Јас воопшто не сакам да ги поздравувам луѓето, не сакам да правам муабет, затоа и многу често сум декларирана како 'чудак, ама ми е гајле.
Можеби си имаш причина ,што не отпоздравуваш,тоа е твое право. Мене не ми смета ако е некој таков ,,чудак,, тој едноставно си е таков по природа .Мене ми смета што многу луѓе имаат различни аршини кога е интерес во прашање.Многу тогаш знаат убаво да се излигават. А јас не ги делам луѓето кој ми е од интерес,спонтано ми доаѓа да го поздравам и да се насмевнам,реков можеби е до воспитание ,можеби и природа.
Кога шефот е над тебе и ти вели 'Не знаете да работите, никој од вас не знае, има од понеделник сите да имате нови тренинзи, поради вас ќе изгубиме се, не знаете германски, што е ова?' И велат после ние сме биле разгалени. Ние што секој ден душата ја даваме по телефон, да му угодиме на клиентите, ние што даваме по 4000 ден секој месец за пат, ние што се трудиме секој клиент да го насочиме на правилното место и да му се даде правилата услуга, до нас е. Не до државата е. Разгалени сме оти шефовите ни се џигерат над глава? Тоа било претстава за шеф. Требало да се молчи и да се работи. Имало бетар шефови. Не, ова повеќе т. Е. Одамна не е држава, нормална држава.. Не барам идеализам. Барам напредок. Барам надеж, позитива. Скромен живот. Слобода за себе, семејството. Насмевка. Не барам милиони и палати.
Уклучи го мозокот на појако,Ајроне. Нешто вака: На кое место во кујната ви стојат крпите? Виледа вс Рандом Бренд.
Направи тема во која што членовите ќе даваат сугестии, т.е предлози за имиња на теми, на крај од неделата тој риплај со највеќе допаѓања, да биде име на нова тема.. Така ќе го опипаш прво пулсот на форумџиите, како се расположени периодот, и за што највеќе им се дискутира и во согласност со тоа ќе отвориш нова тема.
Во претсрет на празнициве отвори тема Јас сум Гринч и да се дружиме сите што мразиме нови години и слични работи...
Зошто ја имам таа енергија да привлекувам само класични балкански мизогинисти со менталитет од пред 40 години...Господе ме казнуваш ли?Ќе дочекам ли нешто нормално од машкиот род?
Дојде оној период од годината кога маркетите ќе земат се што е при крај со рок од залашки и ќе направат пакетчиња од тоа, и народот ќе купува и ќе носи на деца иако пакетчињата се најдобриот маркетинг трик на маркетите да се ослободат од производите со скоро поминат рок.. Совет од мене, купете кутија или кеса, и сами составете новагодишно пакетче ако сакате да дадете негде на некое дете, или проверете ги роковите на производите пред да го дадете пакетчето, ќе се изненадите од тоа што ќе го видите, ама негативно ќе се изненадите..
После тоа што го видов со погребите вчера, денеска неможам да се совземам ја осеќам тагата, болката, загубата, душата ми се кине
Ветуваа се и сешто пред избори, дојдоа на градоначалнички фотељи и одма почнаа да менуваат директори на претпријатија, да менуваат директори на училишта, наместо компетентни лица ставаат партиски потрчковци, читај тие што трчале да делат флаери и дремеле по штабови пред избори, посебно Град Скопје. Ветуваа бесплатен превоз, а добивме сменети директори на јавни претпријатија во првите 82 дена од мандатот на новата градоначалничка.. И не, не ме чуди ова, бидејќи ова вака функционираше и во време на режимот, сега само се враќаме на фабрички подесувања, а ова е само констатација на реалната ситуација.