Се е ствар на вкус. Мислам дека нема потреба да користиш навредливи зборови за тие девојки ,штом е со нив значи му се допаѓаат. Зошто уште се замараш со бившиот и следиш што прави?
Не се замарам. Јас сум таква лабава си зборам со бившите. Али он е совршен и стварно не ми е јасно кај ги наоѓа. Не сум љубоморна да не ме сфатиш погрешно. На еден бивши му имам местено девојка. А ова е стварно така.
Која ти е потребата да навредуваш и омаловажуваш одредени личности врз основа на нивен физички изглед?! И зашто мислиш дека он ќе се замара со тоа кој што му лајкнал и му реплицирал на стори ако е среќен со неа!? Мислам да имаш 14 години понашањево ти е оправдано, ама ако немаш, не е во ред, стварно не е во ред..
Некое време ми се мота во глава и сакав да го споделам јавно, па ќе ја искористам приликава да го кажам и воедно тебе да те цитирам и да се надоврзам оти е баш за ова: Една од најмизерните и најповршни работи што може човек да каже е: Грда му е новата женска/Грд и' е новиот дечко. Тоа се кажува само за хранење на егото. Човекот не се вљубува во нечиј изглед. Да, изгледот привлекува, ама во врска некој со некого е затоа што му е убаво. И што е важно како изгледа? Важно дека тој е среќен и со новата веројатно му е поубаво отколку со тебе. Може да се тешиш со "погрда е", ама дека е подобра, попаметна, поубава одвнатре, на тоа не се мисли, нели? Само "погрда е". Остајте да се сакаат луѓето и да си го живеат животот... Си има секој причина за своите избори.
Интересен е фактот дека и ти имаш навредувано на основ на физички изглед, па веројатно мислењево не ти држи вода. Не глуми.
Убавината е субјективна работа и е во окото на набљудувачот. Ако јас тебе сум ти грда, некому сум најубава. Како и за се друго, така и за убавината на човекот, прашање е на вкус. Само што, кога е човечко суштество во прашање се земаат во предвид и други параметри. Една од нив е и начинот на изразување, карактерни особини, интелект, итн. Тука многу повеќе доаѓа до израз неубавото и грдото кај човекот, затоа што едноставно не може да се прикрие и маскира - барем не преку ноќ. А лицето може да го нашминкаш, телото да го облечеш во убава облека, да направиш фризура итн.
Е точно така. Мислам искрено и мене ми се има случено да го помислам ова, ама знам дека не е во ред и затоа не ни коментирам. Тоа нагласување колку е грд нечиј партнер, без разлика дали е дечко или девојка е едноставно израз на незрелост и љубомора.
Вака изгледа од страна зашто не ме познаваш. Ама јас на бивши им имам местено женска. Не си го хранам јас егото и немам потреба. Секако не ме знаеш и затоа се ова го кажа. Те разбирам. Жал ми е за тие што мислиш дека его си хранат ако кажат за некој дека нешто не нечини. Кое е правилото дека сите треба да ги прифатиме?
Прво сакам да кажам, и тоа гордо, ич не ми е гајле, ниту срам, дека деновиве се опседнав со песни од Мајкл Џексон. Често (како и многу други музичари) го заборавам дека постои, не знам што ми текна на него, пуштив 1 песна и сега ми е на repeat од четвртокот. Есеноска на Spotify гарант ќе ми стои као најслушан музичат, хаха. Друго, кејфоски си испазарив ствари за мцкање за роденден, не дека планирам кој знае што, ама ќе биде вкусно и нездраво, јебига, за вакви денови пазам у текот на годината што и колку јадам. Трето, се изначистив денес, а не сум ни до пола од тоа што испланирав, ама ќе мора остатокот да почека за после, евентуално утре, сега време е за ручече и прошетка со бебуш. Се изнапишав зошто се осеќам добро и метално и физички, дури као да осеќам по малце и радост.
Се надоврзав општо за муабетот кој го имам слушано и од други, не за тебе. Не те познавам, точно. Моето мислење за "Грда му е новата женска" или пак "Гледај ја каква е во споредба со мене" или "Загреота на што падна" е тоа. Мислам, споредба со новата девојка на бившиот и исмевање... зошто ако не за билдање его? Велиш Не мора да кажат дека не чини, може да помислат ама и да поќутат, а не да се фалат така оти баш во фалењето лежи билдање на егото. А па немам слушнато никогаш некоја да рече дека новата девојка му е поубава.
Е ЈАС ИМАМ КАЖАНО Еден мој бивши имаше стварно една совршена девојка. Дури си мислев дека јас немам шанси со него покрај таа.
Секако дека има. Не сум јас НАЈпаметна. Кој знае како го сфативте тоа што го пишав. Се однесуваше на нешто сосема друго. Ама одма некој се увредил дека не е толку интелИгентен како мене.