Во животов имам приметено најмногу ме имаат разочарано тие со кои сум минувала низ исти маки, а им се смени секојдневието ги немаат истите предизвици не ми е криво ако ги снема, туку ми е криво што потоа тие се најголемите осудувачи на оние што сме од другата страна останати. Еднаш читав некаде откако некој веќе немал никакви очекувања од никого никогаш не се разочарал и почнувам да снемувам очекувања, аме ете ги тука се по некои таму некаде и остатокот е познат следи разочарувањето.
Јас не им ги кријам имињата на таквите. Ги правам славни. Нека знаат сите кои се гнидиве. Да, за жал, жената е најосудувана ОД ЖЕНА. И таквите како коментаторкава слават 8 Март. Арам да им е, не заслужуваат да го слават. Да поддржуваш насилство, значи да ти фали нешто во главата.
Под линк од интервју на Ребека за синот нејзин од жена имаше коментар “ Ќе го храни маж ти мафијашот од Онкологија”. Ми се згрози, каков менталитет ја красат Македонија, сѐ исчукано. Веќе ништо не ме изненадува,се очекувам од таков народ.
Не да претерувам Што е најтрагично свесна сум дека имам и дека не ми е потребно. Си се вадам со тоа женско си ајде, треба.
Сакам малце од дрогата на оние луѓе кои имаат желба и енергија да трчаат посабајлечки, па уште и на сред зима.
Барај некој со кој би го поминала животот, а не само неколку празници кои одма ќе поминат и кои всушност се обични денови на кои ние им даваме значење.
Кога ја затворате вратата од минатото и не се вртите назад, сегашноста ве наградува за одлучноста со нешто прекрасно
Убаво ми е на душава, денеска слушнав две убави вести, дај боже да станат стварност. Кума ќе бидам и на блиски луѓе, срцево искрено се радува за нив. Боже, подари ни вакви убави случувања што повеќе, што побрзо да ги заборавиме двеве години, осветли ни го патот со благослов од здравје и среќа.
Каква инстантна промена во енергијата има кај личност која очекува нешто од тебе.Среќа па почнав да приметувам за разлика од порано, т.е и тогаш приметував само игнорирав зашто мислев дека сите се добри онака како што си замислував.
Дали е чудно да се биде изненаден од љубезни гестови? Сум поминала низ милион срање ситуации, особено последниве години, што сега дури и насмевка од странец ме усреќува. Или ако некој ми се обрати во нежен тон, или кога некој ќе ме одпоздрави или пише прв, чисто да видат како сум.. или пак кога некој ќе запамети некој мал детал за мене и ќе ме изненади подоцна со истото. Се спротивно очекувам. Незнам.. само посакував овој народ да имаше повеќе разбирање и емпатија. Ама многу барам, знам.
Форумов го гледам како засолниште. Кога и да се чувствувам нерасположено и осамено се уклучувам, си читкам и за кратко време се расположувам.
Често се прашувам,што се случува со луѓево.Дали јас сум криво насадена што сметам дека треба да поздравам ,да речам добар ден,а не да завртам глава,да се правам дека не те познавам.Толку ли е тешко да се поздрави некој,или се се сведе да се гледа низ призма на интерес. А тоа за емпатија, кога се работи за туѓа трагедија, сум забележала дека не ги допира,гледам само отсутен поглед,незаинтересираност,само нивното ,,јас,,ставено на пиедестал. И јас понекогаш имам потреба како Дионис ,да тргнам со фенер ,да барам луѓе.