Ако ти ветува дека ѕвезди ќе ти симне,дека се ќе направи за тебе,дека животот би го дал за тебе а не може да остане барем уште петнаесет минути буден навечер,да се допишувате ако ништо друго,кога се виткаш од болка и не можеш да заспиеш,батали го копилето
Ехххх, прекрасно поминат одмор. Конечно се дружевме и се гушкавме со мојата љубов и си правевме водени лудории. Море, сонце, плажа, само убавини и целосна релаксација. Морето веќе ми недостига. Ми вика мм, да живеевме тука ќе ти се здосадеше по некој ден. Никогаш. Самиот звук на брановите е одлично смирување на нервите. Со саати можам да седам и само да се гледаме. Јас во него, тоа во мене. Се налакирав со тиркизен лак, за да си одговараме. Кој ли само ќе чека догодина за повторна средба, а еве веќе ми фали...
Кога е баш досадно и тогаш ќе се најде и досадна мува. Да не сака да ме хипнотизира со она непрекинато прелетување пред очи? Оди си муво ајде, другарките надвор те чекаат, што ќе правиш овде со мене? Освен ако не сакаш да ги изброиш сите ѕвезди и соѕвездија. Ако ти се мили крилцата, леткај си, само не пред мене. Јас и моите јавни говори до инсектите. Епа да, што да прави човек кога се досадни? Имајте убав ден феминки и удрете по се што ќе ви прелета пред очи.
Колку сакам да можам да ѕирнам во иднината,да речеме за едно 10 години од денес и да видам каде ќе бидам,дали сум си ги остварила плановите,какво чувство ќе преовладува во мене тогаш и да се смирам малку,а и да се мотивирам да бидам уште повредна од сега.
Сериозноста е доблест и не треба да биде прикажувана како мана, еден човек треба да има талент, осет за да воспостави баланс помеѓу таа крутост, емотивна блокираност од една страна и хуморот, кој патем е спонтана работа, а глупирањето е вештачки. Едноставно има денови, ситуации, моменти кога сфаќаш дека повеќе не си дете и животот не е игра или лото, сега разбираш како се одразува она беспотребно изигравање на дворски шут на предавања или посериозни разговори, ќе осетиш колку си туп и глуп кога еден ден ќе бидеш во друштво и ќе се зборува за Маркс на пример, а ти ќе гледаш како теле бидејќи на часот по социологија си изведувал комедијант. Трескање глупости и клештење на секој збор те прави да изгледаш како мисирка со беснило и навистина е пренападно, исто како фактот дека не може да се контролирате кога на пример ќе слушнете дека 40 годишен маж умрел, се удавил во река бидејќи не знаел да плива... смешно е, ама неконтролирано смеење и истакнување колку сте вицкасти во некои случаи е навистина непотребно, и јас сум се нашла во таква ситуација па се воздржувам и се обидувам да поминам само со еден осмех во Мона Лиза фазон. Подобро е да се биде сериозен во несериозни моменти, отколку несериозен во сериозни моменти затоа што несериозност значи и неодговорност, а тоа може многу скапо да го платите, поготово во професија во која се бара одговорност и нема простор за дубари, превари и глумење ѕвезда. Се трудам да воспоставам еден баланс помеѓу ситуациите каде треба да покажам максимална посветеност и професионалност, да не бидам секогаш мртва озбилна како да работам со динамит или деактивирам минско поле, да не изгледам како библиотекарка и навистина, ама навистина се трудам да покажам некакви емоции, макар и мала насмевка на дебилни муабети и шеги зашто денес се им е смешно на луѓево околу мене. Можеби треба да дозволам и “детското“ некогаш да излезе од мене бидејќи кој повеќе, кој помалку, сите го имаме...
