Едно потсетување да успориш, да се фокусираш во сегашниот момент, да впиеш што е можно повеќе со сетилата додека имаш можност.
До толку немам слики на ниту една социјална мрежа, убиство да извршам, ќе нема ни една слика да може да ми се најде за да ме објават по портали..
Некој мора и на тоа да мисли, ќе најдам една слика поубава така и ќе ја ставам на социјални мрежи, да има за секој случај, да не им текне со сликата од лична карта да објават дека ме бараат..
Не за градежните активности на МПЦ, туку за гигантската зграда која ќе ја градат на паркингот спроти ГТЦ.. Им квари изглед, мора да се разубави погледот за повеќе луѓе да дојдат станови да купат..
Битно молови да има а културни центри нема потреба, не направија ништо со универзална сала, го срушија саемот. И од тие индивидуалци што промовираат култура и даваат таков дух на градот зависи ама тие не се битни. Ако сакаш да уништиш една нација уништи им ја културата тие веќе се на пола уништени. Ми текна уште нешто што сакам да го кажам, како да имаме култура кога министрите се партиски избор а не кадровски, конкретно за министерката за култура е дипломирана историчарка се е јасно.
Леле човече каква напаст се мажи што не прекинуваат да зборат за секс пред сите, па некои глупи(селски) фори и шали на кои треба да се насмееш, па давање до знаење колку се напалени 24/7...не знам, не е баш привлечна таа осмо одделение фаза кога веќе не си тинејџер.
"Скопје радост ти ќе бидеш..." најслушаниот стих од детството. Тоа Скопје го нема веќе, ниту радост некогаш ќе биде градов, ниту некогаш ќе биде пак убав. Скопје сега, синоним за валкано, гужва, загаденост, сивило... Една убава работа не остана, една.