Не ми се јасни Македонцине на инстаграм со претежно Македонци followers, што упорно пишуваат на story и во caption на пост на англиски јазик. Од секогаш ми било смешно.
Не сум прочитала вакви коментари, леле за грев се луѓево, колку само не изнасмеа на сите дома, го пуштив на јт и коментарите сите беа позитивни затоа и се зачудив и се изреволтирав аман веќе ништо не го смее и не го расположува на овај народ, ниту и невина детска душа
Денес чекајќи ред кај матичната, слушам како зборат двајца старци. Зборуваат како снаата не смеела да седи, таа смее само да лега и да стои и да работи. Срамота било да седи. До каде ќе одела нашава младина, денес девојките повеќе седеле. Снаите не биле снаи веќе. И после стариве мудри биле. Ма да.
Сè почна од "Пусти, пусти, моду" на Чолиќ. Со маж ми ја гледавме на Југотон, и он се чуди, вика еј песнава е 41 година стара!. Јас му викам сме остареле. Он као, е да бе. Јас му викам, па кога сме се родиле била стара само 10 години. И он вика, па многу е тоа. Јас му викам, е да бе, еве "Crazy in love" на Бијонсе е стара 18 години. И почнав и други да набројувам, меѓу кои разни песни на Еминем. И се изнаслушавме негови песни од тоа време. Па ми текна дека тогаш имав 13/14 години и многу го сакав, и имав направено огромна А4 тетратка излепена со исечетоци од списанија со слики од Еминем. Ептен беше добра, дебела, со сè и сешто. И еден ден на час по географија во средно си ја листав и наставничката ме виде и ми ја зема. А таа беше многу лоша. Помислив, сега партали ќе ме направи. Пред цел клас ја листа и ја листа и ја листа. Па ми праша, ти ја направи. Јас онака уплашено одговарам да, плашејќи се дека нема да ми ја врати. И она пред сите: БРАВО! И почна да им ја покажува на цел клас, видете ова, видете она. И ми ја врати. И така од Чолич завршивме на мојата тетрата за Еминем и часот по географија.
Нарачував некој секси ствари преку интернет. Не забележав дека бројот и адресата на испорака се на мајка ми. Ми ѕвони налутена и збунета до даска, а ја ваква Офф зошто ли постојамм
Претпоставувам дека ми е згрешена терапијата а контрола дури за недела дена.. Не можам да ги откажам а не знам како да продолжам.. Животе мој.. Кој ќе ми даде сила да се изборам...
Имате ли некој екстремно глуп човек во фамилија? Во меѓувреме експерт за сите теми (облека, јадење, деца, здравје, факултет, работа, политика...) И упорно се умешува во муабет со тврдокорен став, се расфрла со квази аргументи. И на крај кога ќе докажеш дека не е во право, муабетот завршува со, да де да така... А у меѓувреме скраја да е да кажеш дека нешто не знаеш, или дека се мачиш со нешто или дека нешто е тешко. Добиваш екпертски совет што нема врска и смисла, со многу потсмев и самопоуздање, како тоа таа личност го знае, а ти не. Збориме за личност во нејзини дваести години. Каков човек, каква самодоверба.
Љубова, душо, мислам дека ја делиме роднината зошто иначе се плашам да помислам дека дотичната со понашањето не е единствена
ме изнасмеа. Обично одбивам на глупости, ама некогаш така ќе се истресе со нешто, не можам да не изреагирам... Сега па дека бремена, не ми оди од рака игнорирањето, лесно ме иритираат, и ми пречат глупави коментари. Бидејќи е експерт за се, сега вклучително и за бременост (а никогаш не била) цело време има коментари. Леле страшно. Ај бар ми олесна тука. П.с дај Боже да е истата, стварно не бива да се две.
После сите тие шпекулации за што се случило со автобуската несреќа неодамна, страв ми е да се возам во автобус. Верувам дека на многу од вас... Но главна причина се тие (најмногу од членови на форумов) "теории на заговор" што како се случило и правење филмови. За жал, не го знаеме и нема да го дознаеме вистинскиот виновник за трагедијата, но ете, секогаш има некој кој мора да изиграва џандар. Значи да, си купив изгор скап авионски билет затоа што ми е страв да се качам во автобус (патувањето би било долго, а и неизбежно ми е)... Се надевам овој мојот страв за брзо ќе помине, додека не ги банкротирам моите.
Хаос https://republika.mk/vesti/ekonomij...zgradlivi-pa-samo-gi-poskapea-obichnite-kesi/ Ќе одам сега во пекара па баш да видам шо кеса ќе дадат.