Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.913
    Допаѓања:
    24.186
    Пол:
    Женски
    „Одлајкувачите“ пак се активни.
    Get a life, people ! |(
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Пак и пак.........И ПАК.......


    Би рекла,не можам да верувам,но јас веќе верувам.Значи со какви луѓе живеам,од какви луѓе имам некои коренчиња чудо чудосано.

    Не ми се верувало,ама веќе знам.

    Некој толку близок,а толку далечен...

    Гени би рекле,ама јас викам до начинот на одгледување,воспитување и себенадоградба е.
    Не можеш на луѓе од 80 години кои цел живот го поминале практично во пештера да им кажуваш што е бело,тие си го знаат само црното и до него ќе си стојат засекогаш.А тоа и не е толку далеку.... :wasntme:

    Во ред,одамна се откажав коренски да ги променам луѓето.
    Пази,ова,коренски :D :lol:
    Но....

    Секогаш истото но,а?! :^)

    Ама никогаш не би помислила дека некој со кој сум во мнооооооооогу блиска генетска врска би ми посакал зло.

    Дисордр некаков а. :fubar:

    И не,не халуцинирам.Секогаш сум самокритична и прво се преиспитувам сама себе,понекогаш дури и повеќе од потребното,но.....Вистина било!


    И така,подобро пазете се дур имате време,да кажете не сум ве предупредила.
    Изроди. |(
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Да знаете само колку ми е драго кога во темите каде бараат филм или песна им го најдам тоа што долго време го бараат, чувството е ^_^
     
    На crazylady, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eliesaab и 17 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.818
    Пол:
    Женски
    Уморна сум,телово ми вибрира чудно,ми се мати пред очиве.Секогаш ден пред и самата слава на свекрва ми,дехидрирам ми се чини.Како поминуваат годините се потешко ми е.Среќа сите гости поминаа преку ден,та да си дојдам на себе.Од миење садови и мирисот на рибата не можев цел ден залак да ставам во уста,а мора да се работи сите чекаат од тебе.
    А јас...ми доаѓа да заебам се и да ја фатам првата кафана,да пијам и да трескам,да ја исфрлам маката од мене.Ми скиснува од уценувачките потези на маж ми,разгаленоста на децава,непознати луѓе на трпезата.
    Да ме замае димот од цигарите и песната на Тома.И мачоров не ми рамен со оглед на моето психичко расположение.
    http://www.youtube.com/watch?v=T29zG1BFE74
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Во мене се наоѓаат некои скриени нејаснни навики...
    Како сега еве ме боли заб особено кога џвакам мастика и цел ден како да уживам во болката намерно на тој заб си ја притискам мастиката, а кога притиснам мислам мозокот ме здоболува :@ ...

    инначеа сакав да кажам овој мојот никогаш нема да престане со глупости. -Ми вика направи список што да земеме за на одмор и му викам направено е се ....
    - после неколку минути демек мислеп што треба да нсе купи или земе ми вика еј абе нешто си заборавила
    а јас му викам кој јас ? Неее нема шанси јас нешто да забравам и он ми вика абе си пиша да не си ги заборавиш мускулите ? :o :tmi:
    aj aj aj ке има ќотеци гледам јас и после ми вика абе сонце се зезам и јас ваква :inlove: и кога ми рече не ти треба мускули ке ти купам гума со шатка :o :clap: :hai:
     
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Си ткаам желбички,кога душата ми трепери од летниов дожд,понекогаш сакам така добро да ме наврне што фустанот во црвена боја ќе ми се залепи за кожата, да не бараам нечија стреа, намерно да го заборавам чадорот.Разиграна од среќа со боја на милион пролетни цветови.

    Умеете ли вие да го впиете градот во кој заспивате?Живеете ли со сите негови недостатоци и убавини,го сакате ли во маглата,се криете ли во неговото срце кога надоаѓаат бури?Чувате ли за него приказни некои оддамна од дедо ви раскажани?Живеете ли заедно со неговите калдрми,дишете ли со него во доцната есен?Знаете ли за неговата вечност.Ќе умеете ли да ја запаметите секоја негова улица и секоја негова зима ако еднаш ги спакувате куферите и од зад прозорецот на возот минувајќи низ него се простувате?

