И јас така мислев ама ваму не ми е. Како што вика @Ajronmen до забарот е. Овие и двајцата се супер и не ги менувам.
Абе имаш луѓе ко мене што во животов немам расипано заб, само за вадење сум одел ко помал за млечните, и тоа некои. Сега брзо ми се скрши заб абе премрев од страв, миризбата, самата машинка ми ја тепа цела психа. За чистење на забен камен шо одам и еве за скршениов заб шо треба да ми го пломбира сега.. абе ден пред да одам на заболекар, блед крпа сум и само на то мислам ич не спијам.
И тоа не е страшно и болно ако одиш на заболекар често СДК Психички отепана. Работа, студирање и социјален живот сведен на 0.
Не ми требаат пола од работите што ги купувам, но шопингот ме релаксира премногу и ми го разубавува денот. Затоа ќе продолжам да си купувам работи што ми фаќаат прашина по дома.
Страшно е забар. Уште се плашам. Ама поќе мака имав ко одолговлекував и одлагав наспроти сега кога одам и на контроли и за ситници. Стисни заби и оди совреме. За да не боли ... Толку.
Денес седнав да пијам кафе во еден кафиќ повеќе би рекла трафика со столови под чадори. Кога дојде време за плаќање,келнерот ми кажува дека не примаат картички. Јас му кажувам дека ќеш немам (никад немам ќеш ),а тој еден прељубезен вели “Имате во трговскиот внатре банкомат”. Отидов веднаш извадив, се вратив и платив оставив и бакшиш. Муабетот ми е дека дечкото ризикуваше нели,може да си помисли да не се вратам да си го платам кафето. Може да си помисли дека сум си заминала и никому ништо. Ама ете дечкото научил дека има денес луѓе,чесни луѓе. Ако ова се случеше во Мкд веднаш ќе беше друга приказната, веднаш ќе побараа лични карти и не знам ти што. Јас се изненадив!
Сакам да кажам да гласате за Македонија на Детска Евровизија Имаме одличен пакет, и сме меѓу фаворитите за победа. Еве дел од денешната втора проба: Гласањето е бесплатно и морате да гласате за три изведби, меѓу нив секако и за Македонија Може да гласате и до 20 пати до недела 15:59 и е бесплатно. Повелете линк за гласање: https://vote.junioreurovision.tv/ Број 18 сме ние П.с.: НЕ гласајте за Полска и Ерменија никако, а ниту за Франција, Русија и Италија како други фаворити за победа на публиката покрај нас Ширете пропаганда , да се покажеме како нација и да се радуваме на успехот, ако не и победата која можат да ни ја донесат дечкиве, имаме потенцијал, а многу зависи и од нас
Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде да не би одново да Те раздадеме! Толку го демне срцево голомразица да не би Те запретеаме во фрази, па како сите умници на светот што саможивништвото за вјерују го прифатија, да се извикаме гордо и клето: Ubi bene ibi patria! Гане Тодоровски Болка си ми Македонијо
Го читав ужасот на монструмот внук кој си ја убил бабата за пари во Белград. Ја давел па и ги извадил очите,па ја бодел… Ужас, син ѝ напишал добра порака на фб, ме наежи. Не знам какво срце и душа треба да имаш на ваков начин да и го честиташ роденденот на баба ти. Убав подарок,карта до рајот во еден правец. Ужас, морбиден ужас. Нека почива во мир жената.
Има и полошо, за време на трудноча се здебелив 50кила и ја дадов целааа моја гардероба мислејќи ќе си останам буцка, за 6 месеци после пораќај да си ја вратам килажата и да си ја купувам иста гардероба што ја имав предходно, за некој парчиња душа ме боли
Проф. Вања Филиповски никогаш почуден неизлегол на тв од денеска, гостуваше на сител сабајле, незнам дали само јас воочив дека нешто не беше во ред со него, ахх професоре што и да ти се случува издржи потребен ни си на нас студентите.
Одам на масажа за да се релаксирам, ама пред тоа секако кревам паника дали ќе го најдам салонот, како ќе изгледам кога ќе се соблечам, дали ќе најдам паркинг... My middle name is паника.
Не ми ја јасни фризериве, имаат фризерски салон а не знаат дека ако триеш мокра коса со пешкир и ја чешлаш грубо додека е мокра е најголемо зло за косата. И упорно.
Sakam da kazam deka vcera po prv pat posle tooooooolku mnogu vreme zapoznav momce koe sto e NORMALNO,pametno i ima smisla za humor, ne sum se nasmeela taka podolgo vreme
Почитувани, не можам да најдам опција за бришење на мојот профил и ме интересира дали е возможно од администрација да бидат избришани мојот профил и сите мои постови? Во периодот додека бев анксиозна се расфрлав со многу искреност и приватни податоци тука кои беа злоупотребени од некои членови. Кај моите родители деновиве дури стигнале гласила дека лупетам по форумов за моите проблеми, членови кои немале друга работа па дошле до моите податоци распрашувајќи се по локални жители кои ме знаат, оти бев "будалесто" преискрена тука. Македонија е мала, јас бев преискрена, мојата сторија не е секојдневна, пишував дури за местото каде сум омажена и некои членови ја злоупотребија истата. Немав ништо што да кријам. Сакав да помогнам со моите искуства најдобронамерно, но многу е непријатно кога најмалициозно ви ги вознемируваат родителите, само заради тоа што бев анксиозна и искрена и споделив последно реална приказна за мојот геј брат и неговите искуства во поглед на дискриминацијата кај нас. Секако тоа им падна интересно и сакаа да дознаат која сум па лесно дојдоа до мене поради мојата искреност. Благодарам однапред.
За жал, не може. Нема опција за бришење. Пиши кај администраторите, ама не верувам дека ќе може да се избрише профилот.