Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.118
    Пол:
    Женски
    Пристигнале 149 патници од Авганистан…вест на годината.
    Македонија е инаку ако не сте знаеле црвен крст земја. (facepalm)
     
    На LejlaD, edna_malecka, Brinetka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Ena16

    Ena16 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Денеска од личност која не ми е толку блиска слушнав "што си успеала ти во животот, само едно дете што си родила". Се скршив.
     
    На LejlaD, edna_malecka и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    1.642
    Не се оптеретувај и не им се замарај. Такви луѓе има на секој чекор.
     
    На LejlaD и Ena16 им се допаѓа ова.
  4. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Систер ми фалиш, бројам минути да те видам и да те гушнам. Што се враќаш дома жива и здрава. :l:
     
    На LejlaD и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.236
    Допаѓања:
    17.873
    Пол:
    Машки
    Колку е само во право Божо :D

    --------------------------------------------------
    Прваче на времето:

    - Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот...
    - Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал
    - Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си
    - Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е
    - Толку!

    Прваче не толку порано:

    - Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката “Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час
    - Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери
    - Албум на Фејсбук “ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО ❤ ❤ ❤” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо
    - Нема само туркање вода... Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон

    Корона прваче:
    - Цел ден гледа “Пепа пиг” и “Бејби шарк” на Јутуб на мобилен додека татко му се расправа на Фејсбук дека онлајн не смеат децата да учат зато шо ќе немаат интеракција. Последен пат имал интеракција ко ја скрши малиот ногата па овој му викаше “Па ќор си, пичка ти мајчина, гледај кај одиш”.
    - Ќе касни еден месец, шо не е страшно во држава шо касни 114 години на светот
    - Мајката бара уникатна маска за да биде најубаво сонценце на свет. Од Али Експрес. Маската, не сонценцето
    --------------------------------------------------

    Максиминимилијан Лео :rofl:
     
    На MeowMeow, Cka, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Будалче! :hug:
    Шо не ја отера у триста лепе?
     
    На LejlaD, GrimTheReaper, edna_malecka и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Нов ден, нов месец, нов почеток.... Со лесно нека е. Со убаво изненадување почна. Ако според утрото денот се познава ова ќе биде одличен ден.
     
    На LejlaD, Brinetka, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    63.697
    Пол:
    Женски
    1 Септември е доволно убав и адекватен ден за да го исфрлите сето непотребно ѓубре од животот. Не ви треба.
     
    На LejlaD, TeodoraMJ, edna_malecka и 13 други им се допаѓа ова.
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Има ли поносталгичен ден од 1 Септември?;(
    Кога веќе не го слушаш првото ѕвонче, знаеш дека си подостарел:rofl:
    Ехх безгрижни времиња .. кај сте сега?:?:
     
    На LejlaD, edna_malecka, Brinetka и 8 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Are human specimens included in this seasons clean up? :angel:
     
    На LejlaD и KateKane им се допаѓа ова.
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    44.401
    Пол:
    Женски
    По социјалниве мрежи гледам еуфорични луѓе ги испраќаат првачињата на првиот училишен ден, кратки видеа по интернетов и вести за некои настани/активности, во продавнициве куп тетратки, пенкала, разни ранци, возбудени деца и нема многу, со оглед на ситуацијата.

    А мене ми буди само стари спомени кога се тресев од трема пред секој нов училишен ден оти не знаев што ме чека, основно ми беше мал пекол кон крајот поради булингот. И ниту еден друг убав ден, убава училишна приредба или петка нема да го засени ова, едноставно никако не бледее.
    Вчера имав таков чуден флеш бек кога случајно вртејќи се назад во продавницата го видов училишниот прибор. А секако верувам и дека не сум единствена со вакви мисли.
    Чудна работа како овие негативни искуства се памтат со толку свежи, интензивни емоции за разлика од другите.