    Мојот град има душа,истрошена и понекогаш мириса на липи.
    И кога јас не живеам во него тој живее во мене.
    Талкате ли некогаш и вие со него,кога душата ви трепери како свеќа на дожд,имате ли вие своја светилка во мракот во тој град?
    :f: :rain:
     
    На Mama25, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Никој не ги памти многуте случаи кога постапуваме правилно...се памти само оној случај, еднаш, кога ќе згрешиме.
     
    На Sexybaby86, eliesaab, Elennaa и 13 други им се допаѓа ова.
  8. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    сдк дека чекав и дочекав распоредот да си го видам за другата година :nod: овде кај нас сите чекаат за распоредот оти ако ти е зафркнат цела година ќе пукнеш и се молевме сите да се паднеме во добри класови .. и кога видов дека имам lunch со другарка ми почнав да скокам низ дома и несакајќи скрив чаша :rofl: :rofl: бруки :D од среќа , ама немаме час заендо :devil: и нели има да земеш изборни часови , епа јас си избрав ликовно музичко и фашн и тие ми ги ставиле сите + празен час .. минатата година зедов празен час и си викам оваа година не земам и тие ми го ставиле без моја дозвола |( и тоа прв час [​IMG]
    ама еве го во распоредот тоа Study Hall е празениот час одвај чекам да почнеме луѓее , некој не сакаат нашколо да одат ама јас одвај чекам ова лето , во македонија нејќев да чујам [​IMG] барем тоа ми се погоди , да ги мапирам класовите уште сега почнав и ќе има многу бунење за да ми го сменат тој час [​IMG] ама барем задоволна сум музичко прв геометрија втор , ај нема врска само ќе патувам 5 милји за да појдам од училница до училница
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled-1.jpg
      Untitled-1.jpg
      Големина на фајлот:
      45,4 KB
      Прегледи:
      346
    На Trnche и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Четири, значи ЧЕТИРИ дена некој во комшии нон-стоп пушта албанска музика, без престан. Значи океј е, али и В. Хјустон и Иглесијас четири дена да ми пеат ќе се шврцнам бре, алоо! Осет малку. :worried:
    Не се издржва ова појќееееееееееееее. Тапан ми е главата. :doh:

    Се радувам што за неколку часа повторно ќе снема струја, па малку да одморам глава. :sweat:
     
    На Anabelle.Amorette и makedonkamak им се допаѓа ова.
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не можам да верувам дека постојат толку бесчувствителни луѓе.Абре ни малку жал,сочувство и љубов да се нема спрема близок човек. :x Најлошо е кога некој е повреден од страна на некој близок,да трпи навреди иако нема апсолутно никаква причина за тоа.Е,ваквите луѓе можат да ти го загорчат животот и твоето добро расположение и среќа да ја претворат во депресија,тага за само 1 минута.Штом отворат уста,излегуваат зборови остри како нож,штом зинат-те повредуваат. :( И како после да бараш добро во луѓето? Лошите и бесчувствителни луѓе се такви до срж,никогаш нема да се променат. :(
     
    На eliesaab, Elennaa, DoReMi и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.626
    Допаѓања:
    185.249
    Пол:
    Женски
    Не ме плашат промени. Од увек сум сметала дека најчесто се на подобро. И велат дека кога на човек му е потребна промена најпрво од себе почнува, конкретно од косата. :lol: А тоа е таа единствена промена која ми е најтешка за носење...
    Мојата најдобра другарка која последнава годинa минуваше низ катастрофална врска, со секоја кавга, таа кратеше дел од косата, слабееше, вадеше прамени, се нешто ќе и паднеше на памет.. стигна до непрепознатливост, во позитивна смисла. Денеска е месец дена сингл, изглеа преубаво, и иако на моменти ја гушат сите кажани и некажани ствари, спомените... си ја одржува самодовербата на завидно ниво. И симињам капа. Успеа на единствен начин, целата негативна енергија да ја пренасочи во своја корист. Ја заслужува целата среќа на светот и се надевам дека што побрзо ќе забораи на сите срања шо и се исподешаваа.

