Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Сдк да не испадне дека мрчам али ... до кога бе волку ќе се инвестира во пензионерите? Ај што имаат слободен превоз секој вторник, петок, сабота, бесплатно лекување во здравството, бања скијање и триста чуда...уште и пензиите да им се зголемат. Дo негде и ми одговара... ќе ми се зголеми џепарлакот од баба и дедо али сепак..Што е со другите луѓе на земјава што работат? Што е со луѓето кои ринтаат секој ден од 07 до 17 часот, па и повеќе? Што е со студентите кои имаат толку многу давачки? Што е со оние кои не се финансиски стабилни, деца без родители, оние кои воопшто немаат работa, или пак оние кои поради x причини не се способни да работат препуштени сами на себе ..?
    Што со нив?
     
    На Umbrella22, SparkyAngel, sadgirl21 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ова и го очекував од тебе. Ако не ти се свиѓаат моите постови, не ги читај. Не оди одма контра заааастани малкуу... Иначе никогаш не сум читала постови на гламстик, можеш да објасниш какви се? Баш ме занима.
    :*
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Некои денови едноставно не сакаш да завршат.
    Некои моменти длабоко во душата посакуваш да траат засекогаш,да се замрзнат.
    Уживаш во прекрасниот поглед додека го гледаш Скопје,слушаш песна и ветерот ти ја мрси косата.
    Се чувствуваш исполнето,но сепак по малку празно.. Како нешто да ти недостига,не е се потполно.
    Постојат вистински пријатели,тоа можам да го тврдам,но тие се толку ретки,како да ја бараш изгубената игла во еден куп сено,но некогаш ќе ја најдеш!
    Многу ми се исполнува душата кога некои стари бабички во автобус ми прават муабет,споделуваат интересни моменти и случки со нивните внуци. Но многу ме нервираат тие злобни погледи,бидејќи жената гласно зборела,па се вртат па гледаат,се чудам што ќе видат?
    Една стара бабичка со добра душа,што нема со кого муабет да си направи и очајно ги чека вторник и петок за да си ги види внучињата. Ама нека гледаат,и тие еден ден такви ќе бидат.
    Во брзо време сватив дека многу чудно делува кога седиш на некое повисоко место,уживаш во погледот и дишеш длабоко. Срцето ти се топли,и несакаш никогаш да станеш да си одиш накај дома..
    Исто така сватив дека некои работи мора да завршат,колку и тоа да не го посакуваме.
    Кога нешто не оди,не оди,со сила убавина не бидува..
    Тагата е лоша работа.
    Но кога ќе дојде среќата и прекрасното расположение,треба да се трудиме колку е можно повеќе да ја задржиме,иако е ретка сепак постои.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SparkyAngel, Dvolicen и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Нема подобар FEEDBACK од тоа родител да ти каже колку е задоволен од вашата работа ,
    и од тоа кога ќе праша,- Дали до година ќе ја имам пак истата паралелка - :) :muscle:
     
    На Mama25, Hipster, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Секогаш сме препуштени сами на себе.
    Кога сме среќни сами ги поминуваме моментите.Ама сме полни со ентузијазам :)
    Не дека немаме потреба да ги споделиме чувствата,туку потсвесно знаеме дека другите не можат да поднасат нечија среќа.Насмевката на лицето е кактус за другите.Зависта наттежнува на кантарот.
    Па не би сакале некој да ни упатува честитки со неподнослива доза лицемерна еуфорија ]:)
    Се повеќе би сакале да не видат во она друго нерасположение :(
    Тагата е се поприсутна околу нас.
    Кога сме тажни плачеме сами.Тогаш нема подобро друштво од дружење сам со себе.
     
    На Mama25, SparkyAngel, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Модерно во денешно време е , да му ја цицаш крвта на другиот, да му висеш над глава и да броиш колку повеќе пари од тебе заработил.

    Мршојадци !
     
    На EMoonlight, sofijanoka и kikiviki32 им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Е ова ти се вика-село гори а баба се чешла :rofl:
    Ах мори имелдо, за тебе може ќе пратат и специјална гарда војници па да си бираш кој да те носи ама ти како што си ненаситна ќе сакаш секој по нешто да ти фати. Можеш и на кров да се качиш, па со воен хелихоптер ќе те земе некој симпатично згоден пилот со разбацан војник во придружба.
    Абе не се заебавај, сериозна е работата, прави како што ќе ти кажат.

