Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Mоре ако, убај се пиперкине. :D Само годинава слабо со родот. Ги покосија дождовиве.
    Море има, има уште! Пак че јајме :D
     
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Порано живеев во Охрид а сега во Скопје. Колку би сакала летово да го поминам во родното место.
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.867
    Допаѓања:
    101.788
    Пол:
    Женски
    ...и така...
    некој ќе ви се вовлече под кожа,ќе ви се вгнезди во срцето,ќе ви се всели во душата...
    па ќе наиде некој поинтересен,попривлечен,побогат,по...
    и ќе ви остави дупки на местата кај што бил...
    [​IMG]
     
    На kate21, do-re-mi, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Добро јутро радни народе Црне Горе :rofl: Мрзеливост, мрзеливост насекаде.

    Немам многу да кажам. Веќе нема да пијам. Не зборувам со свекрва ми. Почнав нормални смени на работа. Повторно се здебелив едно кило. Маж ми е на интервју за работа, ама не знае за која. Доби повик утринава, закажана средба, уште да му кажеа име на фирмата. Јадниот аплицира на 100 места, за различни позиции и сега поим нема како да се претстави :D :rofl:
     
    На QweenSM, Doozy, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Овоа за ученичкиве на форумов..Септември ни се ближи луѓее :lol: Знам дека на некој не му се оде на школо.Учење,тестови,испрашувања.Ама ние шо беме полуматуранки мислам дека треба со нетрпение да го чекаме септември! Или само јас така мислам? :^) :rofl: Јас одам во Велес,во интернат.Нов град,еднај чекам! ^_^
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    17.067
  7. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Пред точно седум години додека со моите родители бев на одмор во Грција ни јавија дека дедо ми умрел.Се сеќавам веднаш се спакувавме и се измачивме да најдеме превоз до дома...Многу врнеше...одвај стигнавме..
    Тогаш бев малечка..требаше да тргнам за прво одделение,не разбирав многу што се случува.Сите околу мене плачеа..тогаш сфатив дека веќе дедо го нема.Тој многу ме сакаше...се сеќавам секој ден одев кај него и баба..влегував низ вратата,силно ги прегрнував и двајцата,а потоа дедо ми ја сечеше кесичката гризини и заедно јадевме,а пак баба го спремаше ручекот
    А,сега и двајцата ги нема.Ми недостасуваат...и тоа многу,но тоа е животот...едни се раѓаат ,други умираат... ;( ;( ;(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Леле коге ќе слушнам: „Ги имам сите бои од лаковите“.
    Значи, не можеш, едноставно не можеш да ги имаш сите бои.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, luci22, Ivy89 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Постои една група на луѓе кои што можат да ми го згрозат животот и денот така добро што добивам нагони на повраќање од тука до Антартикот!
    Ни се расипа фрижидерот уште пред да одиме на одмор, и му оставивме клуч на човекот кај што сме под ќирија да среди се што треба додека не сме дома и така добри две недели и некој ден не бевме во Ск, пошто после одмор се симнавме одма дома кај мене на гости да одиме малку и да си го земам кучето, мајка ми го чуваше.
    Но не, тој е таква тешка мрза и толку неодговорен што ми се иде да земам и да го полијам со кофа жешка вода! :@
    Денес, баш денес, кога е плус 50, ми иде он ненајавен, иако живее над нас, нема везе, со еден тип на мои години, кој патем му бил кум, да ми го среде фрижидерот, и баш сега, кога е време за одмарање, за дремење, за се - само за гости не!
    Но, ајде, тоа не е тоа што ме нервира луѓе мои, не, туку тоа што тој смрди на умрено, не се тушира, не се бања, не става дезодоранси, нит стикови, ништо такво, оде цела ебана недела во едни исти ебани алишта, сокинат, парталав, смрден и напиен!
    Како за човек карактер не можам да се пожалам, толку е фер и се, за се нешто ни се наоѓал и немаме никакви проблеми со него, баш пријателски сме расположени, а не стрикно како кираџии, ама тоа што тој смрде на умрено и спурено, и што на најжешкото ми иде дома ненајавен - не можам да прогледам низ прсти! Му текнало, му прднало ајде сега да идеме, дома е Ане! :^) Па шо ако сум дома, само шо сакав да земам да се соблечам гола да се завиткам у фолија да вежбам и да се масирам после, на некој денот планиран му е, ало! Господе помогни им!
    А да биде уште полоша и погадна ситуацијата, тоа неговото кумче, е од ист калибар, смрдуш(во вистинска смисла на зборот), кој патем ало мајсторе, ако веќе си фанал занает и си на повик, ако знаеш дека одиш да средиш нешто, земи стави стик бре, јасно се потиш и се, работиш, ама идиш од дома, од спиење, немој да ми идиш мене дома, каде што имам над сто свеќи и мириса на радосно виножито и на ливада, каде што нема ниту едно влакно од кучето, и каде што треба да покажиш малку професионалност, а и тој твојот роднина, кој што те води ова време, со ист ум!
    И така јас, сега дремам во дневна, пишам да се испразнам, додека они се во кујна, каде што патем не се влегува, само што се подадив, добив нагон на повраќање, а не, јас не сум гадлива личност, многу тешко се згадувам, и се чудам како само ќе излуфтирам од таа спурена дупла смрдеа што се шири од двајцата. :@
    Мислам дека нема до утре да одам у кујна, толку многу се згадив што од жешково и нивната ареа ми се слоши, леле леле, знам јас како од утре, клучот, и не сум дома од 13 до 17!
    Глупава јас, што им отвараш.
     
