Познат е еден феномен кај дијаспорци наши и не само кај нсшите, туку кај сите од наши простори. Сакаат да побегнат од “балканското”или македонското и ги преувеличуваат работите,негативните на македонското и позитивните на “западното” Видливо и на овој форум.
Знаеш, кога ќе излезеш од токсична врска навистина сфаќаш кои ти се вистинските пријатели. Лажните ќе продолжат да го поддржуваат бившиот, смешки, секојдневни муабети.. А вториве, ја воочуват штетата нанесена врз тебе, и ќе го избришат без око да им трепне. А и во двата случаи ти си ги упознал. Еве зошто едно од најважните работи е да си ги бираш другарите претпазливо. Сфаќаш дека на повеќето не им е гајле, глума е се останато.
Колку многу не ја сакав порано есента, сега исто толку многу сакам мрачни и врнежливи денови.А и поубаво е да излезеш на ладничко со чадор отколку да се онесвестиш на улица поради жешко.
Сакам да е пролет, надвор да е топло и сончево, да си шеткам по скриени планински патчиња. Околу мене зеленило, црцорење на птици. Па да се искачам на врвот на некој рид и да си гледам зајдисонце. Многу меланхолично е времево, кај и онака се осеќам утепано, ова ме доутепува.
И во есен има планински патчиња и врвови. Дури и полесно е нема толку сонце за да те дехидрира. Идеален е ден поминат на планина со зајдисонце како шлаг на денот.
Знам, ама есента е нестабилна ептен, плус не е топло ко во пролет. На 25-30 степени не се дехидрира, баш ќе си ја стоплам душичката. Ко во мај што е времето сакам да е 24/7.