Не е. Блиску си. Зголеми за уште 0.75 сториња и гледај како ДМ ти се полни и понуди фрчат. Се надевам нема тогаш да ги заборавиш старите фемина другарчиња кога ќе капне кешот и нема да ни се закануваш со тужби ако те коментираме во МЈФ.
A? А јас немам ни инста, значи тоа било работава со инстата. Јас сум дама бе за таквите инста фејкерки, тужби нека поднесуваат правни лица. Чекај, чекај од кај ги знаеш ти сега работиве, ти да не си некоја инста инфлуенсерица а? Таман си викам мирно ќе си легнев да си спијам, а сега до утре сабајле ќе те мислам тууу што ми кажа, какви тешки прикаски ми раскажа, нема око да склопам вечерва
А што мислеше ти? Зошто некој би вложувал толку труд и време на Инстаграм ако нема можност да му капне некое спонзорче? Ајде може и ние во некој паралелен универзум сме спонзорирани за млатење празна слама на форумов. Ех, колку убаво би било пример под некој пост мој пост да пишува: " Добијте 20% попуст за секој купен Шаоми телефон со внесување на кодот БИЛИ20. Земете Шаоми, нема да се покаете. Ве сакам сите, кисс4е. " *Вие од Шаоми, ако го читате ова да знаете дека во просек имам по 10 лајкови на секој пост на форумов, или во превод, значи дека сум форумски инфлуенсер, финансирајте ме. љуби вас брат.
Сакам да кажам chill,живот није инстаграм, во ред е, значи се што се случува е во ред, и да ставаш и да неставаш
Што се замарате кој колку објавува, за што се социјалните мрежи, за тоа се. За што следам некој, за да видам што објавува. Јас скоро и ништо да не објавувам, многу ретко затоа што не сум толку креативна, но некогаш знам да ставам на стори и тоа повеќепати во денот, се зависи до расположението. Кога објавувам никогаш не сум размислувала дека на некој би му сметало дали ќе ставам една или пет објави, ако на некого му сметаат моите објави слободно може да направи unfollow.
Мн.едитираш море сега одново да ти одговорам, ејјјј ми отвараш раб.пред спиење тууу па и ти. Поима немам стварно, мене тоа инста ми е некст левел неуспешно глупирање на повеќето особи таму особено оние од типот што ќе рекламирале, па процент ќе лапале или на фемина ќе давале попусти и Шаоми ќе ги читало, па дали си ти тоа озбилен? Земја прием, се слушаме
И после оти култ не викат Шаоми корисниците. Ама вие шо немате таков телефон да си земите. За ова препорака не сум на процент. Само на инста сум на процент.
Ова под хитно мора да го промениме. Ratio од 13 лајкс на пост. Runner up за форумџика на годината. Заштитното лице на Шаоми на форумов е пронајдено! П.с Отворен сум за колаборации, соработки, meet-upи, duet-и и да го издигнеме Шаоми на инфлуенсерски бренд no.1. Iphone what?
Мислам треба шаоми колаб да напрајме, исто нешто на двата телефони, нешто така. Демек играме а уствари цело време збораме колку прејак е телефонот на кој играме.
Скд многу убај реформи имаме во образованието...супер што укинаа еден дневник и остана само електронскиот ама па сега тој електронскиот треба да си го печатиме...wtf...што го укинавте црвениот дневник ако сега пак барате печатен...и то од наш џеб....опасни се МОН
Дм за колаборации. Ќе ви рекламирам облека во модните критики, не само на Инста. Просек 8 лајкчиња и еден коментар. @Billy Idol @theowndemon па можи и ќе не' пратат на некое зимување, баш сонвав снег и си посакав да шетам. Случајност. Туку добра вест, петок е денес.
На моменти малку сте напорни искрено.И мене ми се досадни овие што ставаат 10 stories на ден од кои на 5 се во истата поза со различен филтер, па што, ако кажам тука светот да не се сруши? Олабавете се малку, демек вие за ништо и никого не коментирате во однос на јавно поставување лични содржини.
Требаше ова да ти текни порано, барем со попуст ќе го земев телефонот тогаш. СДК дека повторно почнав да ги ценам викендите, дури немав обврски до скоро исто ми беше дали е понеделник или петок, ама друго е кога конечно иде викенд после недела со обврски.
За тебе е само ваучер без лимит во East Gate, да им го испразниш молот. И после одиме во Маврово на фотошутинг Есен - Зима '21 Фемина Едишн со најдобрата камера, Шаоми Ми 11 Ултра. (се лижам за спонзорство) Треба да бараме и воведување на сториња на форумов. Наместо една слика во Модни критики неделно, овака по 5.75 сториња на ден. Па кој виде, виде, кој не, заминале сторињата. Размислете си Фемина, размислете си добро за предлогов.
Порано на фиксни телефони ѕвонеа да нудат промоции. Сега по мобилни почнаа, поголем број на корисници, поголена шанса да убедат некој. Уште тие фалеа, ја чекам битен повик, со каква надеж кренав, а тие за парфеми и накит ми кажуваат.