Мајка се грижи за детето да и јаде здраво, не го вакцинира, се потресува за него (као демек), а не води сметка за неговото емотивно и психичко здравје и не зборува на 2 години, јер фак лоџик рајт? Тоа што крвната слика му е перфектна, а на 18 години ќе се срами од твоето постоење е апсолутно небитно. Денес ќе му донесе еден чичко да му глуми татко, а не е ни сигурна дали е тој тој, задутре трет, по некое време кој знае, карамкаша во малото главче и карамкаша во малото големо срценце. Напорни се млади мајки и трендови во одгледување на дете. Детето и вашите чевли не се со знак еднакво помеѓу, знаете? А тек кога ќе порасне и кога ќе сфати која била мајка му, ќе и го исече скалпот од мука. Му зборуваш и одговара едвај со половина збор. Секое дете е различно, како што секој родител е различен. Некои имаат трпение да им зборуваат и да им се посветат максимално, а други сакаат да глумат такви. Тоа девојченце и девојченцето на другарка ми се неспоредливи. Со тоа што ова што не зборува (односно го МРЗИ да зборува, и ти одговара со половичен збор и мајка му не се труди да го поправи и да му ги повторува зборовите ) е родено со оценка 5, а на другарка ми 3ка заради компликации и и беше кажано дека никогаш нема да биде нормално. Сега е понормално од најнормалните деца и не само тоа, на 2 години брои до 10 на англиски без проблем и ни вика на сите, леле колку ми е убавко кога ќе ме гушнеш.... И ќе ти рече оваа, моето дете е генијалец... нека ти е живо и здраво, можда е, ама ти не му го развиваш капацитетот и си ненормално глупа. Приетно!!! П.С. Ќе се јават сега можеби некои мајки, заради осетливоста на темата, ама ич не ми е гајле. Затоа што дете не се гледа само да е физички здраво, туку и емотивно и психички кои нема да ги видите веднаш нездравите елементи, туку веќе кога ќе биде касно и ќе биде возрасно. Тоа младите родители го занемаруваат, мислат дека детето не разбира, а не разбираат дека не е во разбирањето, туку во чувствувањето, а тоа чувствува многу повеќе од вас. Емоциите допринесуваат за физичкото здравје, а не обратно. Џабе внимавате да биде физички здраво, кога не му создавате емотивно здрава средина за растење. Сите ваши чепатлаци ќе ги гледаме за 20 години. И не темава не ги опфаќа сите мајки, сите си имаат различни причини, можеби и нечие детенце исто така се уште не збори и покрај напорите и може има вроден недостаток, тие сматрајте ги за исклучок од темава. Зборува за апсолутно небрижните мајки кои припазуваат само на имиџ и помодарство.
Имам една другарка, што ја знам од 2 години. Во последно време нешто се случува со неа. Секоја вечер не излегува, на чат е исклучена и на никој ништо не кажува, освен дека „сакала да биде сама, како во оние денови кога сакаш само да исчезнеш“. Денес, ненајавена и отидов на гости. Ми отвори мајка и' која исто така се изненади што ме виде. Таа спиеше, па јас бев да ја разбудам. Исто, многу се изненади што ме виде. Очекував да има нешто да ми каже, да сака некој за разговор, ама нашиот разговор се состоеше од општи теми како што разговараат другарки, а не најдобри другарки, сепак и мајка и' беше дома. Половина час и станав и си отидов. Ситуацијата беше многу awkward. Со ова ни јас не знам што сакам да кажам. Сакам да кажам досега никогаш не ми е било толку awkward во куќата на другарка ми. Се надевам дека нема да се смени ништо помеѓу нас.
Од индиската продавничка карши мене конечно одвоив пари, да си го купам големиот индиски камен во смарагдна боја, со тенки суптилни нијансиички на портокалово и лила. Уште кога бев во продавницата пред две недели кога го намеркав, дури и продавачот ми кажа дека имал моќ да ја привлекува позитивната енергија од унуверзумот, и да те прави среќен. Немате поим со колку восхит во гласот ми го кажа ова. Дури дотичниот ми се пофали дека при стигањето на првата набавка, веднаш си зел еден примерок и го сместил дома кај него во некаков си кристален сад. Замислете, дури рече дека после три ноќи добил голема сума на пари на лото и единственото објаснување кое го имал било припишано на неговото дејство. Типов и тогаш забегано и сомнително ми делуваше, но секако, не го сфатив здраво за готово туку едноставно ми се допадна каменот поради огромната доза мистицизам која ја поседуваше во себе, а јас баш сакам такви работи. Тоа беше единствената причина поради која решив да одвојам 400 денари месецов и конечно да го купам. Е сега следи шоуто... Таман стасав дома, оставив тоа ќесите, се пресоблеков и брзо брзо потрчав да го извадам од ќесата за пазарување. Го зедов, го изнашмекав онака манијачки небаре гаам еротски чувства кон него, (арно и не му намигнав), па го сместив до прозорецот демек сончевите зраци да се рефлектираат, со цел да добие поубав отсјај. Дури го врткав цели 10 минути чинам, за положба да му најдам. Така радосно што сум ја исполнила мисијата, си легнав во кадата со купка и се оптегнав. За после петнаесеттина минути да ме дочека вистински шок! Поминувам јас од дневната кога што ќе видам луѓе мили..Каменот распрскан на сите можни парчиња долж подот. Моја претпоставка е дека било пресилно сонцето за таков кревок стаклено - пластичен материјал, или евентуално се стркалал некако од сталажата мада воопшто не ми е јасно како. Ах, душата ме боли Многу сум несмасна бе, се обвинувам од прееска. Ми се чини дека не ми е и толку за каменот колку за парите кои едвај ги изгребав од мајка ми. Ииииииииииии толку од привлекувачот за позитивна енергија. Фино си ги прибрав парчињата, и еве ги на биро до мене. А продавачот да го видам сега би му забила еден јак бокс у фаца, онака дур си ги враќам парите од каса!
