Толку ли брзо го заборавивме Тоше? Гледам на телевизија и се чудам,како трчаат по Даниел,мислиш чоколадо дели. И тоа се' девојчиња од 10-15 години. Обезбеџење на нивоу,да не го силуваат случајно. Немам ништо против човекот,има глас за пеење и се остало,ама некој да вика дека тој е идниот Тоше Проески? -Нече то тако лако. Го величат толку многу,и одат да се изгушкаат со него... па побогу, пре мајка ми би си ја гушнала. На аеродром пречек,мислиш Тито доаѓа,да му оддадат почит со едно селфи. И така феминки, бидете ми поздравени,утре понеделнички со нови сили кон нови победи Имајте убава приквечерина.
Истото сакав да го пишам.Седам во автобус (Македонски) и почиње некоја песна.Почетокот сличен на една песна на Тоше и викам конечно,оно почна некоја турбофолк .Абе хелоу па до толку се заборава толкава голема Македонска ѕвезда,а не тука Џогани,Маја и кој нетизнам.Македонска работа.Зошто не се заборваат:Витни,Мајкал а Тоше се заборава.Зошто?Македонски народ
Секое лето си имало своја приказна Епа еве мојата е седење цел ден по дома(кај баба ми сум уствари),гледање серии нон стоп,слушање музика и свирење гитара.Другаркиве мои испаѓат со едни,па можам да ги наречам клошари.Двајцата пушат а имат еден во друштво шо пред некое време павкал марихуана.
И по не знам кој пат ми се собира се, и... едноставно чувствувам дека не можам да издржам. Немам грам енергија во мене да се помрднам, да направам нешто корисно, да прозборам, да се насмевнам. Само би седела цело време во собава, сама, да се скријам од сите. Многу нешта ме мачат. Тешко ми е, а што е најлошо - не гледам како би можела болката да ми се намали. Ми треба ТОЈ. Да го имам крај себе, да ми биде близу, да пробам да му објаснам за да ме сфати, затоа што имам чувство дека само тој може да ме сфати. Ама не... ние двајца сме совршени, но пречките се многубројни. И двајцата го знаеме тоа. Го знае и тој, го знам и јас. Без разлика што на почеток глумевме дека ништо не забележуваме - уште тогаш знаевме. И затоа останавме тука кај што сме. Затоа се држиме на дистанца. Од една страна, да, убаво ми е што дојде во мојот живот. А од друга страна, бесна сум што не можам да го имам онолку колку што сакам да го имам. Не, тркалото не се врти, не го добива секој тоа што го заслужува, затоа што јас не го заслужив ова што ми се случува!
И, шо сеа? Тоа ти е причина да не излегуваш? - Не. Ако не ти одговара друштвото запознавај нови луѓе, излегувај со нив. Еве со некоја феминка може да договориш средба, која е близу твоите години наместо времето напразно да си го губиш. Спојлер Ова за пушењево и марихуаната - Тешко дека ќе си најдеш друштво шо не го праи наведеново денес. Но, се ќе зависи од твојата волја. Никој нема да те натера ако не сакаш.
Јас за волан Возам накај село кај бабами и она ептен релаксирано седнава во кола како да лежам на јахта скроз опуштена а патот тесен мислиш 2 велосипеда нема кај да се разминат и така од сонцето не се гледа прст пред очи и кога еднна будала залетана ке ме залепеше за малку а јас си возам и овој се качи на едно ритче коа му засвиреа тоа гумите хахаха таткоми почна да ми се дере Нели гледаш кај е патот имаш место наваму бегај на страна а јас па уште силна се правам му викам па овој Шумахер да не е па се лепи у мене хаха мајкми почна да се смее а таткоми заврте глава на страна и дигна раце.... Абе несум јас виновна и точка ! Зошто кога возам со таткоми мора секогаш да се случат вакви работи ? Сама да сум се си е ок бе нема никаков проблем а седне таткоми до мене боже сачувај ме тогаш ке наиде камијоннн, тогаш ке урипам у дупка. Брејј каква неправда ...
Наравоучение: Не се возбудувај многу ако татко ти ти рече дека ќе те части... најверојатно тоа се само 24 ролни тоалетна хартија.
За сите луѓе кои не опкруживаат сме почувствувале нешто за нив, но никогаш за самите себе. - вели една поговорка. И јас никогаш во животот не сум почувствувала нешто кон самата себе, додека има некои луѓе кои многу си се сакаат себе си и се горди на себе. Јас би сакала да бидам како тие луѓе. Но, ете. Не сум како тие. Колку и да пробувам барем некогаш да се осетам горда да себе, неможам.
На запад вжарено зајдисонце, со облаци обоени во пурпурни нијанси. На исток чисто синило и само еден украс - голема, полна месечина. Не постои поголем уметник од природата.
Викаат - "Oстави го минатото. Поминало..." А што да правам со сите убави работи кои ми се случиле. Спомените, ах... Не може... Не ги оставам, секаде со мене ќе бидат. Тие се мојот поттик и мотивација за поубав живот. Желба за поубава иднина. Сите маки и проблеми кои сум ги пребродила, ми покажаа дека вреди да се продолжи и покрај се‘. Убаво е чувството кога ќе се сетиш каде си бил некогаш, а каде си сега. Минатото е скапоцено! Без него не би постоеле ни сегашноста, ни иднината.
