Некој се одвикнува од цигари, некој од хероин. Јас се одвикнувам од поставување на очекувања. И постојано само фејлнувам!
Има мислам еден цитат кој вели дека умот треба да го направиме најубавото место за живеење бидејќи таму сме цел живот. И така е. Ако немаш мир и си од оној тип на луѓе кој overthinking му е секојдневие навистина е тешко.
Истури од снег.... Без разлика, онака излегов да завртам еден круг... Ми фалат еден пар стапалки во снегот до моите. Па онака замачкани, па една над друга згмечени од брканица. И по 7 години пак болно ми недостасуваш, пак се сеќавам на нашето нешто најубаво. Болиш.....
Да не се познававме лично, од сликите по социјалните мрежи ќе помислев дека сите се шефови на мафија. Но нема толку мафија колку што има накурчени селјаци. Ајт живели, може да биде и “чирСИ”
18000 минималец, јупиии! Сеа можеби ќе може да си ги приуштиме авокадата, cottage cheese-овите и руколите во ќесе што ги промовираат по социјални мрежи.
Нема да можете пошо допрва ќе поскапат уште толку и тие и основните продукти за да ви се исплатат тие 18к кои патем ќе добијат вредност ко 9к… Узалуд вам труд свирачи е работава.
Се сликаат облечени по костум за капење во снег до колена Добро од кога ова стана тренд и која е потребата???
Доктори кои се плашат од корона и те бркаат од ординација ми се мизеријата на векот. Тоа е како војник да не сака да оди во војна. Каков непрофесионален народ живее во оваа држава е ужасна работа. Каде може да се пријави ова? Едната е професорка на медицински факултет!
Овде можеш да пријавиш nepravilnost@zdravstvo.gov.mk и во лекарска комора, ама колкав ефект ќе има.. нажалост си знаеме како функционира се во државичево.
Никогаш нема да ги разберам “газдите” шо бараат над 200€/месечно за гарсоњера во Карпош 4 и кираџиите шо им даваат толку пари. Па во опис, “ниски режиски трошоци од 50€“, а колку треба повеќе за соба од 30 квадрати?
Каква раја живее во државава.... Уште орден што не му дадоа на сточарот што малтретираше јагне пред некое време. Кутар човек бил, тешка работа било сточарството тие што го осудувале да отидат да видат како се работи... И како ова има воопшто врска со тоа што непотребно малтетира животно?? Па дури и снимаат. Како тешката работа го оправдува ова? Небаре ако го измалтретира ќе му олесни или??? Други оправдуваа традиција било. Ако е традиција не прави да е ок и некои традиции треба да се прекинат. И после во ЕУ ќе сме оделе...
Не знам зошто некои луѓе се толку досадни, без осет. Гледаат дека не им враќаш и упорно, цел ден ќе пишува. Ако не враќам значи дека имам нешто работа, невиден напор значии .