    За разлика од неа, јас паѓав во рутина... но не повеќе.
    Тестот со "нежалењето во 10 дена" го исполнив. Иако го почнав во најлошиот можен период (читај ПМС), сепак останав доследна на себе си. Патем се шишав. И не, не беше крај на свет. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sexybaby86, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Стварно неможам да сфатам зошто до сега 10 минути се мачев и пишуваше дека сум банирана од форумот и со овој профил дека неможам да влезам нешто во таа смисла. Значи стварно срамота голем дел од денот дремам овде на форумот со цел да помогнам некому кој навистина има потреба од тоа а некој ме банира. Какви модератори стварно не ми е јасно. Дури очите ми се на солзија оти ништо не ми отвараше и викаше дека усм банирана повеќе нема да можам да влезам. По 2/3 минуи се обидов и бидна фала богу.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Кога ги оставам работите за во последен момент така ми е.... Се депилирав сега за утре за на свадба а очи ми се затвараат и погодете што? Се штипнав со депилаторот! И погодете што? Веднаш ми излезе модрица, и тоа сочна. :!: Отидов јас да си легнам, додека не сум си направила уште нешто што може да го загрози мојот утрешен физички изглед, или евентуално здравје, па да го оставам дечко ми без партнерка во последен момент. :lol: Уморот е опасна работа. Добра ноќ феминки, утре ќе ме нема, се читкаме во недела. :hai:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Стави вода во ѓезве да зоврие. Додека врие, скрши едно јајце и оддели ја белката од жолтката. Истури ја белката во водата што врие и почекај малку додека да се свари. Содржината од сварената белка истури ја на газа или некакво шамивче и стави ја на местото на модринката. Држи ја некое време. Модринката ќе помине.
     
    На Valerin и Lovely93 им се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Вечерва не планирам ништо ни да варам, ни да кршам ни било што да држам. :rofl: Ми се спие ми се плаче, не дај боже и со водата ќе се попарам. :lol: Фала ти многу за советот :* ќе го имам во предвид кога ќе станам сабајле. :lol:
     
  16. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Пред 4 години една моја мила блиска познаничка беше во врска со син на угледен човек. Таа беше никој и ништо. Нејзините исто така. Додека неговите беа угледна фамилија, ги знаеа сите во градот како успешни луѓе. Од мали нозе беа заедно, најпрво другари а потоа во врска и тоа доооолга врска. Пред да се скараат дотичниот господин ја изневери неколку пати и ја остави под изговор дека таа е никој и ништо и дека нема никогаш да успее во животот.
    Поминаа години. Тој успеа во животот, секако благодарение на тато. Има пари (мислам неговиот татко има пари), има прекрасна кола и стан. А таа, студираше и бидејки немаше како да си го плати школувањето работаше по сендвичари, бутици, се снаоѓаше во животот. За откако ќе дипломира, па потоа да магистрира и на крај да се вработи како асистентка.
    Денес ги видов заедно, овој ја купуваше со зборови, а таа се гледаше дека уште го сака. Дека уште и недостига. Па не ни имала некој друг освен него.

    Сакав да кажам дека ми падна жал. Криво ми е за неа. Херој е, се бореше и успеа. Му врати за тоа што ја остави кога беше никој и ништо. Ете сега е некој и нешто па затоа и ја бара.

    Не ни знаам што сакав да кажам со постот. Многу ми беше жално, чудно, криво. Да ја видевте и вие од некаде точно ќе знаевте што сакам да кажам со постов.
    А и си го видов и бившиот. Готово почна пак да ме гуши...
     