    Мене денов од настојување да ми биде позитивен ми се скисели од кучки и вештерки, а јас па се зимам при срце, на секој му се нервирам, а ништо во животов не ми зависи од нив ниту од местото каде што сум.
    Ама таква сум, подобро ќе се скршам внатрешно отколку да му дозволам на некој да ме искористува интелектуално.
    Ова денес беше еден од оние испади каде што дотичните забораваат на бонтон и на протокол за работа, кога мислат дека светот е нивни.
    Но ги жалам искрено, за да останеш закржлавен на едно такво ниско ниво на работа и однесување треба да си навистина неписмен, некултурен, неизживеан и омразен од околината па да се обидуваш да си лечиш фрустации преку другите. Можеби затоа остануваат сами, бидејќи никој не сака да си го троши животот со такви личности, исфрустрирани, ладни, одбивни.
    Ти благодарам Господе што ми го покажа патот кон љубовта и чувството на заедништво, соработка и почитување.
    Благодарност и до себеси што го збогатувам своето знаење и својот карактер на пристоен и човечки начин и што никогаш нема да се спуштам на толку ниско ниво на комуникација, со подмолност и лаги.
    А тоа што такви лицимерија ме кршат внатрешно, можеби и не е толку страшно, бидејќи имам љубов и разбирање со кои внатрешно се регенерирам.
     
    На ilipili, imelda и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  8. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Во последно време навика ми стана секоја вечер пред спиење да му се заблагодарам на Бог што и денес не разбудил мене и моето семејство, да му се помолам и утре да не разбуди сите здрави и живи.
    Иако знаев дека мојата желба нема теоретски шанси да се оствари, секогаш Му се молев на Бог да ми ја исполни. Се' давав за да се оствари таа моја единствена, голема и невозможна желба.
    Но Бог е секогаш тука за да не ислуша. Ете не знам како, мојата желба полека се остварува. :) Можеби се е само обична лага, не знам. Било дали е вистина или не е, таа се оствари, и тоа случајно. :)
    Им побарав на моите да ми стават икона на ѕид во соба, така секоја вечер ќе палам од тие округлите свеќички и ќе се молам пред неа. Планирам утре да одам во црква (Св.Недела), место каде на секое поминување јас и мојата другарка оставаме по една паричка во водата и се миеме. :) Сакам да ја дарувам црквата, и кажав на мама, а таа сеуште се чуди од каде јас толку побожна.
    Сега се молам само мојата остварена желба да биде вистина, овие моменти никогаш да не завршат. :)
     
    На Doozy, Barbie20, Golden и 6 други им се допаѓа ова.
  9. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Некогаш се прашувам како ме гледаат луѓето...каква сум ?
    Дали сум досадна кога зборувам ?
    Одговор немам,нема ни да имам. . . .но мислам дека некој не е досаден ако сака се да сподели со луѓето што ги сака.Јас сум таква личност,не зборувам многу,но кога зборувам-си зборувам :D
    Сакам да кажам се што сум видела вчера,денес...сакам да кажам што сум направила,сакам се да споделам па дури и најневажни,прости нешта.Ама добро ... денес така е ,не зборуваш -намќор си,негативен,лош,секаков ,зборуваш -досаден си,многу зборуваш и слично . Треба да се навикнам нели ? -Најверојатно :)
    И така за тоа размислував јас,се прашувам како да постапувам понатаму...но најверојатно ќе дознаам со текот на времето. :)
    Факт е дека секогаш ќе бидеме 'трн' во око на некој,секако.

    Пријатна вечер имајте сите :hug:
     
    На Mama25, SparkyAngel, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Што се случува со модераториве стварно не ми е јасно.
    Гледам сум добила неколку ѕвездички на мислење кое денес сум го оставила.
    Не знам кое мислење ми е избришано ама сигурна сум 19829182989218129% дека ни н од навреда или препукување немало.
    Или сум поставила прашање или сум одговорила на некое или сум дала мое мислење на одредена тема.
    Ништо конкретно и наменето за никого не усм пишувала зошто таквите мислења ги знам. Некои личности ги контролираат мислењата по тоа дали на нив им се допаѓа или не.
    Нема смисла ова стварно, крајно безобразна работа, треба да се преиспита кој овде е ставен за модератор или да им се објасни што им е работата.
     
    На Avenged му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    ^А зошто фино лепо не прашате по лп што се случило со мислењето и која е причината? :)

    Ми се спие ми се плаче мене, ама пустите серии и книги не ме оставаат око да склопам. Шта чеш, мора да се имаат приоритети во животот. :rofl:
    Се мислам да почнам со вежбање нешто, не го бива вака бре луѓе, се нешто ново почнувам, измислувам топла вода, ама џабе, два-три дена и толку, интересот отде јабана. Треба да одам, да фрлам негде грдни пари, е тогаш да видам дали ќе ме мрзи. Мислам дека само тоа е лекот за ваквите како мене. :wasntme:
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Затоа што како што кажав, не знам за кое мислење станува збор и не би знаела на кој модератор да му се обратам. |(
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.817
    Пол:
    Женски
    |( Па не знам, толку многу модератори сме што мислам дека е тешко да го погодиш. :D
    Дајте луѓе олабавете малку, ако имате некаков проблем пишете на кого сакате од четирите што сме тука, ние ќе искомуницираме и ќе добиете одговор за причината. :)
     