    Кога бев дете немаше некоја голема фешта кога тргнав на училиште, но секако дека постарите беа возбудени. Каде без туркање чаша вода на прагот и благослов од баба. :lol:

    Секој со своето во врска со фештиве, океј, ова навестува голем почеток и промена во животот на едно дете, но ќе ми беше мило ако малку повеќе се обрнеше внимание и на булингот в училиште наместо само да се турка под тепих овој вечен проблем и да си замолчуван дури и од страна на наставниот кадар.
    Барем во мое време беше вака, а не дека и сега гледам било какви нешта да се преземаат за да се подигне свест за ова.
    Сепак, ќе имам надеж во помлади е генерации и се надевам дека колку-толку ќе се искорени ова, иако не може во целост.
     
    На LejlaD, edna_malecka, Izaabella и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    58.643
    Пол:
    Женски
    Ах, првиот училишен ден, се сеќавам кога тргнав прваче пред добри 17 години. Знам дека бев возбудена иако отприлика знаев што ме чека бидејќи претходно одевме една година забавиште. Немаше фешти и кај мене, знам само дека ме слика татко ми заедно со мајка ми за рака пред да тргнам, со оние апарати со кои треба филм да развиеш за да ја видиш сликата. :lol: Косата исшишана ко печурка и нови алишта.
    Немам убави спомени од прво одделение бидејќи ме седнаа до дете кое ми вршеше булинг, и физички и психички. Бегав од нашколо и моите едвај сфатија за каков проблем се работи оти не кажував. Па ме преместија со друг ученик. Убаво беше сѐ до седмо и осмо одделение кога истиов ученик со уште еден друг пак ми вршеа булинг, ама сеа само психички. А, и во меѓувреме едно дете од погорните одделенија ме натепа (just because he could), тоа го памтам како некни да беше. :|

    Средно ми беше подобро, релативно мирно, немаше од никого такви испади како во основно. За тој период осеќам повеќе носталгија, иако се разидовме по различни патишта со тогашните пријатели.
    Покрај сѐ сепак ме фаќа носталгија за први септември. Посакувам да ги имам тие обврски со одење на училиште и учење повторно. Посакувам да учам различни предмети пак, бидејќи ден денес не пронајдов само едно нешто што ме интересира, развлечена сум на различни страни. :smirk:

    Среќен почеток на оние кои почнуваат со школо денес, уживајте и направете спомени на кои со насмевка ќе се сеќавате. :l: И никако да не премолчувате булинг, ни врз вас ни врз некој друг. Последиците се трајни, trust me.

    Инаку, видов на фејсбук слики од една школска од основно како нејзиното дете веќе тргнува како прваче. :tmi:
    Нека му е со среќа ама ептен стара се почувствував. :rofl:
     
    На LejlaD, edna_malecka, smooch и 15 други им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.240
    Колку и да не ја сакам есента, сепак го сакам септември затоа што секогаш ме потсетува на нов почеток. И е идеално време за остварување на соништата :inlove:

    П.С. Малку се шокирав кога сфатив дека мојот прв училишен ден беше пред цели... 22 години :tmi:
     
    На LejlaD, edna_malecka, Anie93 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    17.248
    И повторно откачувам на муабети од типот.. ' и ти ќе бидеш мајка, и ти ќе бидеш виновна за се', да си знаеш уште отсега ' во една фамилија Жената крепи, мажот носи, а жената е таа која што треба да среди, зготви и сл'
    ' Прифати ги фактите или ќе страдаш'
    ' Детето е лошо на мајката'

    ДОБРО КОЈ ВЕК СМЕ?

    АЛООО, зошто жената не стапне на нозе цврсто и каже НЕ на ваквите тврдења од 10 век.

    Боже, малди мајки со какви размислувања
     
    На LejlaD, Miss666, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    5.834
    Пол:
    Женски
    Се ме боли, ах таа проклета болест, заради неа се вакцинирав и сега трпи, е па трпи... Кога ли чумава ќе ја наречам минато?!
     