    На Adi888, GirlRose, Monna.Monna и 23 други им се допаѓа ова.
  17. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    128

    Мила моја, фала што го напиша ова, истава судбина ја делам. Ме утеши. Ја сум била во врска со таков човек, син на угледни, учени и недостижни луѓе, а моиве дно дна. Завршив средно оваа година, матурирав, секогаш меѓу најдобрите, секогаш. Али за жал јас сум уште никој и ништо. И таква ќе бидам барем во следните 5 години. Е тука ми е најтешко. Знаеја многу, многу, многу за таа врска, залубувања мои во него, па ми правеа лажен профил и ми пишаа се и свашта за него ко ја да сум го пишала. Најтрагично е што тој мисли дека јас тоа сум го направила. Иако помина 7-8 месеци, можда и повеќе.
    Ќе се пишувам на факултет. За 3 дена се уписите, едвај чекам. Знам дека ќе бидам влезена. Знам.
    Тој сега ќе треба да стапи во брак. Со уста го колнам како најзлобен човек на светот да сум, ама со срце го сакам како што тврдел Бог дека сите не сака. Сакам да кажам дека тоа е вистинска љубов. Додека не ја осетиш не може човек да го разбере човека ама баш ич. Мене ми било сосем несфатливо да ги читам таквите коментари порано низ форуми како јас што го пишувам овој сега и тоа со солзи во очите. Замисли како се менуваат работите. Да треба да се убијам, би се убила сега за него, а ова порано ми беше незамисливо да го помислам, а не го направам. Не го сакам ради пари, ни ради карактер оти има 100 жени и секоја вечер дупи некоја и тоа никој пат иста. Сум го видела и лично јас... Спремна сум да му простам се. Макар и тоа да било нешто последно што сум го направила. Почнав да експрементирам со изгледот ете веќе имам нова фризура. Минатиот пат се сретнавме на улица 2 пати оддалеку и ништо друго не ми подари освен пар невини и неодоливи погледи. Но и тие не ми значат толку многу колку неговите зборови кажани пред некое време: има пречиста душа, чиста е како ангел, така нека продолжи. Ете тоа е тоа што ме држи во живот. Се осеќам многу подобро откако го напишав ова. Доста го собирав ова. Мора некој да знае како се чувствувам, а сега сум многу многу подобро.
    Јас имам мисија да го изградам својот статус во наредните 5 години а дотогаш Среќен му брак и се најдобро, па кога е судено таа да биде, нека е. :)
     
    На anggell, lunicka и kikikikirika им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.818
    Пол:
    Женски
    Открив ,пред да го подигнам гласот ја подигнувам веѓата,не секогаш,но често дава поголеми резултати.
     
    На Doozy, bittersweet и MandyLane им се допаѓа ова.
  19. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Денес за секоја психичка и физичка состојба кај човекот имаме дијагноза и соодветна терапија, а и да ја нема, ќе се измисли. Со текот на годините, медицината толку многу напредувала да фактички ниту еден човек на светот не е здрав.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Што ќе беше ова, со тој пусти рак, на секој чекор, некој заболен од рак, ај ракот, од една страна, од друга листеријава, уште ебола ни фали, до таму отиде светов, да не може лек за рак да дадат, се чудам што им е на луѓево, со тие нивни пари, профити, разбирам човек да сака да заработи, да има, ама да има премногу и пак да не му е доста, не разбирам, па по цена и на човечки живот, не разбирам.Стварно не можам да се изначудам, при се на светов, секакви можности, да не се најде лек...не знам за други, ама цело време слушам како некој рак фатил, да беше еден човек, ама на секое :| Разбирам, пари се можат да направат, ама не и здравје, пари, пари, ете да е така дека е се за профит, па до толку ли е за пари, ќе ги носат кога ќе умрат или што е работава...Читам по нетов, ова направиле, она, измислиле научницине, а лек за рак никаде, као имало, а луѓе умираат, кој се спаси, се спаси, кој не, не.Кое друго врвно достигнување во животот, ако не е да се спаси човечки живот? Изгледа како надоле да иде човештвото, а не нагоре, како се повеќе на дното да се оди.Џабе е се, човек ако нема здравје, ништо друго нема да му помогне, џабе е секакво научно откритие, ако немаат начин како да спасат некого со време.
     
    На simonka93 и Valerin им се допаѓа ова.