Многу ретко грешен прв впечаток имам за други, ама пошто често сум опишана како „лоша“, „ладна“, „непопустлива“ давам шанси, ќе се убедам дека имав грешен прв впечаток, се повредвам, па испаѓа дека цело време сум имала точен прв впечаток и не требаше да дам шанса. But I never learn. И денес вртам нов лист. Си останвам на тие мои брзи проценки шо до сега ме штителе во животот.
На форумов секогаш се смеам за 2 зборчиња кога ги пишам: „токсично“ ( поз @WildMk секогаш ќе се смеам кога го пишам овој збор оти знам дека те нервира ) и „нерелевантно“ зошто ми се чини јас имам тркало на зборови и кога пишам само овие два ги користам по неколку пати и самата идеја колку често ги пишам ми е смешна. оВа Е тОкСиЧнО. КрАјНо НеРеЛеВаНтНо.
Инспо: темата дали да се разведам. Маже мое, па ти си бил злато! Ти си бил непресушен извор на разбирање и толеранција. Јас непрокопцана една, уште се жалам дека си забораил да купиш нешто од продавница, или зошто алиштата се врз корпа, а не во корпа... и јас работам и заработувам како тебе ( ама не смеам да кажам дека повеќе од тебе да не ти ја повредам суетата), ама јас сум требала да работам и се по дома се комплет и особено да има манџе дома секој ден да тропа лајцата со ракиката. А ја, несовесна и бездушна те оставам со денови на паштета и маргарин, не сакам алиштата на рака да ти ги исперам, не сакам да џогирам и тараса да мијам... па ти кутро маже мораше да превземеш дел од обврските. Еееее Македонијо жална, уште колку да те домакедончиме. Ќе рмбаш секој ден цел ден, деца ќе раѓаш, ќе воспитуваш, ќе чуваш. Ќе трчаш дома да исчистиш, да зготвиш, да препереш, да препеглаш. Ќе задоволуваш секакви потреби и непотреби и каприци, и на крај батине ќе добиеш. И уште ти си крива, оти домаќински не си однесувал и не си исполнил се што е само твоја задача. А мажињава наши жални, мазени пазени од мамите, кога ќе се женат, ги мрзи една сијалица да сменат ќе ги молиш со денови. Ќе се расфрла со пари, неамбициозно ќе се однесува нема да работи за леб да донесе, и уште рака ќе крене! Ее маже мое, ја каква недомаќинка сум била (денес дознав) чак уште се жалам на тебе! Арно што сум жива. Спојлер
Во денот имам 15минути што ги одвојувам за правење и мислење на буквално ништо, само пиење кафе на раат сама со себе и уживање во таа опуштеност. Не ми е кафето убаво толку, колку што ми е убав тој момент на опуштеност и тие 15минути само за себе. Бонус е ако е вака сончево и пријатно, па можам да го испијам кафето на тераса со поглед кон сончевите зраци кои ѕиркаат низ жолтите есенски лисја. Права идила.
Овие од Старбек конечно ми го погодија името. Два пати за една година. Ви се десило? А и не знаев дека зелената чаша што ја земав менува боја кога ќе ставам нешто топло. Како и да е,кул ми е.
Не, никогаш досега, а бајаги сум им нарачувала и така кога маж ми не нарачува и иде да ми купи додека јас го чекам на маса си го кажува неговото име. Ама не се они криви, баба ми е заради името, ниту скратеното не ми го погаѓаат јбг тоа е, ама за кафево и на машко име да е чашата од која го пијам не ми е гајле. Чашата кјут минатиот викенд ги немаа, ќе ме мотивираш некој следен да идам да видам дали донеле од ваквиве чашки, на здравје
Не знам ама смешни ми се. До сега сум била Нина,Атина,Кат,Катрин( на овие ми текна) и ова е појако Афасина. Секоја чест многу убаво име е Афасина. Инаку, да си земеш практични за кафе пијачи. Колку беа таму? Овде беа 3,50 евра. Пробај го gingerbread latte многу е вкусно без шеќер, и white chocolate chestnut nuts latte. Овие им се нови мислам. Thanks me later.
Важи ќе ти заблагодарам Афи (скратено од Афасина) Еј за цената не памтам, дека земавме и од едно друго Тудеј или не знам како се викаше. Јас да ти кажав бев загреана за кафенцето со арома од тиква, такво пиев во Старбаксот во Анталија, ама демек завршил Халовин го тргнале од понуда. Ај следен пат може ќе имаат и повеќе различни сезонски ароматизирани пијачки И ми текна ќе им идам со моб. и на него напишано името ако го утнат пак епа шампиони се
Иначе мислам т.е. имам читано негде дека тоа со уткањето имиња им е као маркетинг шема за да се враќаш и купуваш дур да ти погодат. Не знам колку е вистина.
Темата е сакам да кажам Јас сакам да кажам: "Здраво" Значи не сфаќам зашо мора одма со вакви негативни испади и хејтање
Знам шо сакаш да кажиш ми кажа, јас само ти помагам ко другарка ама ко неќиш помош таму нека ти е ќе ти раскинам другарство