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    91.837
    Пол:
    Женски
    Како бе можее млади луѓе тинејџери,мали деци шо се вели да слушаат турбо фолк какооо ]:)
    Неможам да си објаснам,што осеќаат и како уживаат во таа музика ,шабанарии бе, шо правите кога ги слушате таквите песни :wasntme: сечете вени,ја трескате главата од ѕид,кејф ви прави тоа што на таквите песни играте на маса, мешате ,можете да испиете најмногу алкохол :?:
    А кога ќе слушнам па фраер со кола отворени прозорци и од таму ечи некоја шабанска песна ...
    Па кога ќе слушна на мобилен си ја поставил како мелодија за ѕвонење : нисам преживео неверство тове,...мешај мешај мала сваку ноч до зоре :fubar: Шо ви е бееее

    Разбирам стари YU хитови и ги поштувам таквите групи да не ги набројувам сите по ред затоа што сите ги знаеме и ги слушаме ама со овие новиве тешко нас ... |(

    не ме напаѓајте доколку се пронајдете овде :D секој одбира што сака да слуша,а јас само си кажувам што мислам .Чао :D
     
    На Marossa, sweet-cherry, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.611
    Пол:
    Женски
    Тој скапан момент кога во продавница има две каси,само едната работи и тоа на нејзе има 20 души пред тебе,а позади тебе да не се свртиш,и сите всушност имаа купено од секој производ по 3 паковања,а сирота ти чекаш да ти наплатат за едно пусто лепче.. |(
     
    На Elennaa, EMoonlight и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Абе драги плитки, прости девојки џабе ви се долгите обетки, пегланите коси и црвените кармини кога една реченица незнаете да сврзете.
    Страшно е да пробаш да разговараш со личност која нема основна култура , и која освен пцовки друго и незнае да каже.
    Го брукате женскиот род, "дами" низаедни. |(
     
    На Mama25, SparkyAngel, anggell и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Што е тоа во луѓето тажно,што живеат во животи туѓи?

    Mood: Questionary :?:
     
    На Srckata28, LittlePinky и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Злато, а можеби мислењето не ти е ни избришано, можеби е префрлено во посоодветна тема или пак самата тема е избришана затоа што е непотребна или дупла па со неа отишле и мислењата.

    A можеби си добила ѕвездичка за постаро мислење за кое веќе имаш ѕвездичка/и. Тогаш, тоа си останува на старото место, не оди последно. :)

    Слободно прашај ја Реин, ако се мислиш кај да прашаш, како што е глобален модератор би требало да има и повеќе информации и овластувања за темите. Не се разбирам, се извинувам ако грешам. :$

    Би требало да го добиеш одговорот ако знаеш на пример за колку ѕвездички се работи, пример дали се во последните 10-20 и слично.

    Се случувало сама да ми пише за избришано мислење и повод пред да приметам дека ми е избришано. ;)

    Слободно исконсултирај се, затоа се модератори. ;) :)
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    11.712
    Многу креативност денес.Со моето душиче сме влезени во некој филм на модни креаторки :D
    Цело попладне го поминавме во креирање на креаци од висока мода :lol:
    Сите кукли ги дотеравме.Еве сега заспа како јагненце,уморно оно на мама.
    Ја набљудудував додека спиеше, не ми се верува до ден денес дека имам вакво ангелче.
    Потполно сме два различни света.
    Она е толку нежничка.Обожава се што е розево,ги сака своите барбики повеке од се’,ја сака модата(ги забележува и најситните детали)незнам како да ви опишам,ама буквално е мала принцеза.Чудна ми е.
    Додека мајка и на нивни години беше тотална спротивност :D
    Јас мразев барбики,мразев розева облека,мразев гушкање.Бев тотално ладно и намуртено детиште.
    Си мислам дека годините ме сменија,особено пубертетот а во задно време огромно влијание има мојата принцеза.Ме советува на големо,чипиш на мама-Мама да не заборави да си го избришеш лакот,ич не е убаво така ...им се чудам на годините( јас многу сум била загулена како мала,не дека сега сум нешто по)
    Срце на мама,ти си мојата гордост!
    (треба почесто да пишувам на вакви теми, еднствени каде неможам да мрчам)
     
    На Monna.Monna, Mama25, Golden и 7 други им се допаѓа ова.
  20. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    :) :) :) :) убава и слатка ноќ на сите......... :) :) :) :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anggell, bubamara12345, kikiviki32 и 1 друга личност им се допаѓа ова.