Многу ми е јако кога ќе видам зборови од типот на: пролиф, ефтино, комшивка, леп, лебче, акомулатор, подршка, лабараторија, послем…Да не зборам за некористење точка, запирка у цели фермани, да не зборам за ,,?” на крај на прашална реченица. Да не зборам за мајками, синти, незнам, неможам… Шо неписмено население ќе беФме мајко му стара.Експерти за бракови, вакцини, врски, политика, економија, медицина, астрологија, баење, право..а 70% од населението бегало од македонски во основно и средно.И ја не зборам чисто и литературно македонски, рака на срце, знам и србизми да употребувам доста, жаргони, да не зборам за пцуење, ама основни работи да не се знаат, а да изиграваат курац ипол?И во приватен живот пазам на овие работи.Се дешава у брзање и ја да заборавам прашалник да стаам, или да не стаам точка, и у нов ред нова реченица.Ама вакви базични грешки, мислам срамота е 20 годишњак да ве описменува. Ништо лично према никој од овде, некој ако се пронајде-болдот да си го искористиш. Ај донт гет ит Правопис на македонскиот литературен јазик-Блаже Конески.
До скоро мислев дека ако одбиваш нечија добрина, даваш ваљда впечаток на скромна личност. Е скоро сфатив дека некои луѓе ако одбиеш добрина, те сметаат за скржав и себичен зашто чим одбиваш, тоа е зашто ти не би го направил истото за нив. Океј...
Дали може да престанат секоја секунда да ми излагаат реклами за сите прозиводи и облека што сакам да ги купам зашто ниту имам контрола во трошење, ниту имам вишок пари за сите мои желби, фала.
Макпетрол мизерија!! Низ цела држава викаат дека немаат нафта, за вечер после полноќ да ја продаваат по повисока цена! Бруки!
Овде кај нас на ниедна освен Лукоил нема, а таму има колона од 1 км. Страшна работа. Како ќе преживееме со овие поскапувања секојдневно не ми е јасно
не се изразува никој литературно, така ако глеаме, ама основна граматика и интерпункција знам. Подобро него да викам ,,јас би сакала да кажам ама незнам" него ја као шо си зборам.На скопски дијалект. И мене ,,пенџере" не ми е таман збор за прозор ама јебига башка нема споредба, не дека се бранам, ама на 20+ години мајкати да пишуваш е жива срамота, или пролиф на социјални мрежи.Ја пролив во живот не сум рекла надвор од дома или муабети со другарки.Срам ми е.Не па цела група на фб да ме чита пролиФ како викам.
Ох не знам ама во мојата населба имаше гориво денес и немаше гужва.... Ќе проверам и за кратко па ако сте од Скопје и ви се доаѓа во населбиве навака ќе пишам
Не сум од Скопје. Маж ми сега отиде да стави гориво и ми се јавува дека нема. Од утре за 10ден. ќе биде поскапо. Не е нормално овоа
Мајками е доста употребуван збор во западно јужна Македонија. Исто како "глеаме" "напраив" во Скопје.
Колку си лутка да ти кажам нешто? Ми боде очи... По интерпункциски знак се става белина (празно место). Не дека ја применувам се тоа, ама кога сме веќе на темата. А за жаргони и скопско изразување, не моем да се контролирам, така си милувам.
https://sitel.com.mk/od-polnokj-poskapuvaat-gorivata-dizelot-za-10-benzinot-za-5-i-pol-denari Чекај...уште малце да им се посмееме на тие што некни чекаа на бензински. Они биле будалите, овие од другата страна ич.
употребуван, шо не значи дека е чест.Ја моја генерација ги гледам, мајками, таткоти.. @Ljubova после запирка, секогаш оставам простор.Ако на тоа мислиш.Не се љутам ич кога со убаво ќе ми кажете, на форумов може и да се учиме нешто, не мора да се караме само.
Не дека и јас секогаш пишувам правилно, често правам грешки. Ама волку очигледни и мене ми бодат очи и страшно ме нервираат. Кога некој зборови се изговараат или пишуваат на дијалект ми е океј, ама овие граматички грешки се резил.