^Хаха јас така еднаш во маркет го прашувам 300 грама од ова колку пари е?А 400 ?Ми кажува колку е и викам-Епа 30 грама дај ми тогаш. Ми вика за 30 грама не мериме А 300,300...грама
Ех, која убавина ни е земјава, планетава, а човекот ја уништува, уништува се живо и диво, а после секоја виша сила ја обвинува за тоа, избегнувајки ги одговорноста и последиците од своите постапки, секако оградувајки се од чувството на вина, отстапувајки го тоа место на некој друг.
Започна во тинејџерските години... Сакав да се здебелам, сакав да сум повисока, да оперирам нос, да го намалам задникот, да имам витки, долги нозе итн. итн. Со текот на годините едно по едно отпаѓаше од списокот, научив да се прифатим себеси, да сум си убава и задоволна. Започна во тинејџерски години... Мислев дека сум најпаметна, секоја моја одлука, мислење или став е најправилно нешто. Во текот на годините сфатив колку всушност ништо не знам, научив да сум попоучлива, пофлексибилна, а со тоа поблагодарна, подлабока и поисполнета. Заклучок: Во најдобри години сум!
СДК дека Робин Вилијамс починал. Рест ин пис. За фемина здружение од Скопје, Мадам-А Спојлер Moрав. Еднаш и јас да бидам прва со известувања кои ќе го отупат после...
Препекав две недели дека не сум спиена салам, дека ме болат нозите, грбот, раците, дека сакам да спијам, да си зготвам нешто убаво, дека сакам барем малце да преспијам барем еднаш... И еве дојде фамозното слободно попладне. Знаете што? Лежам и тресам со нозите, не ми се спие, пробувам да заспијам веќе 3 часа, се исправ, јадев набрзинка, и сега се мислам дали да одам до Мекдоналдс да се издувам и да ги ѕирнам будалите на работа. Ми вика вчера овој, што имаме ние тука што ќе ти фали дома, викам путер од кикиритки, има ама ретко среќавам и скапичок е. Ми вика, готово, ќе ти купам една кутија, најголемата што може. И прибидејќи се викаме бич меѓусебно, хи ис мај бич хаха, му викам, бич бе, имам ограничување на багаж... Ги учев да викаат Марш! на македонски и добиваш едно Мааавхх со амерички акцент. Им реков дека ако ме слушнат како викам епа у ку*ац и почињам да се мрштам, дека треба да бегаат. А колку се смеам таму, не е можно да ме видат намрштена, а често се слуша псовката ако утнам нешто, ама нема веза. Срцки се, им ветив дека ако стапнам преку барата пак, дека како знам и умеам ќе дојдам да ги посетам. И планирам да го направам тоа. И пак се приврзав а не требаше, ќе ми фалат. Сега очигледно нешто ќе ми се купува за чао, тој е заклучокот. Имам уште месец дена и нешто повеќе тука и не ми се иде назад. Се чувствувам полна, слободна, исполнета, толку многу се пронајдов што не е можно. Ми викаат овие, ааа сигурно вртиш многу фраери дома, паметна си, прекрасно изгледаш, студираш, си го прошетала скоро пола свет, девојко, ју ар дификлт ту кип ап уит. Ме прашаа и дали се гледам во мојата земја, очигледно ббила премала за мене. Дали ќе сум останела... А јас се смешкам само и си викам, на грешна страна сум родена... Сакам да дојдам пак и пак и пак, а ништо чудно да си го пронајдам своето место тука некаде. Одам да читам една многу убаво напишана книга, за која не се сомневам дека ќе ја упропастат со преводот и да се изнаплачам како што треба на неа. Со мрсули тадури.
Велат среќата со пари не се купува колко ли само се во право..џабе ти се скапи алишта скапи телефони и компјутери ако немаш среќа.Среќата не треба да ја бараме едноставно треба да ја зграбчиме бидејќи таа ни е постојано пред очите а ние не ја гледаме.Речиси година дена патев од депресија која самата си ја створив.Година дена бев слепа и упорно се убедував дека имам проблем кој морам да си го решам,всушност цел мој проблем беше тоа што јас бев решена да бидам несреќна некако се плашев од среќата.Но не повеќе не се плашам,повеќе не молчам, повеке НЕ сум несреќна.После подолг период сум среќна и мислам дека тоа и го заслужувам . Среќата не ми се насмевна ми се прса од смеење
Заминувам јас на спиење, затоа што гледам дека на досадата и се 'заарнило' со мене... Добра ноќ, и сонувајте убаво.
