Исто, т.е слично.Јас во тефтер почнав.И си планирам од денес за наредни 5 денови шо ќе праам блабла.И си знам што точно, колку.И неам утка.Или во телефон. Сакам да ми е спастрено се`.
Каде избрзувате со вакви заклучоци? Имам учено за тоа, верувај дека е многу покомплексно нарушување. Се манифестира со постојано повторување едни исти дејствија, како на пример личноста проверува по сто пати дали ја заклучила вратата или вратите во цела куќа затоа што имаат нереален страв дека некој ќе ги ограби, од пожари, нечистотии па мие раце неколку пати едно по друго итн. итн. Долга е темава и можам до утре да пишувам за ОКН, а запишување на повеќе од десет обврски заради сигурност дека сите ќе бидат завршени до одредениот рок е далеку од тоа. Прогуглај нареден пат пред да се истрчаш вака, барем сега се ни е достапно
Со закон да им се забранат социјални мрежи на луѓе што коментираат : - " Стреќа " . - " СреЈЧа " . - " СТРеЈЧа " . My mind is blowing .
Стварно ми е прекардашено више. 2 години отвори социјални мрежи, умреле волку, се заразиле волку, се разболеле волку, од вакцина умреле волку, од не ставање вакцина умреле волку. Сега отвори социјачни мрежи, од војна умреле волку, од напад умреле волку, тој кажа ова, тој пукаше, тој е фашист, дали ќе пукаат на Македонија, санкции ќе има, пари нема, поскапе ова, поскапе и она. Во меѓувреме, самохрана мајка бара помош, болно дете бара помош, семејство заборавено од системот бара помош, семејство живее во нехумани услови... Не знам дали јас веќе не можам да се носам со негативности, или се околу нас е веќе негативно, или само негативни информации се пласираат, или може животов стварно дојде волку мизерен. Го умреа народов веќе. Аман ќе избришам социјални мрежи.
За среќа сум лице кое што е информирано што е тоа и има учено и вакво мислење не допира до мене. Но, внимавај можеби ќе дадеш одговор на личност која што можеби ќе направиш проблем. И крај краева да мислиш дека е тоа, може да се пише на некој подруг начин
Ама баш истото го правам, дури навечер некогаш потсвесно го планирам утрешниот ден, па си викам, да не имам нарушување??
Јас сум личност со ОКН, не е ич забавно кога пазарам во маркет, 100 пати ќе пресметам во ум дали ми е точна пресметката, гледам на фискална да не ми титнале отповеќе намирници, кога ќе излезам веднаш бројам дали ми вратиле точно пари, по пат до дома пак ќе избројам, и дома уште еднаш. Кога излегувам од дома десет пати ќе проверам дали имам оставено полнач во штекер, или преса, пегла, дали се пуштени ринглите на електричниот шпорет или нешто друго, дали ми е исклучен бојлерот и случајно да не сум ја приклучила ѕидната греалка до него, а за тоа колку пати проверувам дали заклучив, поарно да не кажувам, тој страв да не се остави отклучено им го пренесувам и на другарки и други блиски луѓе, кога излегувам со нив од нивниот дом, ги препрашувам дали заклучиле, дали тргнале се од штекер Имам добра меморија, да ме прашаш ќе ти ја раскажам цела Касандра и сите турски и шпански серии, и не мислам дека ова нарушување има врска со меморија, многу обврски ги извршувам без да запишам на ливче, паметам датуми и слично, ама ете, ова нарушување ми дојде во пакет со анксиозноста, и не мислам дека е нешто страшно или срамно, само ко што кажав не е забавно ни најмалку
Да ви кажам и јас нешто Пред месец дена ја слушав една песна Кокуз од Дубоза Колектив, и си ги пеев само овие стихови: „Због светске кризе немам за ризле“... И еве што се случи... Значи јас не смеам ни збор да изустам повеќе оти што и да кажам, подоцна така излегува Патем, кој му е страв од трета светска, нека дојди кај мене во едно село. Сите таму ќе се скриеме и никој нема да може да нѐ најде. П.с због светске кризеее, немам за ризлее.
Да, ама некако набрзина ме сослуша стручното лице, тогаш му кажав и дека одбивам да ја примам потребната терапија која требаше да ја земам за тироидната и не знам како тоа го поврза со ова
Јас правам се ова наброено... се будам во 3 навечер да проверам дали е заклучено. Се враќам 100 пати да проверам апарати, се преиспитувам за обврски, мора да е се средено со обврските, списоците, правам детални планови, ако нешто не успеам дента се нервирам... Hesus! Сега вака кога набројуваш, а ги гледам кај мене постапките, има логика.
Не знам што да ти речам, ете се пронајде во мојот пост, и во други... Не си сама, не е и нешто кој знае што, да малку иритира и не е забавно, ама што да правиме
Има терапии за ова, ти препорачаа нешто? Да да ептен се пронајдов, не е лошо да си одам на психијатар, психолог да си попрајме маубет на темава. Фала ти
Ова беше од поодамна, ми препишаа терапија, ама ја земав само еден месец и ја прекинав на своја рака... Можеби згрешив, ама ова не е некоја болест, состојба е, исто како и Анксиозноста, речиси секој втор човек се бори со овие состојби и решив да не се трујам со апчиња.