Модерното мое grown-up водење на дневник се вика фемина. Обожавав да пишувам дневник па после неколку години се навраќаш на тоа шо си го напишал и се трескаш од земја колку ти се променило мислењето од порано.
Ако знаеш дека нема да го исполниш ветувањето, зошто ветуваш? Немој да си го трошиме времето чекајќи.
Значи настрана општите поскапувања, ама мора ли за секој празник да поскапуваат производите? Па посебно за православен празник!? Наместо да е тоа повод да намалат нешто, да дадат некоја акција и да може и тие што немаат да имаат богата трпеза, тоа е повод да ја поскапат храната. Значи слаткарата Делиција, толку имав за нив убаво мислење, сега ме разочараа. Пред една недела имаше една цена на посните колачи денес друга имаат, дека нели посните слави се пред нас... Пријателка вика гледала новчаник за поклон за некоја жена пред една недела, вчера отишла да го купи и бил поскап за 300 денари. Дека нели нова година иде.. Значи срам да им е! Мислам ова не е само годинава, секој христијански празник е вака со години. Ова мислам дека е обратно од она што го прават муслиманите. Кога и да има муслимански верски празник, кај газда муслиман во маркет храната што е потребна за негово славење е поефтина. Купи 2, третото гратис, ама не фиктивен гратис. Значи стварно се посолидарни и се за пример.
Многу посакувам да имам полароид камера, ама онаа оригиналната. Дома би си имала цел еден ѕид изреден со полароидни фотки.
Денес по втор пат одам да завршам работа во центар за јавно здравје, затоа што претходно нешто упатот не бил во ред. Добро нема врска. Ситуација 1 Стасувам си чекам ред, ред до вратата надвор. Влегував едно чиче последен и одма на висок тон почна да галами. Што е овоа? Овоа никогаш не било!! Нервозен се расправа некој ако се качи по скалите за накај шалтерот му се дере. Поминува медицинска сестра што го познава чичево и му го зема упатот, примерокот за анализи и целиот среќен и задоволен што си заврши работа преку ред, се симнува по скалите, го снема тоа бунтовно чиче. Од пациентите што чекаа одма го закачија, ама чичево не се дава, цела негова фамилија биле доктори(чега се паметан стиди, будала се поноси). Добро, помина чичето. Ситуација 2 Чекам уште едно саат време, стасав до шалтерот скоро и се качува забрзана мајка со дете, со епрувета во рака, директно на шалтерот, како да не чекаат позади нејзе едно 15 души. Нормално одма изреагираа тие позади мене и типкава ни пет ни шест им вика "нели ви е срам со мало дете сум". Чекај бее како и зошто да им е срам, луѓево еден саат чекаат имај култура брее, ако се брзаш прашај, замоли да те пуштат преку ред. И така, важно јас завршив работа некако, а тие после мене едно 30 души може имаше собрано до вратата до вечер може ќе завршат, некој ќе се снајде преку ред, некој ќе си почека. Премногу драма за едно утро. Морам да ја искритукувам и здравственава институција и вработените. Не може еден пациен по 15 мин па и пола саат да се држи на шалтер додека надвор чекаат луѓе до вратата. Ама вработените баш уво не ги боли, нека чекаат. Не знам како може кога гледаш колку пациенти имаш, ти да си тераш лаганица и да не се замараш. Важно сите се дотерани, натокмени како да не работат во здравствена институција туку на модна писта, а тоа што работата си стои и никој не ја тера не е битно. Така е кога се е партиски вработено само за плата да зима. Се прашувам каде ли може да се пријави, да видат од страна малку колку бедно изгледа целата слика во институцијава и како впечаток остава. Мизерии сме трулеж од народ, затоа никогаш нема да не биде.
Ги гледам (пред)новогодишниве понуди за у кафаниве. Важи дека ќе ви акнам 50 евра за една вечер, кога за истите тие високо фалични г дур певаљки и минијатури даски со испотени мишки отстрана не вреди ни четврт од таа цена да ја платиш. 50 евра од човек бе, настинале во мозокот овие.
Онај Фејсбукот, мис е претвори во 'Поздрави и честитки на наши слушатели'. Така ко ќе додајш старци од фамилијата Налет то, скроз се заебав, оти сега не мом да постирам на мојот мајчин, простачки јазик
СДК има некои луѓе ќе те насмеат ќе ти го направат денот интересен, а има и од оние кои шират негативна енергија дури и преку телефон или компјутер. Овие вториве прво да престанат да замараат а првите да бидата живи и здрави.
СДК не се чувствувам денес убаво, зошто се случуваат баксузни работи, колку и да сум упорна да ги решавам проблемите толку повеќе ќе се најдам во невоља таква што ќе ме разочара многу во животот, ако немам каде да се искажам незнам што ќе правев. Разочарана сум до бескрај но секој пат се борам себе си на позитивно да ми тргни мозокот, да размислувам на подоброто и да го избркан она злобното што секогаш знае да се пикне каде што не му е работа, барам излез или пишувам на лист и листот го фрлам или лажам дека добро ми е со цел да не дозволам животот да ме прегази со тоа што ќе се искажам на некого лично уствари ќе се натерам себе си да го кажам тоа на ниско ниво јас не би си претставила тоа како ќе се случи ама само што сакам веселост односно радост и сѐ да тече како мед и млеко.. нема ништо да тече како мед и млеко освен кога бегаш од реалноста и се замислуваш на седмо небо.
Толку мразам да зборам по телефон ( не дека у живо сум подобра) што некогаш сама со себе се расправам. Во денот подобро со по една личност да зборнам, за да не се случи како денес со 30 што зборував. Глава ме боли веќе.