И ајде ресторани да не се рекламираат на социјални мрежи оти некој што не може да отиде ќе му биде тешко. И некоја што вежба и има фит тело да не става слики оти ќе ја повреди таа некоја што не може да ослабе И некој што чува милениче да не стави слики од него оти може ќе види некој што скоро му умрел миленикот И мене ме следи девојка со алопеција и ајде да не ставам селфи оти ќе и падне тешко оти ја имам коса, она не... И...до каде?
Толку драми за една торта Дали со тоа што пишав мое лично гледиште е пикање носЕ? Бтв, мојот цитиран дел не е ни за торти, повеќе мислев на поголеми школски фешти. @Annath
Па не би рекла. Ај ништо да не славиме и да се криеме цел живот оти некој нема деца, нема високо образование, нема работа итн. Да не славиме крштевки, матури, дипломски, раѓање дете, роденден, свадба...
Што не им го кажеш тоа директно на тие што си ги видела да прават фешти, туку им пишуваш зад грб на форуми?
А, што тебе тоа лично те засега? Од кога почна да се бориш за правата на оговараните тука? Да немаше дете и да не му правеше торти и тебе немаше да те засега. А, сега оправај ги сите кои мислат на форумот дека правење торти на прваче не е слатко. Оти МОРА на сите да им е.
Не реков дека мора на сите да им е убаво. Ама не мора вие тука неколку души на форумов да изигравате ледени кралици дека сте над се и сите. Нема врска дали јас имам или немам деца. Не оговарам луѓе зад грб по форуми.
Па не би низ истите трауми пак. Срамота е да и' речам на мајка да ми напрај торта? Ќе славиме втора година како не сум вработена. Мајтап на моја сметка, не ме карајте. Имам едно комшивче кога не му е нешто по ќеф вели: одам да си поплачам. Е и јас така.
Не сакам да бидам погрешно сфатен, ама па торта и не е кој знае каков луксуз. Јас кога почнував основно бевме во најлоша финансиска состојба што досега сме биле, па пак се сеќавам дека мајка ми частеше нешто(не знам дали баш торта беше). Ко, не, ја претеравте дека детето со една торта цел живот ќе се однесува spoiled.
Ај не се карајте. Остајте кој шо сака нека си прај. Не ги критикувајте луѓето за се' и сешто. Вие нив, тие вам. После се чудите зошто се отуѓивме. Заради социјалните мрежи, заради ништо друго! Си ги отворивме кон светот домовите, си ги отворивме умовите. Се видовме едни со други какви сме. И се 'разочаравме' оти не се сите како нас. Се додека некој не те загрозува, не треба да те интересира. Различни сме. И не е то лошо само-по себе. Кузнај дали ќе ја преживееме оваа технологијава. Напредува сеуште, треба еволутивно и ние да го следиме тој скок, во спротивно, ќе се самоуништиме. Дајте да видиме што не обединува, не што не разделува. На крајот на денот, сите исто сакаме: Здравје, љубов, мир, исполнет живот...
It's my 'religion'. Ако се откажам од таа идеја, ќе треба да се откажам од себе си. Ќе нема за што да живеам, ако мислам дека нема надеж да се подобри светот. Треба да се лекувам. У сулфурни бањи. ... знам...
Не ви треба повод некој за да направите/купите торта. Стануваш, одиш до слаткарница и купуваш. Има луѓе што на овој ден слават нешто па суптилно ќе славиш со нив. И ќе си купев да не се настегав сега ролери оти ми е прв ден мензис и немам контрола. :") Посебно ради сликата на @Ugly Duckling
Па,и ти ставаш. Не ја знам твојата финансиска состојба,а ни ти мојата. Јас и ти не ја знаеме финансиска состојба ни на другите членки и членови. Зборот ми е за ситуација во која ја знаеме нечија финасиска состојба и какви размислувања има таа личност за трошење. Ама,за најлошо го сметам другото што го спомнав.Некоја девојка/жена доживеала нешто трагично,поминува низ стрес или си има изграден став дека сака кариера,а не деца и друга упорно ѝ става фотографии пред очи. Мали деца кои уште не разбираат како функционираат социјалните мрежи и кои не се свесни за опасностите што може да произлезат од нивната употреба не можат да дадат согласност да им бидат објавени фотографиите јавно.Мали се,ама се посебни личности од родителите. Што ако кога ќе разбираат што претставува социјална мрежа ги прашаат родителите зошто ги објавиле нивните фотографии јавно? И ако речат дека не сакаат секој да им ги гледа?
Како што не ми сметаат слики секој ден од Starbucks, ресторани, кафе и други чуда така не ми сметаат и тортите за првачиња. Ако за едни е момент да се слика кафето за други е тортата за децата. Нема логика едно да поддржуваш/правиш а другото да го напаѓаш.