Леле девојче...знаеш ли што е компликација воопшто?Ко што се подразбира под тој поим? Не ми се верува ни дека трошам време да враќам на вакви мислења додека мики маус медицината ме чека на биро да ме лаже.
Пола здравје дури не сфатиш со кој го делиш воздухот и до кај може да тера човечката глупост и простоќа. После тоа за плачење е.
Богами после сите постови на Теа, ја замислувам дека изгледа како перфектен модел од викторија сикрет. Ама у живо дефинитивно би била друга приказна
Треба да чекаме.Изгледа, отиде да ја прелиста книгата на пресвето знаење „Anti-Vax Wisdom-The Real Truth“.
Шшт, тивко, имам за спиење. Утре во 9 ќе ви прочитам приказна, сега касно е. На кој не му се спие, лекот е стап
Каков стап? Ако е направен од дрво што растело на село може, инаку не е здраво со градски стап да не тепаш.
Пошо госпожица, или госпоџа не знам уште што е, се извињавам однапред @Tea678 ме брецна во слаба точка, ќе се пробам да и објаснам како стојат работите со медицината и република северна македонија, како човек кому најмилите му се во оваа бранша. Нема да зборувам за таа група на наследници од династија доктори, оние кои се ухлебале пошто дедо им со Тито на времето кафенце си сркал, оние кои се напикани у партиски шупаци кај што ниедно дилдо не стига или оние кои имале среќа да налетаат во подобра приватна клиника во главниот град. Ќе збориме за поголемиот дел на доктори, оние кои се вработени кај газди кои абер немаат од медицина, ниту па од претприемништво, од жртви на систем кој максимално ги експлоатира за минимална капитација, ги опресира со тоа што им нуди само приватни специјализации за кои треба кредит да подигнеш за да ги платиш, пошто државните одамна се раздадени кај погоренаведените, не им дава осигурување на специјализантите, ги тера да идат да стажираат по различни инситуции како брза помош, ургентни служби за без пари, ги малтретира да не можат да земат слободен ден во ковид пошто на сите им се скурчи да дремат дома итн итн. Е истите тие од втората група имаат две опции во животот. Едната е да се пишат Бугари и да си го бараат местото под сонцето некаде на запад, каде нема да ги боли глава од шефови шерифи, од шерифи пациенти кои се знаат, од народ со една од најголемите антиваксерски и антиразумни нации и втора опција е да останат тука и силно да го испотат газот, еж да родат за да можат да си дозволат услови за некој псевдонормален живот. Мајка ми конкретно, моментално не изгледа како прелепотица и не ги задоволува критериумите на госпожата/ицата погоре. Коа беше најјакото идеше по 12 часа на работа, не пазеше што јаде ич, се будеше сред ноќ, немаше воопшто апетит, лицето и пропадна, и се направија поткожни масни ткива од што беше престегана со маска, сонот и се зеде, здравјето и се зеде, остаре и ослабе нагло. 50% од моите другари кои не сакаа да земат партиска книшка, не сакаа да земат кредит за да платат специјализација, не сакаа да работат за без пари, не сакаа да се издувен вентил за секакви будали си го фатија патот. Останаа и остануваат првата категорија на лекари, исто оние кои кур ги боли за медицина и луѓе, полагаат на бубици, гледаат колку да извлечат некоја 6ка за да се протуркаат некако, свесни се колку е саатот у државава, па цев ги боли дали некој го излекувале или не. Системска фалинка, како во секоја друга бранша. Така што доаѓаме до заклучок дека не е изгледот тој што е одговорен за тоа колку доктор е стручен или не. И не кај нас сите изгледаат како препички, врска нема со тоа колку е некој стручен. Е сеа дури вака се јадат лајна на форум океј е, ама ако ве фати зорт, тогаш да се помолите на тоа што се молите да ве прими некој кој знае што работи, без оглед на тоа како изгледа и да ви помогне. Пошто само тоа е битно. Ништо друго не. Имам уште многу што да кажам на темава, ама овде ќе прекинам. За покрупнички коли ли правиме муабет кукле? Пошто да, што покрупна, тоа подобра, а.к.а кажи ми што возиш еехехе