Само една причина ти треба. Да ги следиш своите желби и цели и да се трудиш да ги оствариш. Дури да не ти изгледа тоа веројатно сега, не може да знаеш кога ќе се сменат околностите.
Вчера синот, инаку тринаесет има, ми вели, мамо, само јас возам велосипед... Сите други мотори возат... Јас, останав без зборови... Размислив и му објаснив зошто сеуште не смее тој да вози, а после се запрашав, какви се тие родители кои своите деца ги изложуваат на таков здравствен ризик, а животот им го ставаат на коцка?! Очигледно ум немаат, ниту мозок да размислат... Какви деца одгледуваат и воспитуваат родителите околу и моја генерација?
Е така едни 13 годишни деца со мотор на сред кружен тек ќе се удреа во мојата кола, поради нивно невнимание и неконтрола. А всушност какво внимание и контрола можам да очекувам од мали деца кога прво нивните родители немаат.
Жално и трагично е, животот на своето дете, а и на другите учесници во сообраќајот да го ставиш под тркалата на моторот... Престижот и материјалниот статус да биде над совеста, одговорноста... Вината не е само во родителите, туку и во полицијата. Каде е таа, да казнува вакви малолетници?!
Денот прекрасно почна - добив повик дека сум примена на работа и од понеделник почнувам. Уште не ми се верува.
Денов ми почна со малото и преглед кај матичната. Му дадоа лекови, крвна слика направивме итн. Ме зачуди тоа што платив пишливи 28 ден за крвната слика Нема 28денари не ти го дава резултатот за малото. Си платив ама тешко тој што нема во оваа ебана држава,а мнолгу немаат. Можело да се случи и јас да немам и што? да не го добијам резултатот од кс.?
Сакав да пишам баш мое искуство деновиве ,но ќе се надоврзам на твоето мислење. Бев пријатно позитивно изненадена од целиот болнички персонал од сестра што стана од столчето за лично да ме одведе и упати на бараното место.Исто така од докторите,меѓу кои некои ми го дадоа лично нивниот број,па ги барав и во работни и не работни денови. Да ,секако дека платив,но сите тие анализи , снимања прегледи ,ќе ме чинеа х 10 повеќе во приватно здравство.Затоа и впрочем плаќаме здравствено осигурување. Е сега повеќето лекови ги платив на приватно,но тоа не е вина на докторите. Сакам да кажам ,дека добив беспрекорна здравствена квалитетна услуга и тоа во јавно здравство ,а бев во повеќе болници.Им благодарам на сите тие медицински лица и на вас што го носите белиот мантил со достоинство.Ви благодарам што постоите и го крепите нашето јавно здравство кое очајно се бори да опстои,заради арамилук и џаболебарски партиски паразити што го запоседнале и не продуктивно трошат наши пари.
Зависи кое време си звонела, можеби за време на смена, тогаш воопшто не ти посветуваат внимание. Баш неколку пати имав слично искуство. И уште нешто, воопшто не сум задоволна од услугите на некои од вработените во пошта.
Да не купувате од: patiki_sezona2022mk Живи преваранти. Од БТ се. Им пратив слика какви патики сакам, тие сосема друг модел пуштиле. Арогантни во пораките како јас да сум згрешила. На сајтот пишува менуваат број и враќаат пари. Ми вика абе нема шанси да ти вратам пари. Досега сум порачувала мебел, облека, обувки. Никогаш не сум имала проблем. Овие се чудо невидено.