Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Се научив да играм табла бе.
    Ептен нервозна игра. Барем за мене :D
    Се осеќам као шериф кога вртам тоа коцките. :D
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Како стигнувате да завршите сè за 24 часа? Како успевате да сте домаќинки, мајки, тетки, другарки, да ги завршите работните обврски, да прочитате книга, да пиете коктелчиња, да одите во солариум и да им посветите внимание на сите флертувачи? Озбилно прашање е ова, не е реторичко.

    Читам како АнаКаренина меркала книга, а моите четири наслови, во три различни соби и на компјутер стојат некаде до половина, зашто нема за нив време да бидат завршени толку бргу колку што би сакал. Што попрво во она време кога не сум опседнат со она што го нарекувам обврски... книгата ли, фејсбукот ли, форумов ли, телевизорот ли?

    Се сеќава ли некој кога последен пат вистински седнал да слуша музика? Да, музиката е како книга, најубаво се доживува ако седнеш и пуштиш поглед некаде во далечина и слушаш што авторот на одредено музичко парче има да пренесе. Нема време за музика, има време само попатно, како што велеа Хладно Пиво „да нешто свира док пере или куха... да народу скрати оних осам сати...“

    Да не зборам за заборавените пријатели, кои веќе не се ни јавуваат, само си праќаме абер по социјални мрежи. Немаме веќе време ни смс да напишеме, зашто толку стана брзо модерното време, што повеќе од 140 карактери се премногу потрошено време. Згора на тоа, може покана за пиво да падне, од куртоазија нели, па да нè стави во непријатна позиција двајцата и каначот и поканетиот. Не, подобро тука, анонимно и офлајн да си напишеме по нешто...

    И знаете која е најголемата трагедија на моменталната ситуација во која секој од нас посебно се наоѓа? Сигурно во иднина нема да има повеќе време, ќе има сè помалку и помалку, додека еден ден или мозокот не ни еволуира нагло во компјутер или не се распрне во собата и го ошљака мониторот со крв. Тогаш ќе дојде крим техника да слика, а некој од техничарите ќе направи селфи со крвавиот монитор и сликата ќе ја објави на својот профил со текст „How ironic“.

    Ставете уште едно кафе, денеска ќе спиеме само 4 часа, има да го дочитам тој Хемингвеј па мајка Јана да е.
     
    На WarriorAngel, nevermet18, calliope и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.996
    Допаѓања:
    164.518
    Се молат ингорантните кучки да престанат да кукаат како фб е преплавен со негативни вести и да апелираат да не се споделуваат затоа што ги вознемирувале.
    Затоа што во минатото сите ние останати бевме сочувствителни со нивните невољи и ги разбиравме, додека сето тоа го правеа јавно на фб.

    |(

    На никого не му е сеедно да чита вест за убиство на девојче кое останало само само 7 минути.
    Ама ова е оној дебил од личност од основно кој го вознемируваше цел клас, а наставниците и педагозите, како и психолозите не сакаа да работат со него. Бум, се претвора во убиец подоцна во животот.
    Еден таков до моето одделение ја крши жена му од ќотек моментално. Кај и да е ќе ја убие.

    Општеството е вакво од игнорантни глупаци. Игнорантно население, игнорантни просветни работници, психолози и педагози, игнорантни родители, игнорантни соседи кои ќе зборуваат само што некој прави, а ако премине во насилство не реагираат и се така до бесконечност, игнорантни колеги.
    И така.
     
    На Elenaaaaaaaa, Monna.Monna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Животот е една слика.
    Од самиот себе зависи дали ќе одбереш хартија или ткаенина за да сликаш по неа. Од тебе зависи и со која техника ќе сликаш. Иако двете не се вечни, па и двете подлежат на временски неприлики, сепак едната ќе има поголема вредност. Нема да се гледа нејзната вредност во техниката на сликање, ниту во изборот на материјал, зашто секогаш пресуден фактор е темата и боите на сликање.
    Животот е само...
    Слика која ти ја отсликува душата.
     
    На kala21, bittersweet, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    35.198
    Пол:
    Женски
    Може ли бре на прав пат, ти да се спрепнеш од ништо и да паднеш на земја?!

    Па да, може, ама тоа само мене може да ми се случе. :rofl:

    [​IMG]
     
    На DelRey и Summerlover им се допаѓа ова.
  7. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Ви се вратив и јас од одмор, немам одено 5 години откако се роди сестра ми. Испадна за џабе сум викала дека не убаво на одмор :D ама како дома нема никаде, едвај чекав да дојдам и да си легнам на мојот кревет и да пијам вода од чешма. :D Сите што не сте биле долго време, ич да не се мислите и да одите, убаво е да смениш малку средина и да се тргнеш од сите обврски. ;)
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Majка ми и татко ми + технологија... :D

    Мама знае често да се слушне со роднини, онака после подолго време. И така пред некој ден се изнаприкажале на телефон со една братучетка, колку ѝ пораснале децата и се тоа, па ѝ порачала на фејсбук да отвори и да види, имало семејни фотографии од некоја прослава.
    Ѝ ги отварам јас сликите, и одеднаш зачудено ми вика:
    - Абе зашто имаш само опција „не ми се допаѓа“ на сликиве?
    - Затоа што веќе сум ги лајкнала бе мамо. :D

    Ова со лајкот, секогаш ова ѝ го објаснувам кога ќе ми побара да ѝ покажам нешто на фб. :D

