^ На плејлисти највеќе реклами има. Една по една песна неповрзани е најдобро, бар колку толку реклами избегнувам.
Јас тогаш почнувам да вриштам Имам едно видео баш ќе ѝ пратам на @Dream-Girl сеа на инста Си вежбав, пуштена музика што ми прија.И одеднаш почнува индиско.Ми се стемни значи
Скокам од када одма и одам да притиснам "skip". После се враќам и си продолжувам со туширањето. Лом правам се, цело купатило мокро.
Многу ми е жал за луѓе што од его не можат да побараат помош. Потребна им е, ама ниската самодоверба не им дозволува да прашаат. Се замараат кој што ќе мисли за нив доколку побараат помош и доколку нешто направат со помош, а не сами. Секако подобро е чувството кога нешто сам ќе си напраиш. Ама ако некогаш за нешто ти е потребна помош, токму барањето помош те прави поголем човек. Си проценил дека не можеш сам и си го решил проблемот со тоа што си побарал помош. На крајот од денот тоа е битно; нештото да биде завршено. Нема чаре од его.
Не ми е јасна потребата од формалност и љубезност кога некој ми пишува само од корист. Мислам, океј е, знам дека не ги интересира како сум, нити пак што има ново. А и јас сигурно нема да почнам да им раскажувам за мојот живот, само ќе одговорам со - добро сум. Е, после тоа, доаѓа најтрагичниот дел каде и јас "морам" да глумам дека сум заинтересирана и прашувам како се тие. Па, дури откако ќе потврдиме дека и двајцата сме добри и среќни, доаѓа долгоочекуваното прашање или молба Само едно здраво и прашањето веднаш после него би било многу подобро. Барем ќе ме поштедат од целото ова лицемерие ако не друго.
Потпишвам. Морам да прокоментирам. А некој ми пиши дирек со "еј демон4е како си од кога се немаме видено хаха, како е животот? " знам шо следува. Особено ако 6118273 години не сме имале контакт. Кажи шо сакаш, ќе се договориме, па ќе збораме после за кај сме и шо сме во животот оти вака се осеќам дека ме прашуваш само за услуга да добиеш. А можда и вака е фер и културно, а јас дифтар. Не знам. Јас обично клизачи влегвам па после се освртнувам на формалности, а и вистински интерес за то шо прашвам.
Сдк Кога на национална основа кажуваш дека немаш права, те молам и да ми ги наброиш. Немој 5 минути да молчиш како мисир и после пак истото да го повторуваш како расипана лента. Или имаш опција воопшто и да не дискутираш со мене. Неосновано жалење кај мене не пали.
Ти лајкнав уште вчера, ама толку се вознемирив што не можев ништо да напишам. Ова е еден од тие моменти кога осеќам пелин. Чист пелин, ме боли туѓата болка, а приказнава од девојката ми направи таква нервоза, способна сум вакви некои со голи раце да ги задавам. На долго и широко сум пишувала зошто ја мразам државава, ова е една од причините. И искрено не е толку проблем што згрешиле. Секој греши кога работи. И јас сум грешела, и ти си грешела и сите кои не читаат грешеле. Ама човечноста, стручноста и совеста се познава кога веднаш ќе реагираш на таа грешка. Што ја коштало веднаш конзилијарно да се консултира, да собере медицински тим или одма да ја прати у Скопје. Егото на напувани, себични и ухлебани доктори е тоа што пресудило. Да ја прателе веднаш после царски девојчето можеби уште ќе имало репродуктивни органи. Ама знаете што? Родилката од Дебар остана без 3 органи и комисијата изгласа дека сељакот не е крив. Ако не читаат, борете се девојки. Борете се со сите атоми сила. И за вас и за сите други жени во вукојебинава. Некој мора да одговара.
Кој ќе одговара бе Кате? Кој? Оние кои збореа “Па добро изгореа тоа е што да правиме”. Или пак што секој ден ќе дава оставка дур не ги наполни швајцарските сметки со испрани пари. Одговараше ли некој за родилката што почина во гевгелиската болница? За таа без три органи? Никој нема да одговара Кате,случајот ќе се заташка како и сите други. Најтрагично од се е што прочитав дека докторката и рекла дека треба да и биде благодарна што и ја спасила матката. Може само да и се заблагодари за чајот и рузмаринот и за нечовечноста. Ах,мори Кате моја Кате Какво време дојде еднаш да родиш и шанса за ниту еднаш потоа.
Мислам дека има платена опција за без реклами, така нешто ми се чини ...Мхм, Youtube premium се викало. Пари од негде мора да идат, како инаку.
Вака? Инаку е ептен фрустрирачки, дури ни да пуштиш нова песна пред да заврши таа што ја слушаш не функционира Youtube kids е ads free ама не знам дали е достапна нормална музика на него