  16. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.310
    Пол:
    Женски
    Толку само ми е досаден животот, ми изгледа како халуцинација.
    Едноставно се осеќам изгубено и испаничено, толку многу хобија, работа, школо и зафатеност, и сепак се осеќам како да не постојам.
    Колку само мразам што пораснав изолирана, сега комуникациските способности и самодовербата ми се сведени на нула.
    Единствено што навистина ме загрижува е како ќе го поминам остатокот на животот, како што сум вака социјално закржлавена.
    А да се соочувам со лажни фаци повторно, не доаѓа у предвид.
    Е*aте и пластичните лица и срца - такозвани другари.
     
    На злоба, Hellobeautiful, WarriorAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.191
    Допаѓања:
    132.304
    Пол:
    Женски
    Први септември,за едни радост,за други убави спомени,а за трети кошмари.
    Јас сум од третиве.Ми беше неподносливо и во основно и во средно.
    Ми требаше време да закрепнам.
    Сега сум посилна и знам кој и што вреди повеќе за мене. 8)


    #неимдозволувајтедавескршат
     
    На MeowMeow, LejlaD, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  18. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Си го продавам бубрегот за 100 евра. ;(
    ** Ми требаат за саемот на книгата. ;(;(;(
     
    На Izaabella, Angie1432 и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    16.375
    Пол:
    Женски
    Почна омилениот период од годината за мене, есен те чекам!:l:
    Менување на работно место од утре... Малце ми е трема, уште од вчера пред спиење си ги раскажувам воведните зборови со учениците. Не знам кој ќе биде повеќе уплашен јас или они:sweat:
    Ајде нека ми е со среќа, возбудена сум како јас да почнувам со учење:rofl:
    И уште нешто... Малце сфатив дека немам многу проблеми. значи кога ќе се случи нешто полошо си викаш ќути добро било.
    :rock:
     
    На cresa-jagoda, Billy Idol, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    5.185
    Пол:
    Женски
    @Indiegurl и јас сметам за себе дека пораснав социјално изолирана...не дека не се дружев со деца ама се соочив со bullying, лицемерие, завист, се по ред уште рано во детството. Точно е дека ова остави трага врз мене.
    Но, сакам да ти дадам надеж и утеха дека со работа на себе и кога ќе отидеш на работа кај што има ок луѓе, ќе си развиеш вештини за комуникација, ќе оставиш убав впечаток и ќе ти расте самодовербата. Ќе бидеш во ситуации каде што за да постигнеш нешто ќе бидеш принудена да комуницираш, да контактираш луѓе кои што можеби и не те знаат ама сепак ќе ти завршат работа, или ќе ти помогнат во заедничкото работење. Ова ни најмалку не е лесно, ама после секоја ваква мала победа самодовербата ќе ти расте, верувај ми за ова. Од лично искуство знам дека сум многу поразлична и многу напреднав отколку пред неколку години кога ги имав истите мисли дека нема да можам да го направам тоа. На крај испадна дека не сите луѓе се такви како тие што сум ги запознала рано во детството.
    За секоја ваква случка запишувај си како листа на мали победи во животот, убави нешта што ќе ти ги каже некој и ќе те пофали, и кога ти се вртат вакви мисли прочитај си ги пошто сигурна сум дека ќе имаш многу убави моменти наспроти малку ама неубави. И поради тоа што мозокот ќе се фокусира на таа една критика што ни ја упатил некој, прочитај си ги сите убави што ти ги кажале.
    Се надевам за некое време кога ќе погледнеш назад ќе видиш дека многу си напреднала. Има и книги за комуникациски вештини кои би можела да ги разгледаш...ќе наидеш и на луѓе со кои ќе се спријателите тогаш кога најмалку очекуваш.
    Прочитав и дека имаш многу обврски што сигурно ти прави стрес и моментално сум во истата ситуација. Се надевам дека со рутина, добар сон, но и одмор и правење на работите кои што ги сакаме ќе се снајдеме во овој хаос...
    :)
     
    На cresa-jagoda, злоба, Izaabella и 5 други им се допаѓа ова.