Е уште ова го немав видено! Каков cringe и thirst човечее Страшно нешто, арно кај нас не фатија да кршат по училиштата како оние трендовите од тик ток во Америка.
Е мора да изедам некое џигерџе. Значи луѓево се неверојатни!!! Биле на забава, 2 од таму позитивни, ама третиов со качено црп, обичен вирус му е пошо матичниот така кажал. И ете го сеа позитивен. Стварно ни луѓево ги разбирам, ни матичниве. Цела нација експерти сме.
Тоа башка. Ама не е решение седи дома и пиј вит ц под претпоставка дека ништо не ти е, на покачени параметри на крвната слика. На крај краева, парите за едно кафе на забавата ќе ги дадам за брз тест во аптека колку толку да се смирам. Edit, уствари ја ни на забавата не би отишла
Прво не е исто, затоа што со дечко ми живеам заедно, и нормално дека ако ми се јавува знам оти е нешто што му треба а не за чисто муабет да прави. И на дечко по цел ден ако му пишуваш ќе му здосадиш. Тоа го правев кога бев 16 до кај 20. Другото е што дечко ми не е многу активен на социјални мрежи. Месечно сме разделени 4-5 дена, тој патува често. Тогаш се слушаме 1-2 пати на ден. И исто како и за другарките, нема шанси ако читам или работам нешто интересно или имам некој на гости да трчам да зборам со него и да висам на телефон. Вчера сите зборат за некоја смешна слика што ја ставил на Линкедин јас блага веза неам. Трето, од другарките мои освен забава и дружење не очекувам ама баш ништо. Не мора они да ми знаат како ми поминал денот, а за тема како дејтови и дечковци збориме кога ќе се видиме. Некои од нив имаат и семејства, колку пати ќе им пишам да се чуеме па ги нема. Што да прави со две близначиња дома, мене ли да ме расправа. Ќе кажете ех, зар нема 5 минути? Има ама баш па на мене ли да ги користи. После темава проверив баш, две од шесте најдобри другарки не ми ставиле лајк на сликата од кога сум рекла ДА. А знам и зошто, толку беа возбудени кога ја видоа сликата, едвај чекаа да стигнам дома за да ми се јават. Исто коментар од другарки неам на слика со години. Па тоа кога ги видам лигавење "срцко, мацко, мила моја" по слики ми се гади. Среќа и другарките ми се такви. Јас се слушам/пишувам со нив еднаш до три пати месечно, се друго е договарање кога ќе се видиме.Ако знам дека некоја е осамена одма и звонам. Тие мене и да ме избришат од ФБ пак ќе ми се пријатели. И да, немам време! Сега го имам дека сум бремена и не можам да одам на танци, курсеви, работа. Но тоа не значи дека треба нив да ги замарам што си имаат обврски, подобро ќе дремам по форуми. А и така ако им замерувате на пријателите што не ви ставиле лајк, па кај ви е крајот.
Јас вака како од пештера симната, сакам да прашам дали некој од Скопје, по можност инструктор би ми излегол во пресрет да ми држи часови за поминување на улица? не е до мене.
Толку многу врни снег шо ни кучето, шо инаку обожава снег, неќи да излези. Додуша не знам шо сум изненадена, од ко ќе падни снего сака да трча, дур паѓа неќи. И дожд. Дожд м р а з и. Се стрега и не излегва ни за измет ко ќе вени дожд се дур не дојди нож до коска и мора. И не го воспитвав ова јас. Ваков педантен на ливада фрлен го најдов.
Ако за нешто жалам во животот, тоа е што избрав професија која ме врза на фиксно место. Многу сакам да можев да работам од било каде и овие зимски месеци овде радо би ги поминала на некое топло место. Макар и на такви 15 степени. Подобро песок во патики него мраз под чизми.
Devojki, sekogas sledete si go instinktot i slusajte go vnatresniot glas! Ako nesto vi kazuva deka deckoto/soprugot ve izneveruva ili ve lazhe ili so shto i da e povrzano, sigurno e taka!!! Proverete i 5 pati ako treba, bidejki SIGURNO E TAKA! Da ne zamaram so ona sto mene mi se sluci denes, samo imav potreba ova da vi go napisam bidejki mora da znaete deka zenski instinkt nikogas ne lazhe i kraj !!!!
Колку е без врска кога жена од 70+ години со 0 денови работен стаж, зборува за млади вработени жени како биле безобразни што не ги "гледале" свекрвите, а цел ден на гз' седеле на работа, им било мнооогу лесно.
Читам тука за пријателствата и ми текна за период каде мноооогу се стресував за нив. Факт е дека секоја си гледа за себе и малце боли кога немаат време за вас, ве откачуваат и сл., но донекаде и јас сега ги сфаќам. Далеку од тоа да ги оправдувам, но сите си имаме по некој пат. Сами се раѓаме, сами сме секаде (настрана семејство, роднини, пријатели) и сами се носиме со секоја една ситуација (без разлика колку и да имаме луѓе покрај себе за да споделиме). Тоа со дечковци ако имаат дека ве откачуваат - не е така. Ретко тоа што се кажува на партнер ќе биде пренесено, додека на другарка кажи го - оп, од чиста завист ќе ти настанат проблеми. Дојдов друго да кажам, ми летна.