И јас сум исполнителна ,нон стоп ми е во глава тоа што треба да го направам.Ама има работи кои не се лесни да се решат а има луѓе што лесно даваат ветување,а никаде потоа ги нема.
2022 година и исфрустрирани Македончиња уште им доделуваат епитети глупава празноглава, проста на убави жени само затоа што...се родиле убави?
Од такт ме вада луѓе што по извесно време, ја изменуваат случка што се случило во минатото. Пример едно се случило и со тек на време уз муабет ја изменуваат случкава во полза да речам на нив.. Не знам дали сами се лажат или што е работава, ама страшно ме иритира.
Сите победи во животот се достижни, но најтешко е да се победиш самиот себеси. Таа е најтешката битка. Мал јубилеј, но голем по суштина за некој кој пушел 2 пакли на ден. 4 години без запалена цигара.
Во американската амбасада се водат според едно правило: "Сите се сметаат за нелегални имигранти, сѐ додека не го докажат спротивното". Така е и кога позајмувате пари, не очекувајте да ви ги вратат сѐ додека не го докажат спротивното.
Се наоѓам у фаза кај шо сè ми е безвезе. Не знам дали сум остарела или ме фатило некој вид на депресија. Може е само последица од монотонија. Гледам викендов сториња од журка у Станица 26, смешни ми се видоа луѓето. Тупци, тупцу, тупци. Џускање у место, рачињата повремено у воздух. 3 саат по полноќ. Meeeehhh... Гледам кај Елена Бубало како се утепуваат од вежбање, издишани праат пауза, чекаат следна сесија... и тие ми се видоа смешни. Имам вежбамо и у теретана, имам вежбано и сама со тегови по дома. Знам како е да имаш и желба и цел, ама сега ми делува сето тоа толку не знам, бескорисно, као зошто се мачиш до толку. Сум за физичка активност, ама повеќе за точак, пешачење, хајк, баскет, тенис, итн. А за седење на кафе па да не зборам.... боооориииинг. Ова не е предрасуда, ова е само набљудување и чудење сама на себе зошто сè ми е лејм. Веројатно зошто не "живеам" доволно, ама па проблемот е што ништо посебно не ми се ни прави. Ми се шета у парк на сонце со подкаст у уши и ми се дреме на кауч со книга или серија. Толку. Може дека е зима, кој знае...
Сигурна сум дека така ти е повеќе ради времето... мене порано ми беше така во зимски период се осеќав многу глупаво... а во лето денот ми е мал хахаха инаку треба да си го направиш животот да ти е поинтересен да смениш некои работи што си ги правела до сега, некоја новина да ставиш во него... со цел да многу повеќе уживаш во него... да ги правиш работите што најмногу те исполнуваат... од станување до легнување... јас сум вработена во компанија каде што патувам често низ Европа и надвор од неа веќе 20-тина години го работам тоа и многу ме исполнува, секогаш сум во нова средина, нови луѓе, друга култура, храна вкусна интересна, имам секогаш работи што претходно не сум ги видела па сакам да ги пробам да разгледам да видам што е како е... па и во Македонија кога ќе дојдам сакам да научам нешто ново да видам што има како има... бидејќи сум родена во странство и цело време живеам странство во Македонија доаѓам преку неколку години ... некогаш зависи од работните обврски може да се случи да останам во одредена држава и да сум таму еден или повеќе месеци и секој ден сакам да го искористам да дознаам нешто ново и интересно.. онака спортски живот теретана, тенис, пешачење, трчање... и да ти кажам право во најубавите години сум си од животот и си го живеам животот како да сум на почеток од 20-тите години хаха инаку не сакам многу журки по дискотеки и слично такво живот не сакам воопшто и никогаш не сум сакала ... многу поразличен живот си живеам
Во моментов главна тема е Теа Таировиќ и сеуште не ми е јасно кој е толку да ја слуша нејзе? Ни глас има,ниту харизма, ја утна песната па сега цимоли за прошка. Сестро,ти освен гз друго немаш што да понудиш. Под итно на public cancelled!
Нит ја знам нит сакам да ја знам хахахах то веќе и не се пејачки туку си го промовираат телото и сите повеќе одат да ја гледаат отколку слушаат
Сдк..читам во темана абортус и прпа ме фаќа. И од секс ќе се откажам @buba4e89 многу добро пее Теа иначе.Ама ова не и` требаше