Сите викаат дека студентските денови се најдобри. Само јас едвај чекам да поминат овие години? Терет ми е, воопшто не осеќам желба. Мислам дека и факултетот го утнав, не е тоа што го сакам. Уфф само нека заврши аман. Цело време си фантазирам за иднината, како ќе се омажам, ќе имам деца... Студентка сум знам ама ете на се' мислам освен на тоа што треба. Последните месец-два само ми се умира. Ексит и испити и се'.
Ништо не помага посилни се од мене. Ај 2 -3 солзи ќе пуштам и ќе помине па не е баш срамно на 30год да плачам
Едно од поглупавите чувства е кога се осеќаш отфрлено бидејќи блиски луѓе не ти постапиле по одредена желба/очекување што наводно е минорно но тебе ти значи, ама не велиш ништо бидејќи *нивно право* е како ќе постапат и не можиш да ги присилиш. А би те направило среќна да помислеле малку на тебе. Па седиш онака чувствувајќи се глупаво во тишина.
Нема врска висината при скокање на јарец. Спремноста е битна, секако прво на отскочна штица скокаш за да добиеш во висина. Гиманстичаркине што мислиш, високи по два метра се? Баш и не. Иначе и јас од средно имам трауми од физичко, оти моравме зацртани резултати да имаме. Да не речам, за спринт на 100м да бидеме побрзи и од Усаин Болт ако сакаме петка. Да не правам муабет за штафета и 400 метри. Гимнастика? Без дупло вртење на двовисински разбој нема 5.
Добро, ама сепак јарецот е некаде метар висина, а девојче од 150 цм не може баш да го скокне. Во основно имав професор кој малтретираше деца со исчашен колк, дебели деца да му прават стој на глава, стој на раце, секаков вид на стомачни вежби. Ако не успееја, единици ставаше.
Може. Толку бев висока кога скокавме јарец во основно, јас и уште неколку други во класот. Не е до висината.
Јас сум 157 см висока, го прескокнував без проблем. Добар залет и отскок, и понизок од 150см ќе го прескокне.
Каде учеше бе човек? Среќа не ми се паднал некој ваков, со единици ќе се расправав. Инаку имам другарка 157, тогаш беше пониска ама она немаше никаков проблем да прескокне, ептен беше агилна.
Motivaciono pismo barate za rabotna pozicija prodavac??? Alo, isklucete tv, i Internet, da se simnam od drzava ta mozi?? Prodavac odis koga nema druga rabota, kolku staz da vrvi. Kakva motivacija kakvi bakrachi.
Во Охрид, гимназија. Лудило беше професорот. Реално, сакаше физичка спремност. Па сеа кој можеше, арно, ама ретки беа тие. На крај пак петки ни напиша, ама преку година маста ни ја вадеше.
Јас имам повреда на рбетот набиеница од физичко. Така е кога на некој начин те присилуваат да правиш вежби а ти имаш паничен страв да ги правиш. Јарец еднаш дали имам скокнато и тоа со тресење од трема и страв. Стој на раце никогаш нема шанси. Јас од топка бегам на страна. Едноставно сум многу против ваквото физичко воспитување. Физичко треба да биде кардио вежби за размрдување на телото, некој спорт ама по избор на ученикот а не по секоја цена, мора пример одбојка да се игра. И по музичко, физичко и ликовно не треба да има оценување туку да бидат како слободни активности, или ако веќе се оценува тоа да биде за теоретскиот дел, а не за пеење или стој на раце. Уште имам трауми од физичко, затоа што ниту сум била ниту сум сега спортски тип. Немам ништо против вежби за загревање ама се останато треба да биде на доброволна основа.
Ауу, не учев јас гимназија ама имав другарки таму. Не знам која генерација си ама изгледа сите професори по физичко таму се "душовадници" им се плачеше на сите од часот по физичко
Сте зборале за физичко и ... #ptsd Дебело, неспособно дете шо се трудеше максимално и не беше доволно бев. Траума, шо од смеење од соученици, шо од малтретирање од наставникот на сите женски лмао пошто не сме знаеле без објаснување одбојка и кошарка да играме. Those were the times. *мава хелекс* Едино сакав скокање јарец и се друго гимнастика ми створаше панични. Игравме само ракомет така да океј бев со то, сем ко ќе сменевме нешто друго, не ни објаснуваше и ни се смееше после. Fun fun. *мава втор хелекс*