И Александар Џамбазов ли си отиде? Ах, човекот колку се потруди околу уметноста, физички можеби не се измачи, но психички и тоа како... Неговиот поетски опус е толку драгоцено, богато, бесценето... Слава му за сета радост што ни ја овозможи на сите деца преку малите екрани. Нека почива во мир.
Не беше инспирирано од ова. Во последно време многу коментари слушам дека мажите не можат да воспитуваат дете.
Не е комплимент на трудница да и кажеш "на слики те видов и и викам на ќерка ми види ја колкава е, ама у живо си супер". Глупа си
Ех Фемина. Веќе 5 години ми е секојдневие. Во овие 5 години доживеав големи промени во животот, си ја оставав душата тука. Кога ќе погледнам назад скоро ништо не е исто како што беше на овој ден пред 5 години кога се зачленив. Тука си ја запознав бести, создадов пријателство за цел живот, а има и некои други луѓе кои едвај чекам да ги запознаам ирл, иако осеќам како да ги знам веќе. Многу споделени совети, тајни, пријатни и непријатни мислења и случки. Сепак фала ти Фемина, јас и понатаму сум дел од оваа заедница. Да не должам многу со параграфи, drinks on me.
Кога идев на работа во рок од 10 секунди на Рекорд еден претрча за да си влезе у кола која ја имаше плеснато на улица сосе 4 жмигавци, еден дедо у сета гужва носот си го исекна со рака и мрсулите на сред улица ги фрли, а уште еден тип сврти круг на дупла полна линија. М а ќ е д о њ а, смрдена и никаква.
Колку ми се и мене одвратни луѓево со вакви постапки ,што просто неможам да најдам збор со кој би ги опишала.Како да не еволуирале,останале со животинското во нив. Сакав да пишам одвоено,ама ќе се надоврзам. Цела пандемија да не носиш маска,да се разболиш и со сите симптоми да доаѓаш на работа во луѓе,да им зборуваш во лице ,повторно без маска.Кој врв на себичност човече!
Ги гледам сликиве од плоштадот каде се оддаваше почит на Али, шака народ. Па ми текна за Балашевич колку имаше и ме фати срам. Жално. Ние дефинитивно незнаеме да си ги цениме и почитуваме нашите луѓе.
Многу голем број од членовите тука можат само да се најдат у секс темите. Зарем немате други квалитети, други работи што ве исполнуваат, желби за дискусија во различните теми? Едноставно не сте заслужни за почит бре... Празни одвнатре.
Кога ќе прочитам или слушнам нечии муабети одма знам дали некоја поинфантилна или позрела особа е у прашање. Еве и со колешкиве така кога си седам понастрана и слушам раскезени што муабети вртат у другата канцеларија одма знам кои се помладиве кои се постариве Шта речи проф. деформација кога имаш искуство во работа и со деца и со возрасни
Колку и да ми е антипатичен како личност Џастин Бибер, не можам да го игнорирам фактот дека е неверојатно талентиран за музика. Секоја песна е емоција