Еве ме мене, се вратив од одмор. Убаво и езерото и се, ама последните денови скиснав за дома. Тоа е кога на одмор немаш друштво само ти Како што бев бела сега си добив темна боичка И ја извршив мисијата - си купив ланче со хипичкиот знак и се сликав со змијата Таа змија 3 години ја зборам Ама тешко е на одмор со опсесивно-компулсивно однесување, особено ако твоите не знаат. Бевме сместени во апартман и местото не беше баш чисто. Едвај преживеав. Кога никој не гледаше со влажно марамче ги избришав сите кваки, копчиња, далечинскиот и сите места на кои е неопходно да се допрам А на другите места не се допирав. Кога и' побарав на мајка ми влажни марамчиња за на плажата ќе ме натепаше Отидовме на друга плажа на која имаше повеќе народ - 20 минути ми требаше да се припитомам
Кога за една секунда се работи. Го видов како откорна улична сијалица на два метра од мојот прозор од колата и се рокна во дрво после тоа. Една секунда подоцна и не знаеш уште ли ќе беше тука, додека девеесет секунди подоцна го имаш човекот кој ќе те убиеше во таа секунда веќе на твое задно седиште и го тешиш и разубедуваш дека се ќе биде во ред оти нема никој сериозно повреден. Го мразиш од дно на душа оти ќе те убиеше и го сожалуваш и му помагаш во исто време. Чуден народ сме. Јас најверојатно нема да спијам мирно. На вас, добра ноќ.
Како што гледате имам нов аватар.... Тоа значи дека и јас се спремам за на одмор ! Почнаа припрмите алишта испеглани спастрени чекам саканиот да пристигне па заедно да се спакуваме. Уште утре остана посета во козметчили салон некои ситни работи да се извршат... Едвај чекам...кконечно заедн сами , среќни , заљубени.. Не е битно дали 20 дена или една недела битно да биде убаво.... АЈ ЛОВ САМР
Здраво :geek: Посреќна сум од било кога во животот.Се што внесов за да бидам посреќна се 3 животни правила,по кои се водам: 1.Негативни мисли не можат да ти донесат позитивен живот. 2.Сакај се себе си и се што имаш,но не биди егоист. 3.Не многу удоволувај им на луѓето околу тебе,но не биди себичен. А,не ми се е случило ништо што е причина за мојата среќа.Истите другарки,истото семејство,истите места...исти карактери и карактеристики.Се што се смени е мојата перспектива кон самиот живот.И,од тогаш сум многу посреќна. Имам ослободен ум и ослободено срце...чувствувам среќа. Најголемата промена треба да биде во самите нас. И,моето непишано „правило“ е никогаш да не се откажувам. Најголемиот заклучок што можев да го донесам е дека се е до вашата психа,и вие си го контролирате животот. Имајте среќен ден...среќна вечер де.
Значи не неможам више. Неможам да не го кажам ова. КОЈ КУ*АЦ Е СО ТИЕ CELINE PARIS МАИЦИТЕ?! Секоја втора ја има таа маица. невиден кичерај. Ми се повраќа кога ќе видам некоја со таа маица, а посебно па на излегување. И може ли некој да ме просветли и да ми каже што или кој/а е тоа Селин или како и да е? Да не е некој бренд? И бај д веј, CELINE THE FUCK UP
Ти се допаѓа ли ? -Не. Те тера ли некој да ја носиш? -Не. Остај ги луѓето кои ја носат да уживаат во неа,бидејќи им се допаѓа. На нив па им е гајле ако тебе ти се повраќа од мајцата. П.С. Не се пронајдов во твојот текст,коментирам затоа што би требало секој да почитува туѓо мислење,туѓ стил и слично. Ја немам маицата бидејќи мене лично не ми се допаѓа. Но секој со различен вкус. Извинете за off-topic.
Сдк ... Ама не знам од каде да почнам. Ај ќе почнам од тука. Не сум ви кажала во толку години дремење на форумов... Каде се најдов случајно а намерно бев зачленета од поголемиот син како Озбилна жена. Не ме прашаа сами на глава ми го тупнаа имево. Озбилна колку Oзбилно звучи. Свадбата помина, свадба ко свадба весело, коло, оро, танц. Се видовме далечни и блиски роднини.. кој пораснати, кој остарени, кој со мешиња надуени. Невестата убава, нежно нашминкана, венчаницата и се друго на неа феноменално. Полн погодок, не згреши овој нашиов. Сдк вредеше за патот поминат за да се стигне до неа. Певаљката за истите пари можеше и подобро. Би како би весело...Двајца луди и 400 гладни Е, сега да се вратам на толку годишното дремење на форумов. Добро де, никој не ме тераше со сила своеволно чат пат ќе протресев по некој ред. Никако да стигнам до главното. Сдк не сум ви кажала, покрај тоа 0збилна јас сум неоткриен талент Баба ми Бог да ја прости велеше, девојчево има глас како славеј, ама тогаш немаше кој да ме слушне. И така, неоткриениов талент не се истакна со свој глас затоа што баба не ја послушаа Арно ама, онака без пари ниту една наша семејна веселба не завршуваше без бато да посака сестра да ја испее онаа нашата. Онака ко за своја душа. На оваа веселба сестра пак за брата и за остала родбина запеа. Само што овој пат сите песни што ги отпеа беа платени и преплатени од мојата-неговата фамилија... Така Озбилна, озбилно ја заеба певаљкава, сите евра и франци им ги лапна на гурбетчииве мои Е па сега си знаете, која е за мажење - кој е за женење, Озбилна ви гарантира дека ќе имате свадба за помнење. Ај дури сум млада и гласовниве можности во форма, викнете бре денари не земам Ако фрлат некое евро не одбивам Малку под гас не се рекламирам Добра ноќ
И јас исто си кажав мислење, ништо друго. Кажи ми само каде виде дека сум напишала "Не ја носете таа маица" и каде непочитував нечие мислење, или нешто слично? Кој сака нека ја носи. Да, во право си, секој со различен вкус, и мислам дека имаме сите право да го покажеме нашиот "вкус". Поздрав до тебе.