    На Lepaaa, Elennaa, Peppermint и 4 други им се допаѓа ова.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Лесно е да кажеш ТЕ САКАМ оди избриши светкав лак да те видам!
    Добар ден :hai: :sun:
    Што е бре со ова троловите?! Кај се модераторите, админи? :geek:
     
    На Lepaaa, Lella, Ivy89 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755


    Ако му ја знаеш ситуацијата дека не се бања и дека смрди и сл не требало да го викаш.
    Следен пат викни си друг мајстор , за мои пари кого сакам ке викам јас ако н ми одговара не го викам па после да го оговорам.
    Следен пат др мајстор и се ок
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Во срцето се уште ми живее она неуморно дете,кое цел ден лута некаде по падините на животот,се искачува по скалите наречени години,сонува за боите на виножитото и се плаши од мракот.
    Минува низ денови.
    Времето никогаш не чека,и секогаш на дланките ти става окови.
    Те троши.

    Денес јас се уште не знам која е бојата на осаменоста и среќата,исто како и тогаш,тогаш кога првпат седнав во училишната клупа,кога ги научив имињата на боите но никогаш не ја пронајдов таа нијанса,кога светот за мене беше огромен и непознат.Но знам дека времето заробува,сите моменти ги пресликува правејќи фотографии,ти ги остава,со неговиот тек тие избледуваат,можеби веќе едвај се сеќаваш,но никогаш не забораваш.

    Времето е патник кој ниту те следи а ниту е чекор пред тебе,тоа никогаш нема да застане ако ти се умориш.И тогаш кога ќе помислиш дека си го измамила некаде зад некој прозорец,ќе ти ја порази душата.

    Нему не можеш да му ја заклучиш вратата.Никогаш нема да можеш против ноќните возови.Ќе остане скриено во тишината,а наутро ќе го гледаш во огледалото,или тоа тебе.

    Со сите траги,години,среќа и осаменост,која и ден денес не знам која боја ја носи.
     
    На Anonymous996, Lepaaa, DoReMi и 4 други им се допаѓа ова.
  13. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    35.194
    Пол:
    Женски
    Во животот, секогаш ќе постои личност која секогаш не повредува, а ние неможеме да сториме ништо бидејќи таа личност е причина за нашето постоење.
     
    На cresa-jagoda, S.J.Parker, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Така е, Нада умира задња, или последна. Види како добро се држи Нада Топчагиќ...
     
    На COollLady и tessie им се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    ^
    Ехее, а тек мажот и на Нада :D
     
  16. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Ништо, он треба да пази да не ја изгуби Нада. Без неа, маф му е работата.
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Затоа не е добро да имаш свекрва што се вика Нада :rofl:
     
    На sweet-star, tessie, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Дали стравот од параноја е...параноја? :D
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.336
    Допаѓања:
    92.295
    Пол:
    Женски
    Досега не сум доживеала да се пакувам без нервоза.Како некоја лудача хистеришам и се дерам се карам со сите кај ми е оваа, кај ми е онаа,па едно барам трето наоѓам :D |(
    Почнав уште од синоќа и до овој момент завршив.Зедов се што ми е потребно и конечно сум смирена :angel:
    Убаво ми е што овој момент конечно дојде иако до сега не чуствувам некоја возбуда дека заминувам на одмор но веќе почнувам да бидам нестрплива и едвај чекам да заминам далеку од сите .

    Си купив нов куфер поголем за да не носам дополнителна торбичка туку се да ми собере во него и ништо од планот повторно го преполнив и + торбичката е полна.Знам и свесна сум дека се што зимам нема да искористам но несакам ништо да ми фали и да си се нервирам зошто не сум понела нешто што ќе ми затреба во моментот таму :D жени, бог да чува :lol:
    Нема ништо да ми е потребно верувам со тоа што знам дека љубави ќе е до мене ,плажа,пивце изгрејсонце,зајдисонце ова она :D поубаво здравје :wasntme:

    Туку луѓенца сакав да ве поздравам,ќе ме нема едно 12дена сигурно па бидете ми сите добр, среќни и не заборавајте секогаш да сте насмеани и весели :*
     
    На senza.parole, Lovely93, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Aко у иднина имам машко дете, тешко на снаата моја. :devil:
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.