Зошто едноставно некои луѓе кога ќе им продадете рака и им помагате, ви завиваат нож во грб? Ќе ми кажете другарки, мугарки, ма никој. Гледај дено поубав да си го напрајш, да помогниш на фамилија колку можиш, на кој било начин, за друг не вреди. По втор пат си ги фаќам другарките како се кријат од мене нешто. Јас често им праќам на нет, смешки, нз што, да одржам другарство некое. А,мене ама баш никој не ме праша со што и како се борам. Но, јас сум си виновна. И барам каде сум им згрешила за да се поправам. И сфатив, дека најчесто ако не им одиш по гзот се лутат. Значи секогаш мора да биде тој ден во толку саат до толку. Обврски, дете, маж. Ама не разбирам насекое да се оди по барања на една личност. 7 Нема потреба беее, се гледа, а и инстаграмо ве издава. Премногу очекувања, не. Излегов.
Аххх колку освежува копчето „игнорирај“ на форумов... не знам што чекав до сега да се ослободам од токсини
Не е чудно... тажно е. Шубо да беше обратно чувството! Замисли! *Се извинувам за песимизмот Ќ'ом ќе си плачам во ќошот. Сама.
Имаш право, може да се рече дека е тажно. Но, да погледнеме од друга перспектива. Ова ни служи како мотивација да „крадеме“ повеќе време со вистинските луѓе. Затоа што никогаш не е доволно
По некреативен никнејм не сум можела да ставам на форумов. Имав 14-15год, мислев дека е кул , ајде ми се проштева.
Сакам да постојат арни луѓе,арни нормални луѓе. Ама прц нема,све “паметни”. Боже симни се и собери ги вересиите.
Колку би сакала да имам личност со која би можела да споделам апсолутно се, се што ме мачи, боли, вознемирува, па макар била и анонимна,без да наидам на осуда, критика, потсмев, озборување. Таква немам...