Слична приказна. Јас така еднаш пица ќе нарачувам и обично проверувам за секој случај на фб број од овде, го немам запишано а често нарачувам ама не овој пат шизик на ризик ќе бидам,го запишав бројов, вртам на кец, уште не ми текнува ми крева машки глас -Ало,чекај сега нема она (инсерт нејм) повелете,шо се дешава кај сум свртела,ми требаше секунда да скапирам( и спуштам)броевите слични,како сум го запамтила потсвесно,ова години отпосле. Појента приче: Мех, шта је ту је сад шта се може
Брак ти е како бирање на кариера. Треба да имаш одлични комуникациски способности, да си тимски играч и да бидеш расположен за развој и учење. На последното особено е важно да не потфрлиш. Од другата страна, истото го бараш и од кандидатот. И така.
Do pred nekolku meseci imav drugar sto mi bese bukvalno kako brat. E sega toj drugar letovo fati devojka i ispari od planetata Zemja, go zaboravi drustvoto, gi zaboravi drugarkite.. Mi se javil 2-3 pati vo ovie nekolku meseci i toa za da odam po trgovskive da mu kupam poklon za devojka mu deka on ne e vakciniran.. I toa bese se. Tolku za denesnive prijatelstva
Сите ние патуваме во исти автобус. Час поскапува бензин два денари, па поефтинува пола денар....знаете, она амекдонското оро - три непред едно назад. Час го менуваме возачот, вози пребрзо или во погрешен правец. Па го менуваме ,,воѓа пута,, нешто слабо се покажува, крие, таи, не е експицитен во објаснувањата. Па има некои кои се возат беспари, се шлепаат. Во меѓувреме автобусот се празни, си излагаат патници незадволни од патот, си наоѓаат нов автобус. Оние кои остануваме се буткаме, се лактаме, си пљукаме во лице. Сите не фаќа корона па се обвинуваме кој прв почна. Дури и автобусот ни се запали, некои живи изгореа. Да дечки, сите патуваме во истиот автобус на патување кое ни го ветиле и сме го платиле, а незнаеме ни каде тераме и кога ќе стасаме.
СДК...мноогу исполитизирани фаци има на форумов.Не дека ми смета али се разочарувам.Ради таквите партиски ботчиња не може ништо без врски во државава.
И заради то ни е таква власта. Кога грото се научени со врски, со шеми и местенки, статистички и грото од лидерите ќе бидат такви. Од нас се излезени, не растат на дрво.
Точно.. затоа викам јас, сам ако не си го зачукаш нема кој.Се` што си правиме, сами си правиме. А најјако е сите се бунат зашто младите си идат зашто ова она, па државата не им отварала работни места, НЕ ДРЖАВАТА ОТВАРА РАБОТНИ МЕСТА, АМА ОД БЛИСКИТЕ НА ТИЕ ШТО ГИ ОТВАРААТ ДРУГИВЕ НА РЕД НЕ МОЖЕ ДА ДОЈДАТ: Ова капсов не е во стил на дерење него да боде очи. Пошо работни места има, само не е исполнет со квалитетен кадар.
Вработување во државна администрација не е опција. Власта треба да обезбеди услови за профитабилни вработувања, а не буџетарски. Тоа и' е работата. Значи услови да обезбеди за пазарот на размена и стоки да биде јак и одржлив. А не да тура од шупље во празно. Готови пари, лесно се трошат. Ни требаат пари што прават пари.
ама и било кај, таков ни` е менталитетот реално. Кај мене во фамилија колку само влегле со врски негде, ај пола стварно ги биваше и го изблеија образот, а другиве клати врата зимај плата, а фаќаа врски за некои бедни глупи позиции и нишо не праи по цел ден.Па не го фаќај местото на некој што крај со крај не може да спои. И после ќе си идат младите, па и ја би си идела ради нашиов менталитет, не е проблем државата ко институција или работните места, менталитетот ни е никаков. Мене тоа ме нервира овде.Во секоја смисла менталитетот ни е за нигде, од затуцаност малограѓанство, до неписменост, непотизам и идиотизам.Се дур не почнеме да работиме на свеста на мочани 1,800,000 души колку и да сме, не не` бива. треба масовно перење на мозоци да се деси овде ама во позитивна смисла. нека измислат вакцина да не` опраи
Колку многу ми се оди на изложба! Минатиот месец во Даут Пашин Амам имаше изложба со дела од прекрасниот Васко Ташковски, а сега има во Чифте Амам од Ѓорѓи Зографски. Не ја посетив првата, нема ниту оваа. Далеку ми е, а и кнап сум со време. Нема веќе како порано: посета на изложба на самото отварање, уметност, купче луѓе, чашче вино; па торта во К8. Едвај чекам еден ден да ја носам ќерка ми. Да и' објаснувам за автори, дела, стилови, мотиви. Да се дружиме.
Ами чаре? Да донесеме некој од надвор да не води како кученца на поводник? Како што е сега често останувам без зборови за некои нешта на политичкава сцена кај нас, а и да збориш, мрчиш повеќето научени се на карванот си врви-кучињата си лаат. Барем не има по странските новини за чудо на веков, и ние лидери во нешто сме
And did you get what you wanted from this life, even so? I did. And what did you want? To call myself beloved, to feel myself beloved on the earth. Raymond Carver
Мило ми е да видам некој кој сеуште ја цени уметноста. Браво, се надевам ќерка ти ќе ужива во делата.
Дали само јас имам ваква срање среќа кога доаѓаат во збор пријатели? Ми се паѓаат или социопати, користољубиви женски или машки кои сакаат да се дружат ама се гледа дека очекуваат нешто за возврат. Како да налетам на добра личност? Или, како воопшто да не се запознавам?
Тоа е така затоа што народот е научен да ќути. Ќути да не те избркаат од работа, ќути да не ги избркаат домашните од работа, ќути да не те замразат, ќути да не те етикетираат и од тоа ќути дојдовме до ситуација каде што критиката се смета за напад, злосторство, секој што ќе се обиде да се спротивстави го напаѓаат како хиени и ќе го растргнат. Не сакаат луѓе што мислат со сопствена глава, тие им се трн во око, сакаат пиуни, марионети, личности со кои е лесно да се манипулира.
Не, 99% посто од луѓето сакаат да те искористат. Реално не може секој да ти биде другар, пријател, а денеска вистинските пријателства се реткост. Имај пријатели, ама треба да знаеш на кој можеш да се потпреш. Имам пријатели на кои можам да се потпрам во целост и тие на мене,. Имам пријатели за кои знам дека имаат корист од мене ама и јас имам корист од нив, не сме ништо посебно блиски а нема ни потреба. Имам пријателства со кои одржувам контакт и се гледам два пати годишно затоа што се окау ликови, но немам потреба од некоја претерана блискост. Најдобрите пријателства се случуваат спонтано, без никаква намера, барем кај мене е така.