти газ.Ај да одлетеше ама она газ ми врти И јас така навредена од навредата одма да ја фатам па да ви кажам право и искинав пердув,за малку.Па ова надуената кога одлета чур нигде да ја нема.Она газ ке ми врти!Е нема! бај д веј. Гулапче(МОРЕЕ ГУЛАБИШТЕ) ако го читаш ова се надевам ке ти се фати совеста за тоа што ми го стори и утре во исто време ке дојдеш на исто место да ми се извиниш! Не те сака, Срцката28.
Денес една личност ме праша дали сум задоволна од животот. Реков да. Се плашев да дискутирам на таа тема, па затоа дадов толку краток одговор. Сега си размислувам и сфаќам дека ми фали нешто ама не знам што. Време е пак да почнам да пишувам дневник. Кога ги пишуваш работите на хартија полесно доаѓаш од решението. Ветувам дека уште од вечер ќе почнам. Шоља чај, дневник, ќебе и спремна сум! :3
Денес сфатив колку сум ја заебала оваа сесија. На толку учење, разочарана сум од самата себе. Не знам што ми се случува. Ова не сум јас. Никогаш не сум имала проблеми со учењето, а сега? И тие предмети што ги положив колку да се каже оти се поминати. Ке ме паса Ќе треба уште од наредната недела да почнам со учење...