Очигледно под посебни подразбира на богати, убави жени, растени во раскош и изобилство, каде секој нивни каприц е задоволен... За обични жени подразбира жени од работничка класа кои ги немаат тие приходи како посебните, живеат обичен живот без луксузи и патувања. Тоа е мое мислење, дали сум во право @macencef? Не е ист едниот и другиот живот... Иако јас не би ги поделила така и се согласувам со @Vikktorr.
Избираш погрешни мажи,мажи кои те учат на поделба на жени. Ако ја смениш средината,општетството ќе ја промениш и перцепцијата.
Добронамерен совет од тоа што го имаш пишувано: тргни го фокусот од барање на маж, даваш шанса на погрешни па другите жени ти се виновни. И смени го ставот "јас најдобра, нема ко мене, сите не чинат ама ме газат". Самодоверба е супер, ама самодоверба не значи да омаловажуваш други.
Постоењето на класи е проблематично, од социолошка гледна точка и прашање е тоа дали е поврзано со психичката благосостојба. Замисли да си/да е „богата“, „убава“, „растена во раскош“ (намерно сѐ ова во наводници), имаш многу поинакви предизвици и проблеми, може да ти се „залепат“ такви што сакаат само да те „измолзат“, да налеташ на уште поголеми „битанги“, да се чувствуваш уште поосамено, а да бидеш принуден да ја играш „играта“. Видете ја судбината на Грејс Кели или ајде посовремено Мекензи Безос. Дали тоа така може да се измери на скала? Дали воопшто може да се измери на некој начин? Чувството на среќа и задоволство е релативно и параметрите се менуваат... Но, ВЕРУВАМ дека @macencef има свои критериуми и може да ги објасни... Бидејќи ја познавам од форумов и ми е мила, можам само да ѝ кажам дека таквата дистинкција не ѝ помага да биде среќна. Тоа е мојата порака. Кога правиш дистинкции на луѓе, ЗАМИСЛУВАШ дека ТРЕБА да бидеш НЕКАКОВ (не си доволен сега) за да бидеш среќен, во некои идно време или замислена ситуација... Секако, постојат ОБЈЕКТИВНИ показатели за среќа, ама ДУРИ И ТОГАШ ништо не гарантира дека ќе бидеш среќен. Заклучок, СЕКОЈ ДЕН треба по малку да бидеш и да работиш на тоа да си „ПОСЕБЕН“ (или „ОБИЧЕН“) за самиот себе.
Па баш не е самодоверба тоа. Не може човек кој себеси се карактеризира како „обичен“ да има висока самодоверба. Госпоѓицава во обид да си даде повисока вредност смета дека оние (од нејзина перспектива) поубави, посамоуверени, по„посебни“ = лоши особи, а она, која не може да се истакне, сирота, се давала од себе = добра особа. Ист синдром како мажите што викаат дека жените нејќеле добри мажи.
Како салама ... сум чула посебна постоела, а штом постои посебна ваљда има и обична...ама тоа само сум чула, не се разбирам ја во салами
У 2022 уште со сексистички муабети waou. Не е ни чудо зашо сме вакво општество. Не се сите мажи исти, нити сите жени. Сума сумарум тешко е ЧОВЕК да најдеш……
Кога гледам по парковиве, по кеј по природа искршени клупи и летниковци или клупи без даски, просто се чудам што дебили од народ сме. Добро бе, се ебете ли, вежбате ли на тоа клупите па такви искршени и никакви ги оставате? Сериозно оти ако немаш намера да ја оштетиш, сама не може да се сокрши јебана клупа. Едно маалско маче што клупата пред зграда му е стално место кај што седи покултурно се однесува од некои дебили од луѓе. Култура има и да моча во некој песок место на клупа, ама само некои луѓе не можат да научат. Онака одиш низ парк или кеј и бараш кај да седнеш и на една две даски извадени, друга искршена, трета не можеш грб да потпреш на потпирач оти и него му онаделе мамата. Многу пцујам ама стварно, стварно се прашувам што имате во тоа главите кога кршите клупа.
Моментот кога знаеш дека блиски мили луѓе ти доаѓаат на гости е ептен слатко-горчлив. Не можеш ни како човек да се израдуваш оти знаеш дека тоа време што го поминувате заедно ќе летне за 10 секунди и повторно мора да се разделите. И пак боли многу, иако знаеш дека не е засекогаш. И што дека, пак солзи те горат. А ова некако помага да туркаш напред пред новите препреки и да се надеваш на подобро.
Најинтересната работа што ја слушнав во последниов месец(од женска особа) е дека скоро сите што сме се запишале на медицина сме курви.