Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Па затоа се продаваат различни бројчиња од истите модели :D Чудо големо, леле, како смееле така :D Штиклите се преубави!
     
    На Elennaa, makedonkamak, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.998
    Допаѓања:
    164.547
    Оладено кафе.
    Ден до пола, а ни од блиску завршени работи.
    Институции кои не функционираат.
    Неодговорни и намуртени луѓе.
    Потечени стапала како бремена жена.

    Ми се јавува 16 годишната братучетка да ми каже дека еден бивши, општо поштован дечко ја манијачел на инстаграм и и било и срам и глупаво, да сум му се јавела да престанел да го прави тоа. Секако нема да го направам тоа, ама ете малку така згадена сум и ми се блуе како може 25 годишен дечко да се саливи над 16 годишно девојче на кое секако не се сеќава кога ја видел на матура кај мене, прваче беше тогаш детево за бога милога... Умре дел од мене што го почитуваше, сега ми се чини не сум ни способна здраво да му кажам. Ало 16 години?! Иако децава сега изгледаат за постари, ама ... не е дека не можеш да го препознаеш тоа кога некој има делумно развиени колкови да му се невиди. :puke:

    Ах и да, се заглавив во лифт... и тамам да искочам од едно дупче по иницијатива на професионалците, лифтот тргна... А друг лифт во кој се возев не го детектираше 3 годишното детенце со мајка му кое тргна пред неа да влезе и ќе го смачкаше ако не ја запрев вратата... Мразам, МРАЗАМ лифтови, од дното на душата мразам лифови.

    Само да помине периодов да се стабилизираат работите и се да остане на свое место, ветувам ветувам дека ќе го одржувам стандардот со работење. Се чувствувам на 1000 страни и очајно ми треба одмор.

    Вторник. Вторник е леќа помеѓу деновите, грдичок.

    Еј и замислете како е тужно да си на свадба на пар кој се зима само затоа што невестата е бремена, а сте биле сведоци на нивните взаемни изневерувања. Е не ми е лесно со која кисела насмевка ќе посакам долг, заљубен и убав заеднички живот. Си велиш, секој со своето, тие си знаат, ама не ти клика со твоите внатрешни убедувања кои не значи дека се исправни, ама општо прифатени секако, дека треба се да е со и од љубов. Знам дека само дистанцата од нив е сигурна потоа. Не можат да бидат ниту добри пријатели на други, кога не се добри партнери еден на друг, кога им го знаеш гнасниот веш и сето лицемерие.
    Свашта.
     
    На bittersweet, Elennaa, Mama25 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Го знаете чувството кое настанува откако ќе прочитате прекрасна книга? Она кога мислиш дека се случила некоја енормна трагедија и не знаеш што да правиш понатаму во животот, се додека не започнеш да читаш друга книга. :wasntme:
    Истото е и кога ќе ти заврши омилената серија, крај ;(
    Па дури и игран филм да е во прашање може истото да се случи. :|
    Од една страна се радуваш што завршило среќно (иако не е секогаш така), а од друга страна срце ти се кине зошто завршило. |(
    Е ова, не знам овој циклус како да го наречам? :?:
     
    На sweet-cherry, eliesaab, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.257
    ^^ Затоа од лифтовите имам фобија.
    Такви се лифтовите во Македонска телевизија. Пред некое време на мајка ми раката за малку ќе отидеше ради тоа што лифтот не реагира на никого. :swear:
     
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Чувството кога по подолг период ќе се видиш со некоја драга особа. :inlove:
    Ништо не може да ја замени прегратката, ни долг телефонски разговор, ни гледање преку камера, ни допишување на фб... :D
    Друго е во живо. :sun:
    И да, да ви кажам коцките ми се наместија, редно беше. :lol:
     
    На Elennaa, cresa-jagoda, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Она кога гледаш некој како се прави паметен, а во текстот има 101 правописна грешка.
    Што човек ќе бев, правописните грешки од патики ме вадат. Ич не ги можам. :envy:

    Не зборувам за надредни знакови, апострофи, чуда... Најосновно бе, најосновно! :fubar:
    Не знам за другите, ама за мене луѓето што не знаат како да ги напишат, не им ги читам постовите. :|
    Е не е до мене. Посилно е од мене. :drunk:
     
    На DoReMi, eliesaab, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... ми треба, опасно ми треба друга димензија. :doh:
     
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Најинтересно ми е кога некој ги осудува туѓите постапки или навики а всушност и тој го прави истото.Стојанка вика дека Цветанка била дволична, а таа прва да ги озборува другарките зад грб и после да се преправа.
    Магарето му рекло на зајакот дека има големи уши.
    Веројатно не се свесни за своите постапки или пак сметаат дека нивното може да се прости ама за другите може да се зборува.
    Нека прифатат дека и они имаат маани и дека не се совршени.
    А мене ми е смешно кога ги слушам.
    [​IMG]
     
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Некој мал дрвен чамец,чии даски јас ќе ги обојам во тиркизна боја, да му дадам некое кратко име или да го наречам по топката што плови по небото,или по нејзините вечни следбеници во ноќта.Да половам и јас како неа, во длабочината и далечината да знам како е да бидеш единствена во ноќта,најголема и најсјајна, осамена уморна и неизмерно среќна во височините,блескава талкачка.Да талкаме се до утрото за да ми ги раскаже сите приказни на овој свет,а јас да ги пуштам во длабочините на океанот.
    И ноќта да биде љубоморна за миг.

