Ми боде очи таткото каде што пишува дека бил шокиран, као не знаел дека имаат до толку финанскиски проблеми што немаат пари едно чоколадо да му купат на детето и не знаел дека сопругата му има психички проблеми, па сега се чуди.. Да реагирал на време, да ја однел на соодветно лекување во инситуција и да бил загрижен за неа ова немало да се случи сигурно.. Сега бил вознемирен, бил загрижен, епа кога ги ставаш проблемите под чергиче наместо да ги решиш ова ќе се деси..
1.Не е можно дека на СЕКОЕ перење чорапи, ги ставаш парен број, искачаат непарен, и сите различно ги спарувам.Различно другарче секој пат 2.Мора да пројде побрзо сесијава пошо мора да ја изгланцам собава, има се` да извадам од плакариве, да тресам и да пребришам.Дека живеам покрај главна и се пуни собава прашина, џабе ја шо ги бришам површините кога и по плакари има, и ме нервира, а со крпа не иде.Бара да фрлам се` надвор и едно по едно.Пролетно чистење у најава. А дур да се деси тоа косата ќе ми обели...
Да. Пошо не верувам на наслови за кликови. Нигде по хрватски портали не пишува за веста. Башка имало и ќе има луѓе со психички проблеми и нема да ги снема ако и јас овде напишам “леле хорор”.
Ќе ти помине како на кутре! Гледај ги денешните 27 од перспектива на + 10, или + 20 или + 30. Среќен нека ти е роденденот и свиркај! Имаш уште многу!
Колку ми е убаво на душичкава, сонцето грее, ли грее... Одамна немало толку убав пролетен, сончев ден
Браво! Дефинитивно треба да се гледа! https://www.facebook.com/nuckmarko.cepenkovprilep/posts/4973037939443303 https://www.facebook.com/events/3138050606474203/?ref=newsfeed
Многу онлајн другарчиња сум запознала, шо од форум, шо од други социјални мрежи и секој пат вака би опишала и мило ми е дека и други истото го велите за своите онлајн другарчиња. Се надевам сите ќе си запознајте! Среќен роденден, сите желби реалност! Уште немом да се навикнам дека си постара од мене. Младешки дух ко ќе речи чоек, е ова се мисли.
Некој паметен еднаш рекол .. " Живееме во време кога сексот е бесплатен, а љубовта чини пари. Каде шо губењето на телефонот е полошо од губење на моралот, каде е модерно да пушите и да се опивате, а ако не го сторите тоа, тогаш сте „старомодни“. Бањата стана студио за фотографија. Живееме во време кога жените повеќе се плашат од несакана бременост отколку од ХИВ. Каде шо испораката на пица е побрза од брзата помош. Каде облеката одлучува за „вредноста“ на една личност, а парите станале поважни од пријателите, дури и од семејството. Каде шо децата се во можност да се откажат од своите родители поради виртуелна љубов, каде шо мажите сакаат врски без обврски. Каде љубовта стана игра во која преживувате ако играте со глава, а не успевате ако играте со срце “.
Јас се прашувам во кое време не биле вреднувани луѓе според облеката, во кое време немало неверства, во кое време немало материјалисти. Бањата станала место за фотографирање, lele strasno Дека моожеби има вистина во некој дел има ама обично ваквите кои мелат со вакви работи се и оние кои ги романтизираат времињата кога слободно можело да си го отепаш детето од ќотек, било срамота да се разведеш, кога се сметало дека сиромаштијата те учи да бидеш добар човек, кога слободно можел повозрасен да те удри ако замисли си го браниш достоинството кое патем го има и 2 годишно дете. Едноставно едно со друго идат тие размислувања
Ме чешаше д*дата. Упалив камера. Снимив кај што се чешкам непуни 3сек. Се гледа само рака, прсти не. Смалувам снимката, да не се гледа преку цел екран. По грешка праќам на другарка место на мај бојфренд. Мај бојфренд ме зафркава, другарка ми ме теши така по грешка на стори ќе ставела она. Лошото е што направи скрин мислела друг е, ми кажа дека избришала. Уште се вадам и викам нога чешав, ми вика уживај не те издавам ја. И така вие како сте?
Скоро сега дознав дека типот што ме малтретираше 4 години во основно и поради кого го мразев школото и себе, лани загинал во сообраќајка, на 23 години. И не, нема да речам нешто од типот - ако му е, или дека кармата е кучка. Само онака кога ќе ми текне сега, да жал ми е, многу нормално, ама прва асоцијација на него ми се насилство и страв. Дури и откако завршив основно, се притресував од страв кога ќе го видев низ населба. Не се работеше за детски закачки, многу пострашно од тоа. Дури некогаш му посакував да му се случи нешто. Е кога чув за случкава, не се израдував ама да бидам искрена ја немав онаа емоција што ја имам кога ќе чујам за смртен случај на неблизок човек кој не ми згрешил. Ама ќе кажам дека си сјебал еден аспект во животот кое на крај ништо не му вредело. Се прашувам дали низ останатите помалку од 10 години откако завршив, еднаш онака се запрашал како ми е? Претпоставувам не. Се прашувам дали низ тие 10 години се покајал? Не знам. Биднало што биднало, нема назад ни за него, ни за фамилијата негова.