Како така не им е неугодно како стока да фрлаат алишта не ми е јасно. Па на крај кога ќе се обратат за продавачката „па таа зема плата за тоа“.
На темава јас па имам да се пожалам од вработени во помали бутици кога упорно те убедуваат дека фармерките ти се таман додека ти едвај дишеш во нив. И им велиш ама тесни ми се, дајте поголем број, тие - абе имам ама не ти давам, нема да ти стојат поголеми. Знам дека платите не им се нешто нај ама не знам како ќе си задржат муштерии ако се вака досадни. Не е проблем ни сама да си земам, туку што ме убедуваат кога јас си знам подобро, зашто стварно не знам која е целта да ме убедиш да купам нешто неудобно. И после последниот пат на вакво убедување, решив да престанам да купувам фармерки на омиленото место досега
Јас пак имам друга забелешка.. не во секој бутик има помало бројче од S/M, ми се случувало најљудски да побарам помало дали имаат и продавачката ми вика извини девојче ама ти си под просечна мислам стварно срамота е така да си дозволуваат спрема муштерија да се обраќаат, доволно е да каже извини немаме помало бројче.
Нивниот перформанс, споредено со проблемот за кој протестираат, е ништо. Читате шо пиши на банерот? Femicido Genocido Фемицид Геноцид Протестираат против екстремно насилство врз жените. Статистички, 70%+ од жените кои се убиени, се жртви на семејно насилство. Мислам она што треба да не' згрозува е тој факт, а не голи жени што вриштат на улица.
Освен ова, мене ужасно ми пречи некој да ми виси над глава, знам дека газдите така им наредуваат ама понекогаш е многу непријатно посебно за неодлучни си влегол во бутик и шета по тебе
Како што грее сонцето денес,таква да ни биде Новата 2022 год,многу среќна,со мн здравје и исполнување на сите желби...Среќни празници!
Среќна Нова година, сите да бидеме живи и здрави, а се останато ќе си дојде со тек на време. Нека трепка
Овој ден ми е прв во животот што сум го изработила, односно заработила дневница. Нели прво работиш па после се забавуваш. Имам толку многу да пишам за цела година што измина,и да пишам реферати бесцелно е веќе. Така да,најдобро е да оставам зад себе и да продолжам напред. Порано си посакував многу желби,а сега немам ниту една желба. Животот се смени со короната, луѓето станаа празни и себични. Нема хармонија,среќа и забава туку само ладнокрвност. Годинава си поставувам цели и одредени ставови до кои сакам да се држам. Се надевам ќе успеам,дека ќе дадам се од себе. И покрај сите злобни нешта и лоши работи да се трудам да останам имуна. Од едно влегло од друго излегло. Ви посакувам многу здравје,радост и среќа. Среќна Нова година
Сите што фрлате петарди и слични срања се надевам дека ќе страдате подеднакво како што вечерва страдаат сите животинчиња и аутистични лица. Арам да ви е! И Нова Година и сè да ти се одмили од ненормалниве. Пу!
Веста е од пред 2 дена ама сега ја гледам. https://sitel.com.mk/po-tret-pat-otvorena-javna-soba-na-telegram Не знам стварно што да кажам.
Среќна нова година година на сите. Многу здравје и убави моменти во новава 2022 со надеж пандемијава да заврши и да се враќаме полека на нормалното.