aaaa greska sine e pivo ima pecen jachmen go melat i varat kafe od nego ko obicnoto kafe znaci u sholja pies dobro
Песниве не да не се за во градинка ама и не се за во дискотеки за малолетни, а ги пуштаат. Може ќе се сетат и на тоа да се реагира.
Овака на латиница е за „ш“ во некои јазици.На пример, „should“ на Англиски. Ако некој не може да ја пише Балканската латинична „ш со знакчето“,ја пишува sh ко нив. За да избегне забуна. Saka и shaka не е исто.
Шо те чуди? Отвори на фб по било кои портали и види под објавите какви се коментарите. Тоа е Македонија, тие луѓе живеат овде, такво им е размислувањето, толку е капацитетот.
Дада знам, читам секој ден човек. И искрено плачам од смеење, Фејбукот го имам за да читам коментари кога сум тажна/нервозна пошто таква глупоќа, простоќа, малоумништво, малограѓанство само таму има. Трагедија сме.. Реков јас перење мозоци на ниво на држава. Од 10 до 100 години- сите! Ја прва ќе отидам ако треба
@Waverly Raven @nextredstyle @Bitter-Sweet и мене ми беше симпатично детето со грашокот. А за коментарите не знам зошто се изненадивте. Мене ништо не ме зачуди кога најчестата мерка за воспитување кај нас е ќотекот. И за видеото со наставничката што ги нарекува учениците 'стока' како таа да не може да го пренесе вирусот, коментарите беа како ја навредила стоката, како денешните деца биле од м***а правени... А истите тие се смеат на вестите за новозаразени и за починати и сметаат дека има чип во вакцините.
Не знам дали и кај вас е така, ама приметувам дека како стареам се повеќе и повеќе ми е гајле за се и не се замарам со ништо. За разлика од пред некоја година што се живо ме погаѓаше. Ај лајк ит
Дискусии ни во Политика ни во Религија не им се рамни на овие во Корона вирус. Се' и сешто е видено меѓу неистомисленици ама ова е нов левел.
Мислам дека конечно, на 25, знам шо сакам да бидам ко ќе „пораснам“. Се пробав во многу психолошки гранки и сите ме интересират, имам слабост кон се психолошко. Ама едно нешто ми се издигна најмногу кон сите. Учам семејна терапија. Тука спаѓа и партнерска. И то ме интересира, иако моментално со сосем нешто друго се занимавам дур го учам ова. Пак е психологија ама „друго“. Ама како шо учам извори на сексуалност, и однесување на тело сфаќам дека семеен терапевт е се супер то да, ама секс терапевт ... Пошто како шо учам и за то, гледам колку сме сите нормални ама мислиме поинаку зошто не секој збора за секс, а и не секој разбира кој е изворот на неговата сексуалност, каква категорија е основата на то шо го пали, нивоа на либидо и како варира, какви типој на луѓе има ( sex wise де) и слично. И од ко ќе се разбери се то и се стави во перспектива се гледа колку сите сме нормални и колку многу работи шо не мачат се ... нормални. Мислам дека ќе биди малку интересно оти ко дојдов тука бев невино дете, на секс не помислило не па да има. Многу секс проблеми покасно, се спознава себеси и станва секс терапевт. Реално, #goals Би рекла ај да активирам пак темата за здрава сексуалност како шо читам ми се збора на темава ама има 69 мислења и сум дете во душата и нема да го расипам то. Да полагам годинава за терапијата шо ја учам и ќе се информирам шо треба и за ова да доучам. Вечен студент? Амбициозна? Конечно знај шо сака? НЕ ЗНАЈМЕ! НО ОСТАНЕТЕ И ЌЕ ВИДИМЕ ПО РЕКЛАМИТЕ!
Тамн на работа си кажав “Конечно раат никој не помина”, се симна некој, лупна нешто. Аман Нека заврши денов веќе.