Навистина не знам што грешам кога ништо не ми оди, значи буквално банални работи, чешма да пуштам ќе престане вода да тече.
Ме стопи, ми го исполни срцето Е сега уште поубаво би било кога нивните би можеле за секое детенце да вдомат барем по едно кученце
Во земјава сите те сакаат кога имаш пари,само ми титка тел,ќе се разбудам со 5-6пораки на инста и мсн од луѓе кои претходно ни здраво не сме си кажале на улица и луѓе кои само корист гледаат. Кога немав работа немаа време,а сега стрчани и упорни. Ќе стојат така на seen со една капка надеж дека ќе испиеме кафе некогаш а всушност никогаш!
Вака Повеќе доверба немам во никого ама баш во никого!! Абе зошто заборавате кој бил со вас во секое време, ви позајмувал пари, ве частел, и ви помогнал кога ви било најтешко?? Зошто им забивате нож во грб на тие? Зошто објаснете ми? Па леб сум делела со вас, последниот залак од уста ви го давав за да ми го направите ова?? Последниот денар ви го позајмував ниту ви го барав да ми го вратите!? За што? Вие сте ѓубриња, искористувачи, гребатори, луѓе од интерес пууу јзк да ви е!! Грев ќе ве фати на таквите и од Господ, ама и јас овој пат нема да чекам на кармата да ви врати овој пат ќе ви вратам со најсилен удар да не ви текне пак да се заебавате и со мене и со друг ЧОВЕК! Ваква нечовечност има само во овој затуцан балкански меенталитет кој што успех се постигнува со лижење анус, ширење нозе, и со шпиунажа!! Се извинувам за речников премногу сум револтирана
Најголемиот извор на среќа во светот е секако, ќе се сложат сите (тие што не се сложуваат се небитни) јадење бурек. Кој пробал, знае. Околу јадење на бурек, постои едно просто правило, а тоа е дека строго оди во комбинација со јогурт, како гз и гаќи, како подрум и ајвар, како јас, и ти Фемина. Денес јадев бурек после неколку месеци, и тоа без јогурт. Колку е различен вкусот... Мислам, ист е, ама како да фали нешто, како да не е тоа, тоа. Ваква грешка веќе не. Да не се повтори никогаш повеќе. Битолска, ти ветувам.
Хммм... Може само со пица - бурек? Ама тоа немам јадено којзнае од кога. И повеќе глуми бурек од што стварно е. Или што би рекле Босанците: "Бурек је с месом. Све остало је сирница."
Јас како " небитна " ќе речам, симит погача е "изворот на среќа во светот ," батка . Немора да се сложиш со мене, ама тоа не значи дека си небитен
За мене со урда/сирење или урда и спанаќ, со битолски јогурт се разбира. Зарем бурек се кажува само за бурек со месо? Никогаш не сум пробала со месо , не верувам дека би ми се допаднло, знејќи какво месо ставаат по пекарите. Обожавам сукани пити, зелници и погачи со урда, спанаќ или праз.. Се гледа дека долго време не сум внела јаглени хидрати . Утре секако е викенд (за мене де) ќе се засукаат ракави. @Okica што е симит погача? Просветли ме те молам
Ај кога тргнавме со бурекот... И мене месените работи не ми се убави со јогурт, ги јадам само со кока кола Плус со месо ретко јадам освен сараевскиот од силбо.
Во Босна така го викаат, дури и се лутат ако кажеш дека има бурек со сирење, спанаќ, праз... Ова највеќе им е критика кон Србите кои веќе имаат бурек од се, ама буквално од се. Дури и од Нутела. Кај нас обично бурек се вика за оној со цели кори, со месо, сирење, праз, спанаќ, или пица бурек. Друг, немам сретнато. Ако е изгледот на корите завиткан и парчето личи како Wi-Fi сигнал, тогаш зависи од крај до крај, сум слушнал називи дека го викаат комат, колпиде, вртеница, и баница. Инаку да, кај нас ретко се наоѓа квалитетен бурек со квалитетно месо, но не само со месо, туку со секакви намирници ретко се наоѓа квалитетен. Знаат доста да стават и неквалитетна урда. Затоа е најбитно да се зема од локално и проверено место каде се знае што се користи. А нема ништо подобро од домашно сукано. Прсти да излижеш од него. Слабост ми е зелникот, банички со праз, блитва, урда... Можеби затоа што ретко се прават, ретко се јадат, затоа и толку се вкусни. Празник ми се тие денови. Домашно си е домашно. Ако не е со јогурт, тогаш признавам со кисело млеко. Може дека јас не пијам газирани сокови, па не гледам како би одела таа комбинација. Прв пат сега слушам дека некој бурек јаде со сок, озбилно. И јас чекам да видам како изгледа/се прави симит - погача.