Е заради ова се пишува во темата без цитирања, на кој не му беше јасно? Некоја сака да каже дека и' се глупи турски серии и толку, сака само да каже, не да се убедува.
На многумина им е личен дневник и пишуваат лични работи во, пример, На срце ми лежи, 40ка и слично. Или во овие кафе муабети темиве. Мене не ми е личен дневник, ама кој сака и што сака може да пише, нивни избор.
Може и треба да може, ама не може да дојдеш да користиш форум како личен дневник и да се чудиш зошто се развила дискусија. Едноставно, ако не ти се враќа игнорираш
Не знам што не ти е јасно. Постои темата за членови што сакаат нешто само да кажат, не да се цитираат и да дискутираат. За таа цел има куп теми. Поточно, сите други теми, освен таа една.
На дел од овие производи не им е сезона. Се плаќа токму тоа. Ама на кромидот, морковот и јаболката (во зависност од видот) цената е претерана. Цениве како во странски маркет се... Затоа можеби подобро на пазарче за такви работи.
Денес ми падна камен од срце. Направив нагло свртување на кормилото. Изгубив пари, но добив слобода. Не останувајте во ништо што е токсично или што е со грижа на совест. Живејте онака како што вие сметате дека треба. Околината секогаш или ќе ве жали или ќе ве осудува. Никогаш поддршка нема да добиете за работи што Вам Ви значат или во најлош случај Ве потиснуваат. Јас не ја добив. Добив само осуда и критика ама решив дека во психолошката дупка во која сама се ставив ќе излезам од неа по секоја цена. ☻
Помош на родител, во било која смисла ми е преубава и толку ми топи душа кога гледам луѓе како се грижат за своите повозрасни родители
Па сеа кој како сака си го толкува. За вегетаријанци ова ти е јанге, а не торта. Пошо ова е најблиску до јагне што тие можат да го пробаат.