Посакувам сега да шеткав низ полиците на Академска на саем и најголема двоума да ми е дали можда сепак претерувам и трошам премногу пари; ама место тоа седам у кревет со поприлично јаки контракции кои претпоставувам маста ќе ми ја вадат со денови. Such fun!
Сдк 1: Малку ми е тажно некогаш кога гледам серии/филмови и сум дел од fandom за кои никој кого познавам не се интересира (или не доволно) и немам со кого да дебатирам за случките, за новости, не можам интерни шали да кажувам со references бидејќи само јас ги сфаќам и сл. :") Сдк 2: Врати се лето, простено ти е. Жешко се трпи колку толку, ама ова ладново боли мме. Ич не можам да трпам ладно, толку сум зиморлива. П.С. истражував малку и открив дека најидеална клима за мене има на Хаваи. Просечната дневна температура во лето е 29.4°С, а во зима е 25.6°С. Многу ретко температурата се качува над 32°С и се спушта под 16°С. Со други зборови - совршено. Чекај ме Хаваи, сакам таму да се селам.
Да ве ебам у гз сите вие препатриотишта денес со знамињата од Македонија, а правите ѓубре и ја погадувате максимално. Па како е можно да сте толку гомна и сето ѓубре што го правите да го фрлите на чисто зеленило, да не си ги дигнете лименките од пиво, да исфрлите чипсови, благо, влажни марамици и паломи и да си заминете. Не ја сакате вие државава. Не ја сакате коа у реки фрлате ебана гарнитура, кога максимално е уништен Вруток, изворот на нашата најубава река, кога секоја шума е полна со ѓубре оти ве мрзи да си исчистите по себеси и кога усрани памперси фрлате у вода. Гадови смрдени, смрадови, не знам како да ве наречам. Битно ждерат цел ден и го опнале македонското знаме. Еден ден да имам моќ, најголеми казни има да ви налупам, казни плус community work, по 3/4 часа на ден ѓубре да збирате од сегде. Мрш.
Многу тажно и жално, луѓе отишле да се лечат, други да помагаат и онака да завршат. Сочувство до семејствата на починатите, побрзо оздравување на повредените. После ваква катастрофа, трагедија потребна е одговорност, а не да се зборува дека ќе се бара вината, ќе се работи на случајот...
Еве доаѓам тука за конечно да турам пепел врз сите гадни искористувачки и љубоморни суштества кои ги имав во животот до сега. Сета поддршка и љубов која ја поседувам, ќе ја чувам за себе, сега ќе може само да сонуваат за тоа. Фокусот сега се врти на здрави и продуктивни работи. Толку од мене, нема да може во очи да ме погледнете. Безвредници.
Каков човек треба да си за да кажеш така им требаше на оние од модуларната болница, само и само поради друга етничка припадност да им ја доделиш "заслужената казна"? А толку се правиш човечна...Па токму поради ваквите поделби страда човештвото, поради таквите ко тебе задоени со омраза, гнев, лицемерие...
Сакам да кажам нешто за Тетово. Се е кажано, подобро од шо јас можам. Едноставно премногу ми е жал и се шо можам да искажам во моментов е длабоко сочувство за семејствата кои изгубиле некој вчера ( и денес). Стварно ми е многу, многу жал.
Ако нешто сум наумила, обично тоа и го правам. Ситуација во која инаетот ми оди во прилог. Ако речам не, ќе биде не. Ако речам да, ќе биде да. Ама ако има тегла ајвар пред мене не можам да се контролирам. До утре да ме оставиш ќе си мезам со сиренце. Па и за туршија сум ваква. И капа симнувам на луѓе што имаат супермоќ да се контролираат кога станува збор за вакво божество.
Интересни ми се оние кои упорно ги негираат форумите, да не речам плукаат по нив а се членови скоро на секој постоечки форум. Прават психолошки профил на членовите и упорно создаваат мнение дека форумот е најнегативното место. Извинете, да ве прашам, зошто сте сеуште на форумот? Кога некоја околина не ви одговара си заминувате, така? Па зошто и овде не го направите истото?
Ostavki na direktorot, zamenici , ministri se samo machkanje ochi. Odgovornost na poedinci koi dozvolile da se dojde do taa situacija, kazni I zatvori poradi gubenje na zivoti. Samo kaznuvanje e edinstven nachin da ne se sluchi povtorno.