Ја кога сум болна, шефот и колешката на секој пола саат ми ѕвонат, како си, неможам ни да одморам Не знам што е бетер
И мене ме бараат по еднаш бар се јавуваат да прашаат што-како и кога сум на боледување и кога сум на одмор. Така еднаш бев на егзотична дестинација и стварно не сакав да кажувам на раб. да не истадне се фалам и само го исклучив моб. Ама на шефот му текнало да ми каже нешто и му се јавила тел.операторка му збори на чуден јазик он ми вика нешто ко арапски кај беше ти на одмор ми вели кога се вратив јас само вака Ме фати во тесно и морав да им кажам после си пуштив душа па си кажував кај идам. Добивав и препораки од некои кое место да го видам, посетам, ресторани какви има итн. Како и да е значи да те побараат кога не си на работа, значи приметиле те нема, недостасува твојот труд, допринесуваш нешто во работниот процес, е сега да не е е пречесто или ич и двете се крајности.
@Idedemja Јас сум нововработена, нема ни месец, фирмата ми плаќа здравствено, па очигледно ме бараат за да не плаќаат. Нели фондот плаќа после 6 месеци. Имам квалитети, не дека немам. Она не е фирма,, на 60 м2 40 луѓе под 2 клими. Поради протоколи прозорците не се отвараат. @KiT богами.....
Да, ама ме бараат од работа да одам таму. А, сите се плашат, нормално, да не ги префатам. Онлајн не даваат да се работи. Нз кој пат да го фатам или отказ да си дадам.
Од вторникот земала боледување, настинка. Штотуку дојдена на работа по недела време боледување за настинка си зема
Искрено кажано, си земаш за право да си коментираш а не ја знаеш цела ситуација. Ама супер, добро е за тебе. Барем ќе си кажеш што лик си. Ти благодарам, ме потсети каква не треба да бидам. @buba4e89 ќе ти пишам во ЛП цела ситуација. Да не правам гужва тука и да одбегнам потсмевање фаќање сеир. Македонштина...
Шостори размазена ти. Една недела на работа, втората недела одма зема боледување и се вреѓа оти шефот те прашувал кога планираш да се вратиш. И нонстоп поплаки за сите работни места досега, стално те читам. Не ќе да е цело време проблемот на другата страна..
Пишував вчера за другарка во истава тема, ама кога размислив подобро воочив колку нејзиното однесување е едноставно чудно. Како прво, не ми враќа никогаш на пораки, не ни ги отвара, а јас не сум личност што често пишува, но еднаш на два месеци човек ако те исконтактира, не би те интересирало да отвориш и да прочиташ за што станува збор? Самата ми има кажано дека нема воопшто време за разговор, но во ретроспектива, има 20 години, не работи, оди на факултет ретко, и цело време постира слики и селфиња. Второ, искачаме еднаш на три месеци, понекогаш и поретко, и вика дека многу и фалам, и ветува дека почесто ќе излегуваме, па потоа истата приказна и игнор 3 месеци.. Ми вика дека кога искача следен со други личности пат ќе ме викне и мене со неа, и како што може да погодите - не е вистина. И да не заборавам ова вчера што се случи: Збунета сум многу, не знам што да мислам околу сето ова, ниту сум сигурна кои се нејзините намери..
Ти после вакво однесување не сфати дека не ти е другарка?? Те користела само кога немала друштво со кого да излегува. Можеби звучи грубо ама така е.
Заборавив да ја дадам сметката, а жената ми рече се ти е во ред. На крај си ги повлеков парите, чим немало потреба.