Сдк, не знаев дека е толку тешко да се најде цимерки. Огласи,форуми,пазар3,чуда и уште малку од авион или хилихоптер ќе пуштaм писменца. Налет. Филин сад енд депресед. Не викам дека е лесно да седиш со непознати, ама пак подобро отколку со познати, ќе се разочараш со кого си се дружел и споделувал соба , вака барем нема да си знаеш кој каков е .. ајде уште 1 месец ,се надевам дека ќе се најде некоја.
Mило ми е, јас сум Спешл и спаѓам во оној тип на луѓе на коишто им се проблематични 90% од моментите кога треба да се разминеш со некого. Тргнува дотичната особа на лево/десно, идам и јас у исти правец. Па ако се погоди некој љубезен да застане, во истиот момент и јас си помислувам да застанам да помине прв/a. Можда имам некоја скриена интуиција па им ги читам мислите на луѓето бе, само никако да укопчам дека тука не треба синхронизирано туку обратно. :geek: Ги знаете оние филмски сцени, кога се судруваат дечко и девојка со книги, па книгите се растураат по под и џентлменот ѝ ги собира, па така паѓа љубав на први поглед? Е, јас може комотно да се надевам на видоизменето сценарио со горенаведениот тип на ситуации. Таман уште и да најдам некој стрплив, да не се изнервира во целата таа аwkward ситуација и ќе биде и на втор поглед... А да, кога сме кај awkward moments, исто спаѓам и у оној тип на луѓе коишто кога одат во друштво од 5-6 души, најкомотно им е да одат најлево или најдесно. Оти ако пробам да се убацам на средина, обавезно идам зад линијата во која идат останатите. Истовремено ако се наоѓаме во некоја гужва или галама, ќе притреба и расипан телефон да слушнам убаво што збори некој на другиот крај. E така, ајт поздрав.
Ништо не може да ме расположи и да ме направи среќна како мачиња, бе. Сабајле одам да го хранам овој мојов, кога од таму накај чинивчето долетува едно мало бело топче со жолто опавче. Леле, од каде излезе бре, ти? Му турив и него да ручка, и го гледам како шлапка со тоа устето и се топам, како може да се толку колачиња? Сега кога ќе викнам „мац“, две топчуфи трчаат, и уште две ме чекаат во Скопје. I shall be the cat lady.
Возрасните, општествените правила, норми, однесувања ги расипуваат децата....И ја читам на ќерка ми приказната за Лихнида и Осман Бег и ми вика мамо ама зошто татко и не ја давал за бегот, па види го како принц е Јас вртам објаснувам се срамам од самите нас и нашите ограничувања, и и викам па девојката оди во црква а бегот во џамија и затоа не можат да се земат. Се мисли ме гледа и вика де бре мамо па ќе се договорат ќе оди и он во црква и готово. Децата се попаметни од нас, пола свет се потепа под превезот на верата а всушност се е така едноставно. Треба само да се сака.
Повторно ми го правите истото. Повторно ме одделувате од сите. Повторно ми ја рушите среќата. Повторно создавате солзи на моето лице...
Како јас да знам што ти се случува во главата кога ТИ сам не знаеш? Прекини со ова ме убиваш чоек. Не можам да прифатам дека полека полека конците ми се лизгаат низ раце. Мислам дека таман сум ги фатила тие ми стануваат уште подалечни.