СДК систер те сакам најмногу на цел свет. Мило ми е што си подобра. Да бидеш уште подобра. Се гордеам со тебе. Иако си голема ти секогаш ќе бидеш моја помала сестра. Следнава година сакам да магистрираш да си ја исполниш желбата и да одиме заедно на одмор за паметење зошто заслужуваш. Иако секогаш сакав брат сега не те менувам за ништо. И одвај чекам да порасне син ми да го учиш математика и тие тешки работи што ги знаеш. Те гушкаме.
Посебно овој дел, ниту јас сум некоја што многу сака да збори ама живци немам за луѓе кога ќе ми одговорат со... Па да или слично нешто во тој контекст толку да не се знаело муабет да се направи, не ми се јасни таквите луѓе
Сдк ви љубоморам на сите што ја накитивте елката. Јас нема да имам можност за тоа .Сега не сум дома, следната недела ќе бидам, но нема да имам време, и на крајот на месецот пак си одам на пат. Па среќни празници без украси за мене
Деновиве сум многу носталгична. Слушам музика што сум ја слушала одамна, поминувам на некои места каде што одев пред повеќе години, готвам храна што сум ја јадела во детството. И не, не ми фали минатото. Само ми годат сеќавањата на некои други времиња, што не значи дека и да можам, би се вратила назад.
За жал, денес интелигенцијата се мери со тоа колку си школуван. Ако сакаш биди и пес по карактер, но важно е факултет да имаш. Важно е образованието во животот, но да си човек со морал тоа е најважно од сѐ. Демек ако не си човек со многу пари или образование, не си човек. Вакви реченици можам само да слушнам од души кој што се како хелиум балон. Души што се како хелиум балон се тие што летаат високо, а внатре се празни. Ако сакаш и 3 факултета имај, ама ако си немаш појма од морал, навистина нема што да кажам таму. Исто така, има луѓе со многу пари, наречени богаташи, што се издигнуваат со тоа што имаат многу пари. Е па, јас сакам да кажам нешто за таквите. Не е важно дали имаш цел милион или милион без 6 нули, заради тоа што гробот е ист и на сиромашниот и на богаташот. Така да, сите мораме да знаеме дека преценувањето на себе по образованието и парите, воопшто не е на арно. Немојте да бидете злобни. Тоа е нешто што мораме сите да го знаеме.
Целосно се соглсувам со мислењето баш она што го видов пред некој ден на tt, цел живот и едните и другите (богати и сиромашни) трчаат и на крај и двете паѓаат во едно место, таму каде што во лушпа од орев ќе бидеме сите сместени. За жал денеска се повеќе и повеќе изумира добрината кај луѓето..
Пишав во друга тема, ајде сега и тука, оти во темите за литература не верувам дека сите читаат. За Библиотеката Илинден во Делчево пред извесно време имаше повик по социјални мрежи за донирање на книги, немале доволен фонд од домашни автори. Знам, сега може некој ќе рече „па си добиваат пари, па нека си купат“, ама реално кај нас и не толку често се обновува книжниот фонд. Ако сите им пратиме макар по една книга, а не има тука доста, гледам има и луѓе кои имаат доста книги, ќе направиме една добра работа. Да направиме нешто добро, форумот стана само место за навреди и теории на заговор. Јас денес пратив неколку книги. Адресата е библиотека Илинден, ул.Светозар Марковиќ бб Делчево. Пликот го сецнувате на ќошот, за да се види во пратката дека сте ставиле книги, кажувате во пошта дека праќате книги, оти има попуст, и за некоја симболична сума ја праќате пратката. Извинете ако сум здодевна со постот.
Од сите места на островот, Кантина највеќе ме освои. Љубезен персонал,превкусна храна и пријатен амбиент. Мераци 10* од мене.
А уште поконфузно е кога таа личност е сосема поинаква во живо, односно ти обрнува внимание, зборува, се смее и сѐ е океј, ама затоа онлајн те прави да се осеќаш како што рече ти: како дома да си влегла (непоканета). Буквално имам праќано постови за убав ден или колку ми значи кои останале само на seen. Барем еден лајк да ставеше си велам. Сепак почнав да прифаќам дека едноставно таков карактер е, бидејќи мислам дека најбитно е да го земиш целокупното однесување на таа личност кон тебе. Но кога веќе станува нешто што не ти е подносливо и не сака личноста барем малку да го смени односот, тоа е тоа...
Господе, уште колку глупи интервјуа ќе поминам? Чисто трошење време. Си се вртам во еден бескраен круг. @Kimberly11 не грижи се, не' има повеќе.
Тоа што си декан покрај тоа што си професор не ти дава за право да се уклучуваш на час 5 минути покасно, и да се исклучуваш 5 минути порано, треба да го почитуваш времето и да не ни кратиш од часот.
Ај да кажам нешто. Секој со својте маки. Докториве,осетиле некогаш болка,знаат што е болка.....бараат помош,ама никој да не ги слушне? Не верувам дека го осетиле тоа....