Освен смртта на блиски луѓе, друго ништо што ме потреси во животот беше кога на работа ми се јави човек болен од канцер ( ректален) кој едвај зборуваше, беше поврзан со боца кислород. Едвај земаше здив.... Полека зборуваше и едвај воздух земаше. Го поштедив и му завршив работа во најбрз можен рок, само за дс не се мачи да зборува. Hope he will be fine.
Pred nekoj den gledav dosta interesen francuski film,komedija za luge so OKN , se vika Toc Toc.Ako ne ai go gkedala pogkedni go dosta e interesen
СДК дека од личност што воопшто не се замараше за ништо, беше онака баш лабава во врска со се, сега дојде момент кога во себе чувствувам некој страв и неизвесност ничим изазван. Зошто...? Го мразам чувствово.
За ситуацијава во земјава, Балканов, светов, ептен фирма илегал одговара. "Шарени маркетиншки зидови срама..."
Мене па потрагични од тие со коментар "цена" ми се онлајн страни што пишуваат "цена во инбокс" Ова ко да идеш у маркет и за секој производ посебно да мораш да ги гњавиш на каса за цена. Пиши цена директно под сликата да можам на раат да одлучам мајката.
Зошто проблем? Убаво е да се знае,ништо тоа не е страшно.Еве и мене ми се случува кога повеќе сум под стрес.
Имаш учено,но немаш доучено.Не мора да е до таа мера екстремно,затоа има и блага форма.Ништо не е страшно,правите од мравка слон.Па сите овде се навредивте како да кажав дека сте ментално болни.И јас имам вакви мисли,повеќе е поврзано со броење.Не е естремно како кај тие што мијат раце мом стоп или чистат по цел ден или се преокупирани со нешто ном стоп Затоа има и благи случаи и екстремни кои земаат терапија како антидепресиви
Наречете ме себична и идиот, ама ја не би седела у брак со човек кој ме вара/л, со наркоман, алкохоличар, насилник, паразит само ради детето/децата.Не мислам животот да си го уништам, нити сум дужна било чиви срања да трпам.Ни у име на Господ не би, не па за дете, моите или други.
За децата заради кои седат во такви бракови е полошо. Трпат сѐ и сешто, гледаат сѐ и сешто, караници, насилства, нервози, притисоци. Никој не е среќен, а најмалку децата. Децата растат со трауми и имаат последици понатаму ради шо некој сакал да глуми среќен брак. Инаку, дете сум на разведени и само ми е криво шо мајка ми не заминала дури бев помала и не ги разбирав работите, подобро ќе беше да не доживеев некои работи. Можда ќе бев психички поздрава денес.
Извини..жал ми е ако те погоди муабетов.Ама морав, глеам доста пати таков совет добиваат некои членки, или такви изјави има.И не ги сфаќам.Не дека ги судам, нека си трпат ако им е арно, ама ја не би можела стварно.Ни за дете ни за никој едноставно.Не можам да ми се ебава раатот, и ја ќе сум така нервозна и детето ќе ми присуствува на караници.А ако (не дај Боже) останам ваква забегана и понатака, може да летаат и предмети по дома.Е тек тогаш не сакам да присуствува на такви сцени.Подобро сами и во тишина, него со драма-лама.
Не ме погоди ич, потполно се согласувам, само се надоврзав на твојот пост. Ставот ти е комплетно оправдан. Јас ич не ги разбирам како седат во такви бракови.
Оперирана сум од сТрам . И " СТреЈЌа " го заборавив . П . С . Татко ми , ми пишува " СТреЈЌен роденден .. " . Појела ме туџа срамота .
Имам приметено дека повеќето млади сопруги, мајки времето постојано го поминуваат во куќата на родителите само со детето без мажот.... Се надевам нема да станам таква
Јас сум исклучок . Од дома ( по маж ми дома ) не можат да ме извадат со кран треба да ме ваѓаат . Не , озбилно сега .. Сакам да излезам со деца и маж , но не ми се оди кај родителите . Таму пораснав чоек , ок е еднаш па и два пати неделно ( блиску сме ) , и со маж и без маж , зависи од обврските .. Ама секој ден да висам кај мајка ми , ќе се скараме , толку ни треба . Различни карактери и ставови имаме , па би се испокарале кога би седела таму секој ден . Фала богу што не сме ниту кај свекрва ми , ниту кај мајка ми секој ден .
Се слагам дека не е убаво постојано, било кај родителите или каде и да е. Ама каква врска има муабетот "само со детето без мажот"? Што има врска дали е само со детето или и со мажот? Секако не е во ред постојано да е кај родителите. Демек местото на жената е покрај мажот? Извини ако разбрав погрешно
Мислам дека не е напишано во тој контекст туку по примери што ги имам околу себе ако нешто не им е погодено одма трчаат кај мама сосе куферите и седат таму подолг период месец,два три....што не го решава проблемот него прават нов
Тоа е веќе скроз друга ситуација, да не ја шириме на големо Јас сфатив дека збори за оние од досада што се кај мама на гости секој ден. Како што пишала, уште трет ден ќе се искараме ако сум секој ден таму