    Мали соништа во денот.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, vinozito1, DoReMi и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    :@ :@ СДК дека многу ми е досадно и жешкооооооооо :@ :@ :@ :@
     
  11. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    СДК Grammar nazis, здосадивте до тука и назад со тој правопис и литературно изразување на социјални мрежи, ќе го натерате човек намерно да пишува погрешно од инает, ништо чудно да има и такви. Еве мене веќе ми доаѓа така да почнам. Правете се паметни за нешто друго и на друго место ако можете.
     
    На kikav и SimonaTino им се допаѓа ова.
  12. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Вака, сега. Се согласувам со тебе Теси за горенапишаново. Но, мојата поента беше многу поинаква. Не сум идеалист кој очекува верникот да биде безгрешен, ниту дека оној кој е помал верник е ослободен од обврската за хуманост и човечност. Јас зборувам за личности каде постои целосен расчекор меѓу она што го пропаѓираат и нивните дела. Или народски кажано едно зборуваат друго прават. Целото наше општество страда од лицемерие и двоен морал. И лекарот кој не учи на здрави навики, а самиот тој нема елементарна здравствена култура, и чуварот на законот кој нас не казнува, а тој си дава слобода да ги крши правилата и законите.
    И тоа ми е поентата со т.н верници во чии постапки не препознавам елементарно човекољубие. Но, да не ширам премногу. Одамна престанав да им верувам на луѓе кои теоретизираат и рационализираат. Само постапките и делата зборуваат за личноста...
    Така и на форумов, не бев директно навредена или слично, но еден навидум ситен гест вредеше илјада зборови.
    Да нема забуни, јас себе лично не се сметам за голем верник зошто тој епитет има голема тежина. Иако не лично, на форумов запознав верници во вистинска смисла на зборот кои просто зрачат со продуховеност и човечност и кога пишуваат и кога молчат. За нив секоја чест и тие знаат дека ја имаат мојата целосна почит.
    И уште една забелешка. Ако велиш дека само онака за надоврзување си ме цитирала, не ја гледам поентата зошто во твојот пост ја зафати темата за родителството за која пушував некој ден претходно. Значи сепак директно со мене реплицираш, да бидеме целосно отворени. ;)
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е јасно, зошто на некои луѓе им смета што други се успешни, љубомора, што реално не очекував од постари луѓе, не дека ја нема и кај нив, ама во однос на тоа какви личности се, воопшто не очекував такво нешто, а не дека не знаев или сл.Донекаде и разбирливо е зошто другите ( успешните) се таму каде што се, веројатно дека си ја бркале својата работа, си го терале своето, го реализирале, па уживаат во она што го постигнале.Човек треба да е скромен, задоволен од себе си, а се додека не е задоволен, секогаш да речам кривицата ќе ја наоѓа кај оние другите, зошто успеале, као наводно појма немаат и други слични изговори, само затоа што можеби тој не успеал во животот.Благо речено се запрепастив, а не знам зш се изненадувам на веќе видени работи..сакав да докажам уште нешто, ама ми кидна мислата од што се „ запрепастив“.
     
    На ozbilnazena, DoReMi, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе ајде |( :d: |-)
     
    На sesilija и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    Зошто е толку тежок животот?
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Peppermint, не сум ти го забележала твојот претходен пост , не ни знаев дека си мајка for that matter. Тоа со родителството го дадов за пример затоа што е актуелно на форумов. Па малку ли низ форумов има коментари во стилот „додека не родиш, не смееш да коментираш“, па мајки па немајки па чуда? Нема зашто да не бидам отворена, да не сакав да бидам отворена немаше ни тој пост да ти го цитирам.

    И мене ме иритираат оние коишто ги опиша ти (чиишто дела им се спротивни од зборовите), но сум забележала во мое окружување и такви коментари за генерално добри луѓе кои веруваат во Господ и знаат нешто повеќе за својата вера и се донесуваат погрешни заклучоци за нив без подобро да се запознаат затоа што го користат познавањето на зборовите од Библијата за таа намена. :)

    Уште еднаш се извинувам што те цитирав а и сега што ти се обратив. :)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.518
    Допаѓања:
    35.198
    Пол:
    Женски
    Само здравје ни е потребно. Ако немаме здравје, како да сме изгубиле богатство.
     
    На kala21, sweet-cherry, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Што се нервираш мор summerke? Не се нервирај за џабе :geek:
     
  19. Just.you

    Just.you Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Ќе се борам нема да се предадам :!:
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.081
    Допаѓања:
    46.143
    Пол:
    Женски
    Сакам бар еднаш во животов да отидам во Куба и така во некој задушлив, влажен клуб да играм колку што ме држат нозете, да тресам задник во ритам на живоста на Хавана, да се правам дека знам самба или румба или било што и да не ми е гајле за ништо.Сакам да играм онака распуштено, секси и вулгарно како што знаат само латино луѓето, да пијам некој исто толку влажен коктел колку што ќе ми биде влажно телото...е вака!Dirty...
    http://www.youtube.com/watch?v=Ji8wMfSwL7g
     
    На bittersweet, COollLady, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.