https://www.instagram.com/reel/CasSgYaDV23/?utm_medium=copy_link Ме потсети на reel-ов, прееска се смеев на него иако е трагикомично колку е вистина.
Јака приказна за припаѓање во делириум за вакви опасни момци. Се надевам не е мегало-манијак па да ужива ако нешто и изместува ребренца. Пошто од такви типови без култура и манири не очекувам ништо поарно. xD
https://www.crnobelo.com/zabava/int...razlicno-znacenje-korisen-masko-zenski-recnik 2022 година и уште ги објавуваат статииве...до толку нема што да се пишува?
Денес е умрело дете за баничка. Легендата вели дека на овој ден во минатото имало некое дете кое барало да јаде баничка, но неговите немале пари да му направат или купат и детето починало гладно. Денес, за жал многу деца во светот и Европа ќе останат гладни. Војната што татне во моментов им ја ускратува "баничката" на многу украински деца кои се кријат по бункери, разурнати згради, чекаат на -10 на граница со часови, патат за еден детски безгрижен живот кој им е засекогаш уништен. Да се надеваме дека цела оваа агонија ќе престане набрзо и ниту едно дете нема да има празна трпеза пред себе. Спојлер
Толку кратко беше до мене во животов, а толку сеќавања остави. По некогаш се прашувам што ќе се случеше од тој ден ако не ја затвореше вратата од автомобилот, ако не заминеше, туку речеше, Љубова ќе останам. И потоа ми текнува дека животот не е трака, и ќе се соочев со реалноста која не би ми се допаднала. Од каде знам, можеби ти ќе беше личнпста за која ќе научев да правам компромис, да и верувам комплетно, да се потпрам на неа. Ноќеска станав 4 пати. Четири пати презаспав и четири пати те сонував. Те молам замини веќе и од мисливе, затвори ја вратата зад себе како што ја затвори од автомобилот и остави ме да дишам. Не можам да знам што би било кога би било, остави ме да сум среќна и конфорна онаму каде што сум, со кого сум. Остави ме да земам воздух.
Многу подобро би било децава и младинава помалку да се занимаваат со политика ,војна и сл. А тоа време да го насочат кон учење. Барем на основни геогравски и историски факти.Подобро ќе ја разбираат понатаму иднината. Оти мешаат баби и жаби.
Синеплекс во Сити мол, ај што карта е 400, со сок и пуканки двајца да одат 1500 ќе фати, туку и онлајн карта не може да се купи, а на телефон упорно секретарка се јавуе. Другари ако сакате светски цени и услугата нека ви биде таква!!!