    А татко ми пак, стално го меша титкањето на мобилниве за слаба батерија, со звукот за порака. :D
    И ова мојов телефон, ко за беља во последно време секад наоѓа да се испразни во ниедно време во ноќта, изгледа летно му се пореметил биоритмот и него како на сопственичката. :lol:
    Еднаш така пред некој ден ме зафркава тато:
    - Aаа ова некој дечко да не е во ова време? :wasntme:
    - Неее тато, сла-ба ба-те-ри-ја е! :rofl:


    Никој и ништо не може толку слатко, од срце да ме насмее. :D
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Moonstone.17, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Во глава ми се врти сликава.
    Жално.
    Како идат деновиве,така се повеќе ми е жал.
    Всушност,нема потреба до зборови.
    [​IMG]
     
    На Sexybaby86, eliesaab, anuskaNESTLE и 11 други им се допаѓа ова.
  10. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Зошто постојат луѓе кои од својата гордост и его не виделе подалеку,како чувствата на другите да не се битни,бравос,ама на крај таквите сами ќе останат,за нив само едно ИГНОР ништо друго. 8)
     
    На DelRey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Кафица :coffee: + Tengo ganas de ti :~: = Совршенство :lol:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    се омажив и се преселив во америка.извини за доцниот одговор тек сега гледам дека си пишала :tmi:
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.170
    Пол:
    Женски
    Во летниот период од годината ноќта е пократка од денот,но некако е помистична и едноставно поубава.
    Целосната атмосфера и енигматиката ја прават поволшебна од денот.Се е смирено и тивко,а уличните светилки и семафорите го осветлуваат патот.Околу месечината се распослани безброј ѕвезди кои создаваат прекрасна глетка додека се чувствува свежината на летниот воздух.
    Време за релаксација и смирување, моменти посветени лично на себе, долги разговори што не поттикнуваат да се отвориме и да развиваме длабоки дискусии само во тој период...
    Романтика,задоволство и различни можности за забава,а за некои тонење во сон.
     
    На SparkyAngel, vinozito1 и julie77 им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Се возиме со татко ми и поминуваме тука низ Чаир. Ми вика:
    - Брзо отвори прозор. :geek:
    И тука почнува да се шири миризба на ќебапчиња од сите страни.
    - Ај сеа убаво мирисај. Јас те частам. :D

    После одиме во Тинекс, ми се врти: - А сега? Што сакаш да мирисаме? :D
    Се намирисавме, што се намирисавме и си дојдовме дома, да си кркаме петочно тавче во гравче. :D

    Уште нешто сфатив. Ако некој ме праша колку е 4 по 6, нема да знам да одговорам.
    Ама ако ме праша колку е 6 по 4, ќе знам дека е 24. :D Не знам што ми е проблемот, ама ете. :D

    Ми рикна лаптопот, така што можно е одвреме навреме да почнам да пишувам со точки, наместо спејс. Пошто на компјутерот не ми работи спејсот и цело време копирам и пастирам празен простор. ]:) Мамата. :D Ај само нека остане на тоа, да не се повтори она од минатото лето, кога цела жива техника ми поцрка. :D Чак и без сијалици останав. Некој ме колнел ова гарант. :D
     
    На ivana63, mileystar, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Како бе тавче ВО гравче? Глупите Срби што не знаат да кажат Тавче гравче, ај, ќе простиме, глупи се, ама како ти не знаеш како се вика едно од најстарите, најтрадиционалните и најмакедонските јадења? :o

    Резил. Тавче - Гравче. Толку едноставно. И едноставно највкусно.
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    ^^ А бе таман работа, се зезам. :rofl:
    Интересно ми е да вртам зборови. Како биксквити, континент - елемент - компликација наместо комплимент, лабаво/лавабо, коресподенција наместо коинциденција итн. :D
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Оригинално: Тавче - гравче ... По логика: Гравче во тавче ....

    Само никако: Тавче во гравче :shake:

    Хухх :whew:
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Кога сме веќе кај гравот.....
    Ние денес јадевме посебно гравче.Специјалитет на м.м.Го варил,варил..... солил, солил.... :lol:
    Но нас ни беше најслатко гравче до сега.
    Е сега сме само на вода.
    Јас сум голем љубител на гравче, но варено во грне, купено на пазар, посебно тетовско.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Понекогаш посакувам да сум сама во четири ѕида.Да седам и размислувам или пак воопшто да не мислам.Понекогаш и разговарам сама со себе,барем знам дека зборувам со паметен човек.И така зачудена или воопшто не од денешниот суров свет.Луѓето на кои сум им верувала,секогаш сум била тука да го ислушам нивниот проблем и да им дадам совет ми свртиле грб.Од ова барем извлеков поука дека во денешно време на никој не можеш да му веруваш..нема луѓе(освен твоите родители)кои ти мислат добро.Никој реално не те сака кога си поуспешен од него,луѓето се плашат од таквите..ама барем знам дека вредам.Затоа фала на сите,без вас немаше да бидам толку јака и толку желна за успех, а вие останете си со ограничени умови.Од мене толку.Едноставно имав потреба да го пишам ова.
     
    На eliesaab, anggell, SimonaTino и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Домашниве заборавија како изгледам што ме немаат видено :rofl:
    10 дена одмор, недела кај тета, недела кај баба, сега пак ќе одам кај тета :D
    Сите се разбегавме, мајка ми и татко ми на бања во Бугарија, јас во Охрид, брат ми во Грција, баба и дедо сами дома - чуваат ќука :wasntme:
    Утрово кога дојдоа мама и тато да ме земат од кај баба ми, не ги познав. Алал да им е :rofl: Толку боја јас во живот нема да фатам :lol:

    Комшиите прават свадба утре :dance: Че паднит играње :rofl: Нема да се жалам за нозеве, мора да се покаже и новото научено оро :geek:
     
    На ivana63 му/ѝ се допаѓа ова.