Еве за еден месец ќе полнам 25 години и сè уште се штрекнувам кога гледам новости од врснички (некогашни соученички или колешки од факултет) кои се омажиле или станале мајки, ми доаѓаат исто како да читам за тинејџерски бремености или бракови. А за помлади да не ни зборувам... И не ни мислам дека ќе ми се смени ова чувство во скоро време.
Дел 2 Хроники Ќе имаат грандиозна претстава за себе. И покрај фактите. Ќе се прераскажуваат како такви. Вие сепак можете да ги гледате како личности со сите нивни особини и сепак да го изолирате односот кој го имаат со вас и да ги почитувате навистина, искрено и отворено, без драма и дамка од она што ви го прават, затоа што изградени сте и не сакате да имате мрежа пред своите очи изградена од лутина и тага заради тоа што ви го прават. Ќе ве изолираат и понатака од информации, да знаете што помалку, така полесно се манипулира. Ќе избегнувате конфортација, но и подобро зошто - ќе изгубите. Ќе добивате невкусни шеги за вашето здравје, изглед и однесување. Но зошто вие би се лутеле кога тоа се шеги? И ќе терате понатака. Ќе ви ги научат сите слабости за да играат игра во која се забавуваат, а вие ќе очајувате за нормален однос и здрав разговор зошто и покрај се, сакате здрави работо. Ама не се надевајте, тоа нема да се случи зошто ќе треба да се судрите со Големиот Јас кој секогаш кај авторитетите мисли дека е значаен (кај некој битен во семејството, как родителите, кај некоја висока позиција ако е на работа, кај некој кој што е статусно висок во општествениот свет) и ти си (некогаш и другите, си премногу мал) за да си значаен за да ги судриш со реалноста. И повторно, стоиш нем, растргнат од нормалниот ти и твојата почит кон таа личност и реалноста која носи ригави пижами и горчлив вкус. Ќе се оддалечат кога они ќе сакаат, а не кога вие ќе сакате, зошто ако вие тоа го направите ќе биде драма. Но не се плашете, нека биде, задржете ја почитта и за неа и за себе и тргнeте се или игнорирајте живеејќи си ја сопствената вистина. Не оговарајте, не се трудете да докажете, зачувајте го достоинството, ама не барајте вина во себе зошто и тројанците паднале на тројанскиот коњ, а важеле за стратези. Зачувајте го својот мир, знам дека е тешко, зачувајте се себе си. Не мора да ги војувате сите битки, чувајте се себе си мирни и достоинствени, во спротивно станувате малодушни, огорчени и распаднати, исто како и нив. Замислете, или природата не им подарила емпатија или биле ранетиод некого исто како и вие од неа, дури и полошо за да можат толку да се изгубат и да почнат да рануваат луѓе. Сигурно страдале премногу, иако тоа не ги оправдува. Но страдале да степен да се како махово зрно кога се сретнуваат со нивниот злоделник, а некогаш си се на самиот себе си тоа, сопствен були зошто сепак нешто таму кога ти си растел во љубов, тие растеле во болка, можеби и за глупост, но нив не можете ни да замислите колку многу им значела.
Секоја надпросечност,харизматичност,интелект,привлечност убавина ја забележуваат на време и ефикасно ја лекуваат.Интелигентното битие не може да регистрира или забележи таква нискост и простачка лукавост.Тие тоа кукавички го искористуваат,сепак неможат така до кога тие сакаат,премногу случајности не се случајност.
Многу интересен феномен ми е интуицијата. Со едни луѓе се осеќам опуштено уште од првото запознавање, додека со други не можам да сум опуштена и по милионити пат да ги гледам. И не знам како да го објаснам тоа подруго, туку дека едноставно осеќам, толку.
Оооо... дури и науката не вика така. Обсервирам, а и ми се случувало да го преживеам тоа. Има доста по нетот да прочиташ, би мај гест.
Најубави фотографии се оние спонтаните. Чувствата и вистинското јас изразени во очите, во погледот, во моментот.
Хахаха дополнително да се едуцирам за нив верувај нема потребано и колку и да се прочитаат примери сепак не е доволно да можат лесно да се кренат од дувлото,да се препознаат,но ги карактеризираат некои особини речиси сите.Строго придржување кон моралните норми и принципи,шаблонски разговор,избегнуваат алхохол,цигари,лесно можат да се најдат повеке примероци во планинарските друштва,се кријат позади здравиот начин на живот,исхрана,фитнес,јога.Избегнуваат контакт со очи,замижуваат трепкаат,лесно емотивно избувнуваат при нечија смрт или болест ако ги гледаат луге,секој твој збор против некој во доверба ке биде десет пати полошо пренесен на предпоставениот и слично,многу лесно кога зборувате против некој ке добиете подршка од нив пример не го познаваат но лесно за него ке кажат дека е идиот.Ке бидете нивни смртен неприател ако интелигентно ги поразите пред луге,мислат дека се само тие секогаш во право,не случајно нивниот мизерен интерес е пред се,лигави црви.Знаат да напагаат чопоративно ласкаат и многи лесно добиваат приврзаници,лесно се препознаваат помегу себе.Некои се толку добри и вешти во глума и режија што Холивуд може само да им завидува,добро се прифатени од општеството ,лесно се камуфлираат во просек поради што брзо и лесно напредуваат.Совршени предатори.Најдобрата одбрана од нив е првичната интуиција и неподносливата и необјаснива неприатност во нивна близина и да воопшто не се менуваат во навиките и доста можат да бидат строги кон себеси и другите во однос на текот на дневните обврски.