Да, на пример тие шо си ги ЗАБОРАВИЈА децата во кола во лето во Ново Лисиче, заминале на слава да дрмнат некоја ракија. Сигурна сум дека сеуште имаат родителски права. Тоа е најмал пример, да не зборам за оние што ги тепаат или не дај Боже ги злоупотребуваат или ги продаваат сексуално. Сум размислувала и јас на темава и секогаш ќе сум да има евалуација на родител, да не се лажеме дека не може да се забележи дете кое е запоставено или злоставувано. Само кај нас сите вртат глава. А во однос на процедурата за посвојување, не само што е административен лавиринт, туку и дебели врски и многу мито треба, од искуство на близок човек. Не велам да нема евалуација за посвојување дете, ама како некој не рече еве овој нека е единствен сегмент кај што нема мито да бараме. Затоа имаме и луѓе кои не можат да стигнат до тоа да посвојат, а и деца кои се незгрижени. Ми се повраќа од системов.
Имаме комшии, скоро се доселија во зградата. Женава млада е, може има околу 30 години, има две деца, девојчиња и сопруг. Секој божиј ден женава се дере како психопат, буквално цела зграда ечи. Се слуша дека им се дере на децава, а едново толкацко е една година дали има сироткото. Лупа врати, крши прав психо. Случајно минував по скалите, дете како дете сака да си игра, така почна да се дере како луда и го плесна. Почна да плаче малово, толку ми падна жал. Дефинитивно треба да има евалуација за кој се може да биде родител.
Иста сум и јас. Слушам скоро се', зависи од тоа како сум расположена и каде сум. Плејлистата ми е нешто најшарено што може да се најде И не мислам дека е нешто лошо тоа... едноставно знам да ги ценам сите жанрови.
Јас видов слична ситуација со асистент на факс што ми беше. Чекав во ходник да излезе да го прашам нешто, човеков инаку префин, одмерен, културен, немам зборови према нас студенти како се понашаше. Беше внатре со ќерка му 4-5 години имаше, не сфатив ни зошто е тука девојчето, ни зошто му вика, мислам цела зграда се тресеше од викање и трескање(се надевам лупаше по клупите). Кога излегоја од просторијата девојчето беше скроз нормално на изглед, ни солза, ни намуртено, ни ништо. Тој ме услужи најнормално за тоа што го барав, ни грам нервоза не искажа. Очигледно таквиот однос им е/бил секојдневние дома и девојчето беше навикнато да не искажува во јавност. Вистина дека не сум родител и не знам можеби како треба, но од човек кој учел за да едуцира туѓи деца и зема плата за тоа такво одмесување не очекував. Ми се сруши сликата за него.
Кога бев дете омилени цртани ми беа "The lady and the tramp" и "Lion king". После деценија-две повторно го гледав "The lady and the tramp" и сега со овие очи, со оваа љубов и интерес кон дизајнот, сфатив колку е естетски прекрасен цртанот. Од самиот почеток со преубавата типографија со која започнува цртанот до секој детал поврзан со ентериерот на собите, облеките на луѓето, архитекурата на градот... мелем за очи! Почитувам нови стилови на анимација, ги има бесконечно многу, но тој во овој цртан е стварно прекрасен.
Што е можно постегната жицата околу носот иако не успева со сите маски ова, на пример оние памучните ми замаглуваат Ама тие немаат жица
Чудно им е на сите како може и метал и Балашевиќ да ми одговараат на увцето. И реално вака гледано не познавам никој сличен во музичкиот избор како мене. Не можам да се декларирам во ни еден музички правец. Или нешто ми годи на увце или не. Мило ми е што не сум единствена
Да се надоврзам на муабетов за правци на музика... јас слушам од хардкор (parkway drive, a ghost inside, stick to your guns, architects, итн), до рап (biggie, tupac, млад eminem, m.o.p., gangstarr, итн), до реге (soja, rebelution, the expendables, ballyhoo, итн), до панк (bad religion, pennywise, good riddance, ignite, итн) до класика и рендом други као john mayer, bon iver, lana del rey, avenged sevenfold, childish gambino, leisure, the view, raleigh ritchie, и многу други. Е сега слаба сум со балканскиве. Од наши, последно нешто што ептен ми фати увце пред пар години се Pluto's Doubts.
Сакам да кажам две работи: 1.За 7 дена славам 7 годишина овде, 7 години исполнети со многу смеења, многу превртени очи, многу нови работи научени, различни карактери, различни мислења, вежбање на самоконтрола и трпение. Абе ве сакам бее 2.Зашто некои луѓе на форумов не можат да дадат мислење за нешто без да го наметнат?Многу не поштувам такво мислење. еве антиваксериве пример.За кој к** имате толкава потреба да замарате зашо вакцините не чинат, како сите ќе умреме од нив, ќе останеме стерилни блабла. Не може да напишете КРАТКО И КОНЦИЗНО МИСЛЕЊЕ од типот на ,,Јас не би сакал/а да се вакцинирам затоа што сметам дека имунитетот кој што сум го стекнал/а преку пат на заразување доволно ме штити" или ,,Не би сакал/а да се вакцинирам бидејќи не се знаат ефектите од вакцините на долг рок" Шо има да убедувате некого не ми е јасно?Они зборат и зборат, постираат слики, видеа, фермани. Зашо пробувате да го наметнете своето мислење на другите?Поготово на тие шо сме веќе вакцинирани, шо ако ми постирате 200 негативни мислења за вакцнината?Можам да ја извадам од себе?Не. Или сакате криво да ни` е и душата да си ја изедеме, многу сте злобни, досадни и без осет.Преку онакво сте ми дојдени веќе, дај коментирајте си во другите теми, таму сте весели, паметни мислења споделувате, а не само да се шири негативна енергија. Исто и со атеистите, шо потреба имате да замарате како Господ не постои.За тебе не постои?Океј, не ми го дувај и не ме замарај мене што верувам дека постои, и нема да се караме. Не сфаќам зашо постои потребата од наметнување свое мислење врз другите, толку мислите дека сте паметни, дека сте супериорни?Дека сите мора да мислат како вас?Епа не, не мора, а и не е возможно, прво светот ќе е досадно место ако сите исто мислиме/посакуваме и се понашаме. И треба да знаете да прифатите некад туѓо мислење. Еве ја као си кажав пример зашто не почитувам проституција.Кажав ради тоа и тоа, и сеа нема да се замарам тие што ја поддржуваат да се одвратат од тоа.Сакате почитувајте ги сакате легнете ги, не е мое тоа.Ја реков дека ни би легализирала и одобрила проституција, но тоа не значи дека ја сеа ќе фатам на пола Фемина да и` објаснувам зашо и они треба да хејтаат проститутки. Не, неам толку време у животот, а ни воља тоа да ви го праам. Дај олабавете стварно, претпразнично место да сте весели и расположение вие се карате ко мали деца, мани тоа, на другиве ни` ширите бед вајбс. Не може да искоментира чоек нешто а да не му се пушти некој