Чекај, стварно ова? Не е можно... Да немав ветено, ќе заплачев ко бебе сега. Беше еден од ретките пеачи кои можат да допрат до сечие срце со своите песни... Нека почива во мир.
Понекогаш се плашам од мене и од моето размислување. Се плашам дали правилно постапувам за одредени работи.Но, само времето ќе ми го покаже тоа Добро утро на сите После вчерашнато заспивање во 23 часот, нормално ќе станан рано.Мене денот ми започна со сладолед и кафе. Имајте убав ден
Добро утро Одамна ме немало, некако ненамерно последниов периодов повеќе бев пасивен набљудувач и читач На запад ништо ново, бројам ситно до одмор и да ви кажам, повозбудена никогаш не сум била Ме очекуваат две недели со него во прекрасниот Лондон, едвај чекам! Картите се купени, пасошите со визите спремни и сега психички го спремам него за летањето со авион, зошто има уплав Многу ми е смешно колку се потресува секогаш кога треба да лета, а најтрагичното е што нон стоп патува, таква му е работата Anyway, задоволна сум од животот. Далеку од тоа дека се' е совршено, но најважното го имам и друго не ми е битно. Периодов и не ми се случија многу убави работи, но се трудам да пронајдам убавина во се'. Едноставно научив да ги елиминирам лошите мисли од главава, зошто увидов дека лошото привлекува лошо. Ако мислам само лошо, лошо и ќе се случи. Затоа, се насочувам кон позитивни мисли и веднаш животот е поубав Страшно е колкава моќ има потсвеста. Инаку, очекувам нешто големо во блиска иднина (не, не се мажам/не, не сум трудна ), ама мудро ќе си молчам додека не се случи. Држете ми среќа, уште некои месец дена ќе дознаам дали ќе биде или не! Всушност, и не е нешто ептен големо, ама мене многу ќе ми значи ако се случи, така што, keep your fingers crossed for me
Сте се плашеле ли некогаш да заспиете поради голема вознемиреност? Мене ми се случува неколку ноќи по ред. Иако сум преморена и ми се спие премногу чувствувам некој немир, вознемиреност, страв да заспијам и не можам да се смирам, морам да пуштам песни за да се смирам и да заспијам.
Ги замолувам “драгите комшии“ вака јавно да престанат да бушат и да тропаат уште од рано сабајле, зашто човек на раат неможе да се наспие од нив! Фујј
после ваква СЕНЗАЦИОНАЛНА ОПШТО КОРИСНА И ВАЖНА вест, ја нема да можам цел ден да работам па се мислам дека и сонот ќе ми се наруши!!!! Значи на интернетот и оние МК портали нема ништо освен глупости...КИм, Севе, извесна Сораја и квази Станија...ма ме заболе ....ц, дајте нешто нормално да се прочита! http://www.plusinfo.mk/vest/147174/Sest ... kelnerkata
Земав одмор од работа идам да пакувам куфери , го чекам срцето и заминувам на одмор сонце, вода , плажа како беше она Чао Македонија идам у Охрид Позз мили мои имајте убави денови се читаме за некој ден ! си јууу
...да излезете навечер.Толку многу е убаво. Полна месечина. Чисто небо прекриено со звезди Чист воздух. Дувка некое нежно ветре. Им подзавидувам на паровите кои се шеткаат, фатени за раце. Посебно на постарите, на оние кои веќе се во пензија. Се прашувам себе? Зошто младите не знаат да го зграпчат животот , да уживаат во него? Некои тагуваат по скапи коли.Некои по атрактивни туристички места.Некои по скапа гардероба. Од целата таа тага , забораваат да погледнат во звездите. Не се ни толку далеку и недостижни како што изгледаат. Не велам да не сонувате , посакувате,но не дозволувајте младоста да ви помине тагувајки по безначајни нешта.
Од утре конечно ќе се брцкам во море. Ќе газам боса по песокот и ќе го почувствувам мирисот на морето, ќе уживам во приморскиот живот. Конечно! Едвај го дочекав овој ден. Веш за капење (и тоа не еден)- √ Молив и боици за цртање, заедно со тефтер- √ Музика во мобилниот- √ Full mobile battery- √ Облека- √ Апостолки и триста чуда за на нозе- √ Фотоапарат и секакви полначи- √ Книга за во апартманот- √ Лежалки за на плажа- √ Прибор за лична хигиена- √ Млеко за сончање- √ СПРЕМНА СУМ, МОЖЕ ДА ТРНЕМЕ УШТЕ СЕГА! Ај, јас отидов, мама вика по мене. Се шалам, не ме кара, ама па ме вика да и` помогнам. Ќе чкртнам некој пост и таму кога ќе стигнам.